
Со секоја нова генерација, опшествата стануваат посвесни за околината во која живеат, за емисиите на јаглерод диоксид, и целокупната енергетска ефикасност на системите кои ги користиме. Оттаму, не е изненадување што топлинските пумпи се прв избор и најпопуларно решение за оние кои бараат систем созден кој се грижи за околината, енергетската ефикасност а со тоа штедливо решение за греење и ладење на домот.
Сепак, ова би било премногу добро за да биде вистинито доколку не беа неколку фактори кои сепак го наметнуваат прашањето: Дали инвестицијата во топлинска пумпа е паметна инвестиција?
ПРЕД ДА ИНВЕСТИРАТЕ ВО ТОПЛИНСКА ПУМПА
Првата работа која треба да се има на ум е дека почетната инвестиција во топлинска пумпа може да биде значителен дел од севкупната инвестиција во вашиот иден дом или реновирањето на постоечкиот. Висината на инвестицијата може да ја поделиме на неколку главни фактори кои треба да се земат во предвид, итоа: изолацијата на објектот, површината која ќе се загрева/лади, географската локација и просечните температури, типот на грејни тела и сл.
Но, и покрај релативно високата почетна инвестиција, ние ќе ви наброиме пет одлични примери зошто топлинската пумпа е паметна инвестиција:
Ниски трошоци при работа
Со високата енергетска ефикасност и фактот што 2/3 од енергијата ја црпи од надворешниот воздух, несомнено е дека на долг рок топлинските пумпи се вредна инвестиција. Особено доколку се спореди со други системи на нафта, електрична енергија или цврсти горива како дрвото, топлинската пумпа не само што ќе ви заштеди пари на долг рок туку и ќе го намали количеството на јаглерод диоксид кој го испуштате во атмосферата.
Разноврсност
Неприкосновена придобивка на топлинските пумпи е нивната разноврсност. Може да се користат како систем за греење, ладење и припрема на топла санитарна вода за целиот дом. “Пумпањето” топлина користи помалку струја од претворањето на топлина, па затоа топлинските пумпи се ектремно ефикасно 3 во 1 решение за греење, ладење и топла вода.
И не само тоа, топлинските пумпи се поврзуваат на различни грејни тела како радијатори, фенкојлери, подно греење за максимален комфорт во секоја просторија од вашиот дом.
Одржливост
Иако на прв поглед сите топлински пумпи изгледаат исти, постојат различни модели во зависност од температурата на излезна вода.
Нискотемпературните топлински пумпи се препорачуваат за нови објекти кои најчесто имаат одлична изолација.
Високотемпературните пак, се препорачуваат за објекти со многу мала изолација или пак во случај кога грените тела се постар тип на радијатори за кои е потребна повисока температура на вода.
Долг животен век
Хипотетичкиот животен век на топлинска пумпа е релатвно долг, во некои случаи до 50 години. Но во просек, редовно одржувана топлинска пумпа е од 20-30 години.
Поради забрзаниот напредок на технологијата а со тоа и зголемување на ефикасноста, постои економска оправданост топлинската пумпа да се замени со нова дури малку порано. Во секој случај, заштедата на пари и намалувањето на испуштениот јаглерод диоксид во атмостферата ја прават оваа инвестиција исплатлива.
Системот со топлинска пумпа ќе има пократок поврат на инвестиција ако заменува електричен котел или котел на јаглен, но сепак треба да се земе во предвид дали планирате да го користите објектот доволно долго за да го достигнете периодот за поврат на инвестиција. Доколку се решите да го продавате или издавате вашиот стан или куќа, не заборавајте да ја зголемите вредноста на објектот поради фактот што е инсталиран системот со топлинска пумпа.
Подобрена безбедност
Топлински пумпи се побезбедни од системите на согорување на тврди или течни горива. Токму поради фактот што не се согорува цврсто или течно гориво, не постои ризик од пожар или од истекување на горивото. Дополнително, топлинските немаат директни издувни гасови од согорување, што ја намалува емисијата на јаглерод диоксид и го елиминира ризикот од труење од јаглерод моноксид.
Сите системи за греење треба редовно да се одржуваат и сервисираат за да се задржи високата ефикасност и сигурност. Редовното одржување е клучно за непрекината работа и долговечност на системот.
Нема сомнеж дека инсталирањето на топлинска пумпа може да биде сериозна инвестиција во поглед на пари и време, но земањето во предвид на сите карактеристики на домот е клучни за да можете да го изберете вистинскиот систем со топлинска пумпа како паметна долгорочна инвестиција.
Сеуште не сте сигурни кој систем да го изберете? Посетете го нашиот центар за решенија каде може да најдете повеќе информации за нашите системи за греење и топла вода.