
5 работи што треба да се земат предвид кога се купува климатизер
Кога инвестирате во систем за климатизација, важно е да внимавате на соодветниот тип, модел и капацитет. Климатизерите имаат големо влијание врз удобноста и здравјето во домот. Овие совети ќе ви помогнат да го изберете соодветниот климатизер за вашите простор и потреби за да имате исплатлива инвестиција.
1. Енергетска ефикасност низ целата година
Сите единици на Daikin ги ладат домовите со највисока енергетска ефикасност на пазарот до A+++ со ниски сметки за енергија. Со нашите решенија ќе уживате во совршена клима низ целата година без голема потрошувачка на енергија.
2. Вистинскиот капацитет
Кога избирате систем за климатизација, важно е да го определите потребниот капацитет за ладење. Систем со премал капацитет може да овозможи разочарувачки резултати, а пресилен систем ќе има помоќен проток на воздух од потребниот, што ќе предизвика непријатна атмосфера. Определувањето на совршениот капацитет е чин на рамнотежа – а инсталаторот од Daikin може да ви помогне во тоа.
3. Споредете го ентериерот
Секој дом е уникатен. Со своите стилски единици за климатизација и широк асортиман модели, Daikin овозможува удобни и енергетски ефикасни решенија за секоја просторија.
Нашите единици со високоѕидна монтажа (Ururu Sarara, Daikin Emura, Stylish, Perfera) совршено одговараат на секој ентериер, овозможуваат одлична удобност, а некои дури и се наградувани со најпрестижните награди за дизајн во светот.
Нашите парапетни единици (како Perfera) совршено одговараат под прозорецот или во просторија со мала висина.
Ако воопшто не сакате да ја гледате внатрешната единица, можете да изберете скриена таванска единица. Овој модел се вградува во спуштени тавани или ѕидни опшивки за да може да се гледаат само решетките за дување воздух.
4. Грижете се за надворешната единица
При инсталација на климатизер со надворешна единица, многу луѓе внимаваат само на внатрешната единица, затоа што е највпечатлив објект во внатрешниот простор. Но локацијата на надворешната единица може да биде уште поважна, затоа што може силно да влијае врз правилната работа на целиот систем. Надворешната единица е срцето на системот за климатизација и затоа не треба да се заборави. Проверете дали влезот и излезот за воздух имаат пречки или лисја. Проверете ја единицата пред почетокот на летото или зимата за да добиете оптимално функционирање.
5. Нарачајте ја единицата навреме
Не чекајте го првиот топол ден за да го нарачате системот за климатизација. Нема да бидете единствените што ќе сакате брзо да инсталирате единица и распоредот на овластените инсталатори ќе биде густ. Потребно е и време да ви биде испорачан избраниот климатизер. Периодот помеѓу нарачката и инсталацијата може да трае со недели.
Како за пример, инсталацијата на климатизерот вообичаено трае еден работен ден за една просторија. Точното време на инсталација зависи од условите за инсталација.
