Skip to main content
Татко го остава бебето во кревет во чист воздух со прочистувач на воздух од Daikin, во добро проветрена детска соба

Кога инвестирате во прочистувач на воздух од Daikin, сакате да бидете сигурни дека ги добивате најдобрите резултати. Затоа со гордост велиме дека нашите производи се тестирани од страна на престижни институции како институтот Pasteur de Lille, Британската Фондација Против Алергии во Обединетото Кралство и Европскиот Центар за Истражување Алергии (ECARF).

Квалитетот на воздухот во вашиот дом е поважен од кога и да е. Ние „затворена генерација“ и 90 % од нашето време го поминуваме во затворен простор, но многу од нас не се свесни дека воздухот во нашите домови може да биде петпати позагаден од надворешниот.

Иако не се гледа, загадувањето на воздухот е сериозен проблем - но прочистувачите на воздух од Daikin овозможуваат ефикасно решение и гарантираат почист и поздрав воздух за вас и вашето семејство.

Прочистувачите на воздух од Daikin се познати по својата ефективност благодарение на електростатичкиот HEPA-филтер со високи перформанси, којшто претставува високоефикасен систем дизајниран да отстранува ситни честички. Нашата патентирана технологија Streamer е дизајнирана да ги елиминира вирусите и алергените со голема прецизност.

Иако заканата од COVID-19 опаѓа, светот научи повеќе за важноста на чистиот воздух и здравствените придобивки од него, од намалување на бројот на предизвикувачи на астма и алергии до намалување на болестите што се пренесуваат преку воздух. Почистиот внатрешен воздух може да штити и од загадувачи како смог или чад. Кога избирате прочистувач на воздух од Daikin, сакаме да бидете сосема спокојни.

Сакаме да го добиете најдоброто во областа на прочистување на воздухот, па затоа соработувавме со водечките експерти за да ги тестираме нашите производи. Добивме резултати од тестирањето од некои од најреномираните институции.

Како се тестираат прочистувачите на воздух од Daikin против респираторни вируси?

Daikin постојано се пионери во поглед на иновативни решенија, па затоа сакаме да ја тестираме ефективноста на нашите прочистувачи на воздух. Го прашавме реномираниот француски лабораториски институт „Pasteur de Lille“ (IPL) да ги тестира нашите единици ригорозно*, а ние се со гордост споделуваме два од најважните резултати.

  • Прочистувачите на воздух од Daikin елиминираат повеќе од 99,9 % од човечкиот коронавирус HCoV-229E за 2,5 минути. Вирусот спаѓа во истата фамилија со SARS-CoV-2, коронавирусот што ја предизвикува пандемијата COVID-19.
  • Единиците се проценети со ефективност од 99,9 % против вирусот H1N1 (којшто предизвикува обична настинка) за 2,5 минути.

Тоа значи дека прочистувачите на воздух од Daikin можат да помогнат во борбата против респираторните болести затоа што компактниот прочистувач на воздух што работи на принципот приклучи-и-пушти може многу да придонесе кон намалување на ризикот од пренесување на респираторниот вирус.

Ознаката за одобрување на Daikin од институт Pasteur de Lille е важна за нас: институтот е основан во 1894 година како одговор на епидемиите и сѐ уште е водечко тело во промовирање на заштитата од болести и достојните мерки за хигиена. Институт Pasteur de Lille со своите 33 тима за истражување работи само со внимателно избрани партнери, па довербата во производите на Daikin преку неговите ригорозни тестови доволно кажува за нашиот квалитет.

Знаеме дека сакате вашиот дом да биде безбеден и да го спречите ширењето на вирусите – и со гордост би сакале да ви помогнеме со нашите испробани и тестирани прочистувачи на воздух.

*Сите единици не се тестирани од институтот Pasteur de Lille. Подолу погледнете преглед на единиците што се тестирани од институтот Pasteur de Lille и прочитајте ги деталните резултати во фуснотите.

Погледнете го видеото за да дознаете повеќе за институтот „Pasteur de Lille“:

Погледнете ги нашите сертифицирани и тестирани прочистувачи на воздух

Сертифициран од „Британската фондација за алергија на Обединетото Кралство“ и ECARF. Тестирано од институтот „Pasteur de Lille“.

Тестиран од институтот Pasteur de Lille и сертифициран од ECARF​.

Како може прочистувач на воздух од Daikin да помогне во борбата против алергените?

Како што поминуваме повеќе време во затворен простор, алергиите се сѐ поприсутни и од голема важност е да ги намалиме иритирачките супстанци и загадувачите.

Прочистувачите на воздух од Daikin може да ги спречи алергените предизвикани од миленичиња, чад и други иритирачки супстанци пред да предизвикаат проблеми. Со задоволство можеме да изјавиме дека некои од нашите единици ја имаат ознаката за одобрување од „Allergy UK“, што значи дека се сертифицирани како ефикасни при намалување на бројот на ситните честички, како алергени, бактерии вируси.

И Европскиот Центар за Истражување Алергии ги тестираше прочистувачите на воздух од Daikin и забележа дека се ефикасни против алергии. Критериумите на ECARF се ажурираат редовно за да ги одразат најновите научни откритија, па ознаката за одобрување е доказ на високите стандарди на Daikin.

Со резултатите од три реномирани институции можете да бидете спокојни кога избирате Daikin затоа што добивате чист воздух што ви е потребен за вас и вашето семејство.

Резултати од тестот за MC55W од институтот Pasteur de Lille

Уредот MC55WVM од Daikin (комерцијални имиња MC55W/VB), тестиран од институтот Pasteur de Lille, за 2,5 минути отстранува 99,98 % од човечкиот коронавирус HCoV-229E при „турбобрзина“ во лабораториски услови (комора што не пропушта воздух со внатрешен волумен од 1,4 m³, без обнова на воздухот). Човечкиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за COVID-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на истото семејство коронавируси. ​

Уредот MC55WVM на Daikin (комерцијални имиња MC55W/VB), тестиран од институтот Pasteur de Lille, за 2,5 минути отстранува 99,93 % од вирусот Influenza A поттип H1N1 при „турбо“ режим во лабораториски услови(комора што не пропушта воздух со внатрешен волумен од 0,47 m³, без обнова на воздухот).​

Резултати од тестот за MC30Y од институтот Pasteur de Lille

Уредот MC30Y од Daikin (комерцијални имиња MC30YV/YB), тестиран од институтот Pasteur de Lille, за 2,5 минути отстранува 99,987 % од човечкиот коронавирус HCoV-229E при „турбо“ режим во лабораториски услови (комора што не пропушта воздух со внатрешен волумен од 1,3 m3, без обнова на воздухот). Човечкиот коронавирус HCoV-229E е различен од вирусот одговорен за COVID-19, SARS-CoV-2, но припаѓа на истото семејство коронавируси. ​

Уредот MC30Y на Daikin (комерцијални имиња MC30YV/YB), тестиран од институтот Pasteur de Lille, за 2,5 минути отстранува 99,98 % од вирусот Influenza A поттип H1N1 при „турбо“ режим во лабораториски услови(комора што не пропушта воздух со внатрешен волумен од 1,3 m3, без обнова на воздухот).

Општа изјава за прочистувачите на воздух од Daikin: Прочистувачот на воздух од Daikin не е медицинско помагало и не е наменет да се користи како замена за кој било медицински или фармацевтски третман. ​