
Откако започна глобалната пандемија, работните навики во светот се сменија значително. Многу професионалци работат од дома, а ако работат во заеднички простории, повеќе внимаваат на хигиената и вентилацијата од претходно. Во иднина, квалитетот на внатрешниот воздух ќе претставува решавачки фактор за здравјето на вработените. Како да обезбедите здрава атмосфера на работното место и кои се најефикасните начини за тоа?
Новото нормално
По пандемијата, повеќето компании забележаа промена на локациите и однесувањата на работното место. Повеќе луѓе почнаа да работат до дома и на повременото работно место, а значително повеќе се внимава на навиките во врска со ковид, како на пример, хигиена на рацете и вентилација. Како последица на тоа, сензорите за CO2 сѐ повеќе се поставуваат во канцелариите низ целиот свет, а деловните објекти сѐ повеќе се опремуваат со современи вентилациски системи. Тоа е така затоа што квалитетот на внатрешниот воздух може да има влијание врз работата и здравјето на вработените.
Зошто е важен квалитетот на внатрешниот воздух
Квалитетот на внатрешниот воздух, често означен како IAQ, се однесува на квалитетот на воздухот во објект што секојдневно го дишат присутните лица и посетителите. Иако мислиме дека внатрешниот воздух е почист и поздрав од надворешниот, тоа не е вистина. Истражувањата покажуваат дека при многу случаи внатрешниот воздух е двапати до петпати позагаден од надворешниот воздух поради загадувачите, како што се полен и бактерии. Ова може да предизвика болести како грип и респираторни инфекции и, во комбинација со високи нивоа на CO2 поради недостаток на вентилација, може да предизвика главоболка, проблеми со концентрација, намалена продуктивност во работата и нарушено здравје.
Но со вистинските системи, загадувачите на воздухот, како што се поленот, бактериите и вирусите, може да се отстранат од воздухот за да се создаде поздрава внатрешна околина за сите.
Како да се подобри квалитетот на воздухот
Денес, домовите и објектите се подобро изолирани. Тоа е добро за околината, но значи и дека штом штетните честички, загадувачите и поленот ќе влезат во работната просторија, потешко се отстрануваат. Решението е: вентилација, филтрирање и пред сѐ прочистување.
ВЕНТИЛАЦИЈА>> ФИЛТРИРАЊЕ>> ПРОЧИСТУВАЊЕ
Вентилацијата е важна за ослабување и отстранување на загадувачите. Отворените прозори може да помогнат при урамнотежување на CO2 и нивоата на загаденост, а добро одржуваните вентилациски системи со адекватна брзина на размена на воздухот се покажале како ефикасен начин за заштита на луѓето од загадувачи во големи деловни објекти. Како следен чекор, поставувањето системи за климатизација и вентилација со многу ефикасни филтри за воздух може да помогне да се зароби поголемиот број честички и да се намали концентрацијата на бактерии и вируси што се пренесуваат преку воздухот, а со тоа и да се намали ризикот од пренесување преку воздух. Но и покрај тоа што системите за филтрирање заробуваат вируси, бактерии и габични организми, не успеваат да ги елиминираат и не ги спречуваат се размножат и да предизвикаат болести. Затоа прочистувањето на воздухот е важен следен чекор за работодавците што сакаат да ги елиминираат загадувачите и целосно да го подобрат квалитетот на воздухот во нивните деловни објекти.
Daikin: ваш партнер при прочистување на воздухот
Daikin го пушти својот прочистувач на воздух уште во 1975 година. Како специјалисти во управувањето со квалитетот на воздухот, сметаме дека наша мисија е да овозможиме иновативни решенија што се целосно ефикасни против загадување на воздухот, сезонскиот полен и вирусите. Истражувањата покажале дека нашата линија прочистувачи на воздух отстранува преку 99,98 % од човечкиот коронавирус (HCoV-229E) и преку 99,93 % од вирусот што предизвикува обичен грип (H1N1) за само 2,5 минути. *
Како што компаниите низ целиот свет се подготвуваат да се вратат во канцеларија, прочистувачите на воздух на Daikin може да помогнат тоа да се изведе на побезбеден начин. Нашата посветеност за здрава внатрешна околина – дури и пред глобалната пандемија – овозможи голем број производи за филтрирање и прочистување на воздухот што директно придонесуваат кон намалување на ризикот од пренос на респираторни вируси. Ги користиме овие технологии во нашите решенија за климатизација, греење и вентилација – и при мали и при големи примени и во компактните прочистувачи за брзо флексибилно прочистување на воздухот. Ова ни овозможува да понудиме вистинско решение за секој тип објект и да создадеме посвежа, поздрава и поудобна околина.
*Прочистувачите на воздух на Daikin гго циркулираат воздухот низ единицата и го водат низ повеќе филтри и елементи со технологии за прочистување: електростатички HEPA-филтер со високи перформанси заробува вируси и загадувачи, по што се изложуваат на нашата патентирана технологија Flash Streamer којашто го дезинфицира воздухот и ги отстранува вирусите и бактериите.
Погледнете ја нашата линија прочистувачи на воздух
Време е за посвеж, поздрав и поудобен деловен простор. Повеќе од кога било. Погледнете ја целата линија прочистувачи на воздух што ќе ви помогне да создадете поздрава внатрешна атмосфера.