
Како да го најдете соодветниот климатизер за вас
Секој климатизер во асортиманот на Daikin нуди и греење и ладење. Нашите единици ги ладат домовите со енергетска ефикасност до A+++, највисокиот рејтинг за енергетска ефикасност на пазарот, што овозможува ниски сметки за енергија.
Содржат функции што многу ја подобруваат удобноста. Ефектот Coanda го оптимизира протокот на воздух за да овозможи удобна атмосфера и подобро распределување на температурата низ целата просторија. Интелигентниот термален сензор ја определува моменталната температура во просторијата и подеднакво го распределува воздухот. И секоја единица работи толку тивко што скоро и ќе заборавите дека постои.
Покрај врвната технологија што ви помага да ја постигнете посакуваната атмосфера, нашите дизајнери вложуваат многу напор и за да ги направат единиците да изгледаат прекрасно за да се вклопат беспрекорно во вашиот ентериер.

Кој систем на Daikin најмногу ви одговара?
Ururu Sarara
Најкомплетниот климатизер на пазарот со ознака за енергија A+++. Единицата го лади, грее, развлажува, суши и прочистува воздухот.
- Врвно решение за греење, ладење, развлажување, сушење, вентилација и прочистување на воздухот
- Високоѕидна единица
- Ознака за енергетска ефикасност A+++
- Управување од секое место со апликација (дополнително)

Stylish
Овој модел ги доби наградите iF и Reddot и наградата за добар дизајн за својот иновативен изглед и функционални способности.
Победнички дизајн достапен во 4 бои: компактен и функционален дизајн што одговара на секој ентериер
Компактен единица со високоѕидна монтажа
Ознака за енергетска ефикасност до A+++
Управување од секое место со апликација (стандардно)

Daikin Emura
Греење, ладење и прочистување воздух со една единица.
Победнички дизајн, достапен во 2 бои: матна кристално бела и елегантна сребрена боја
Единица со високоѕидна монтажа со европски дизајн
Ознака за енергетска ефикасност до A+++
Управување од секое место со апликација (стандардно)

Perfera
Интелигентен, безбеден и издржлив климатизер што може да се монтира на ѕид или да се инсталира како парапетна единица.
За греење и ладење
Ознака за енергетска ефикасност до A+++
Високоѕидна и парапетна единица
Управување од секое место со апликација (стандардно)