Skip to main content

Вентилација, проветрување, прочистување. Што е разликата?

Вентилација, проветрување, прочистување

разлика вентилирај, проветри, прочисти го воздухот

Како да овозможите чист воздух во вашиот дом? Дали е подобро да вентилирате, проветрите или прочистите воздухот? И која е разликата помеѓу овие различни пристапи? Дозволете Daikin да објасни.

Вентилација, проветрување и прочистување

Куќата е место каде што се одвиваат голем број разни активности. Готвиме, переме, спиеме, дишеме. Тоа е место каде живееме! Сепак, забораваме дека сите овие активности го загадуваат воздухот во домот. Научните студии покажуваат дека воздухот што го дишеме во домот, во некои случаи е до пет пати загаден од надворешниот воздух. Резултатот? Развиваме алергии, уморни сме и патиме од голем број други проблеми. Затоа е важно да се обновува воздухот во нашите домови. Во ред, но како да го сториме тоа? Дали е подобро да ги вентилираме нашите домови, да ги проветриме или да го прочистиме воздухот? И која е разликата помеѓу овие методи? Не грижете се, Daikin може да одговори на вашите прашања.

Во ниеден случај не значат исто!

Глаголите „вентилирај“, „проветри“ и „прочисти“ не се синоними кога станува збор за обновување на воздухот во вашиот дом. Опишуваат три начини на освежување на воздухот, но постојат мали разлики:

  • Вентилирање: Вентилацијата на станбен простор е постојан процес кој се одвива деноноќно. Со употреба на систем за вентилација, стоениот внатрешен воздух се вади од домот и се заменува со свеж и здрав воздух. Вентилирањето на домот ви овозможува да ги уништите алергените, влагата и микробите што се присутни во воздухот.
  • Проветрување: проветрувањето е привремена мерка со која се предизвикува воздушна струја во домот. Кога ќе ги отворите прозорите и/или вратите, стоениот воздух се вади од просторијата и со себе ги носи штетните супстанци што ги содржи.
  • Прочистување: за да го прочистите воздухот во вашиот дом, потребен ви е прочистувач на воздух. Овој електричен апарат од просторијата отстранува непријатни мириси и штетни супстанци кои често предизвикуваат алергии. Со употреба на технологијата Streamer, јоните се внесуваат во стоениот воздух и ги претвораат штетните супстанци во протеини, коишто потоа се отстрануваат по пат на оксидација.

Која е најдобрата техника?

Кога ќе забележиме дека во просторијата нема кислород или има непријатен мирис, обично отвораме прозор и мислиме дека воздухот ќе се обнови. Но тоа не е така, особено во нови објекти и неодамна реновирани домови, каде што нивото на изолација е многу големо. За да се отстрани проблемот и да се овозможи ефективно обновување на внатрешниот воздух, најдоброто решение е да се вентилира домот правилно. За да го сторите тоа, потребен ви е систем за вентилација! Сите системи за вентилација на Daikin користат и функција за враќање топлина, па на тој начин свежиот воздух што влегува во домот е топол, за разлика од воздухот што влегува низ отворен прозорец или врата. Нема потреба да го засилувате греењето кога проветрувате соба или да се грижите за вашата сметка за струја.

Дали сакате да бидете сигурни дека го дишете најчистиот воздух што постои? Затоа се препорачува да го комбинирате системот за вентилација со прочистувач на воздух. Овој уред го подобрува секојдневниот живот и прочистува големи количини воздух без да создава бучава. Daikin нуди и уреди што комбинираат прочистување и развлажување на воздухот и овозможуваат чист воздух за дишење при идеално ниво на влажност.

Зошто треба да го проветрувате домот?

Во принцип, инсталирањето систем за вентилација и/или прочистувач на воздух ќе ве ослободи од одговорноста да го проветрувате домот, но дополнителен довод на свеж воздух може да биде корисен при некои случаи:

  • Ако неодамна сте користеле боја, лепило или други хемикалии во вашиот дом.
  • Секое утро, откако ќе станете.
  • Кога организирате забави со голем број луѓе.

Во овие неколку случаи, проветрувањето на домот околу петнаесетина минути е повеќе од доволно. Ако ги оставите вратите и прозорите отворени подолго време, може да се изладат ѕидовите, а поради тоа ќе треба повеќе време да ги загреете повторно (и ќе ве чини повеќе пари). Не заборавајте да го исклучите и греењето кога го проветрувате домот за да ја заштитите околината и да ги намалите трошоците за енергија.

Дали сакате да уживате во пријатна внатрешна атмосфера и свеж и здрав воздух? Обратете ни се за повеќе информации околу системите за вентилација и прочистувачите на воздух.

Сродни ставки