Skip to main content

Финансиски извештај за справување со корона на Daikin: „Целата фабрика модифицирана два дена“

Кризата со коронавирусот влијае врз секојдневниот живот и работата. Прочитајте повеќе за мерките што ги преземаме за да продолжи да работи нашата фабрика во Остенд и да овозможиме безбедност за вработените во Daikin во интервјуто на потпретседателот Вим Де Шахт, направено на почетокот од овој месец.

Сакате да се доближите поблиску од 1,5 метар? Не во Daikin во Остенд. „Целата фабрика беше модифицирана за два дена. Продолжуваме да правиме измени и врз основа на искуството и информациите од другите компании“ вели потпретседателот Вим Де Шахт.

Какво влијание има кризата со корона врз вашиот бизнис?

„Веднаш кога владата ги објави мерките за меѓусебно растојание, ја затворивме фабриката во Остен два дена за да можеме да модифицираме сè,“ рече Вим Де Шахт.

„Меѓу другото, патеките се поставени на тој начин што секаде имаме еднонасочен сообраќај, па не морате да се разминувате со други луѓе. Секој што сака да смени просторија мора да земе билет, а достапни се онолку билети, колку што е дозволено да има присутни во определена просторија.

И останатите смени започнуваат наутро и попладне. Кога луѓето пристигаат на работа, добиваат ракавици. После секоја смена, сите материјали се деконтаминираат, од шрафцигери до контролни табли.

Се надгледуваат сите болни вработени лица. Сите вработени со сомнителни симптоми што може да укажуваат на коронавирус мора да останат дома. Ова важи дури и ако лекарот вели дека може да се вратат на работа. Сите што се позитивни мора да останат дома повеќе од 14 дена. Го следиме и бројот на болни лица во секој оддел.“

Дали е лесно да се следат правилата за меѓусебно растојание?

„Потребно е да бидеме дисциплинирани. Создадовме здравствен прирачник за да знаат сите што треба да прават. Назначивме и персонал што следи дали се почитуваат новите правила, затоа што приспособувањето кон нови навики не е секогаш лесно. Секојдневно се обидуваме да преземеме нови чекори за да се подобриме.“

Што претставува ваша најголема грижа во моментов?

„Имаме 12 фабрики во Европа. Повеќето од нив работат со капацитет од 70 до 80 проценти. Поради мерките што ги преземаме, во моментов во Остенд работиме со капацитет од само 30 проценти. Сè уште можеме да одговориме на барањата за нашите производи, затоа што се опаднати за околу 20 проценти, а имаме и резерви.

Би сакале да започнеме постепено да се качуваме кон капацитет од 60 проценти во следните три недели. Се надеваме дека нема да имаме варијации, односно владата да ги попушта па потоа одеднаш да ги затегне мерките.

Такво затворање би било катастрофално. Треба да се насочиме кон иновациите што ќе ја одржат економијата во живот. На пример, би можеле да ја поделиме компанијата на зони и да ги активираме за да можеме да работиме при нов бран.“

Што може владата да стори подобро?

„Би било добро кога би имало нешто како ISO-стандард за мерките за меѓусебно растојание за да може да се појасни дали некој работен простор е безбеден и дали во него се одвива сè како што треба.

Дури и да се пронајде вакцина, сметаме дека новите правила за хигиена и растојание треба да останат. Затоа претпоставуваме дека многу од приспособувањата ќе станат структурни. Доброто нешто во ова е што ќе бидеме подготвени за друга можна епидемија во иднина.

Исто така, треба да се направат повеќе тестови на секој што прележал коронавирус и е имун. Ги поддржуваме мерките на владата, но мораме да се погрижиме да ја ограничиме колатералната штета. Особено што ова не засега веќе со месеци.“

Како гледате на иднината?

„Претпоставуваме дека ќе ги чувствуваме негативните ефекти до декември оваа година поради намалената побарувачка. Затоа не очекуваме вистинско закрепнување до 2021 година.“

Овој напис е превод од: voka.be

Слични написи