
Летните жештини не се добри за луѓето со астма. Оваа болест е често предизвикана од факторите во околината како на пример, промени во влажноста и температурата. Затоа овие фактори треба да се контролираат што е можно повеќе. Наспроти популарното мислење, климатизацијата може многу да им помогне на астматичните лица.
Причините за астма
Точните причини за астма се непознати, но оваа состојба зависи од многу фактори како на пример, генетика, животен стил и алергии. И околината има важна улога: урбанизација, загадување и слаба внатрешна вентилација ги засилуваат симптомите и може да предизвикаат астма кај децата. Астматичен напад може да се предизвика од неколку дефинирани стимуланси, иако сето тоа зависи од лицето и од времето. Преглед:
- Алергиски стимуланси: грини, првут од животни, мувла, полен, животински протеини и додатоци за исхрана.
- Неалергиски стимуланси: чад, издувни гасови, пареа од боја, парфем, детергенти, креда, мастило за печатење, магла, промени во температурата, ладен воздух. Сите подлежат на такви стимуланси, но астматичното лице е многу почувствително на нив.
- И лекови, физички напор, стрес, силни емоции и хипервентилација може да предизвикаат напад. Инфекции на респираторниот тракт може привремено да ја влошат ситуацијата.
Водење грижа за астма
Астматичните лица патат од чувство на стегање во градите, тешкотии во дишењето, постојано кашлање и замор. Не постои лек за астма, но болеста може да се контролира многу ефикасно ако се избегнуваат горенаведените стимуланси. Се препорачува темелно да го проветрувате и чистите домот, а притоа особено да внимавате на спалната. Многу е важно и да избегнувате чад од тутун (дури и како пасивен пушач), да вежбате доволно – секако, кога тоа го дозволуваат условите на околината – и да го намалите вишокот килограми.
Астма и летна жештина
Како и со алергискиот ларингитис, топлината ги засилува симптомите на астма. Тоа е најмногу поради зголемената влажност и почестото отсуство на ветер, поради што зголемува нивото на полен и се создава летен смог.
Неколку совети:
- Пијте многу вода за да спречите сушење на мукозните мембрани од респираторниот тракт. Сок од домати, млеко, чорба и овошен сок се дозволени, но намалете го консумирањето алкохол, чај и кафе.
- Избегнувајте непотребен напор. Не спортувајте на температура над 30 °C. Избегнувајте и смог, чад и сѐ што може да ги иритира вашите дишни патишта.
- Избегнувајте жештина и престојувајте на поладни места. Повремено ставајте ладна крпа на задниот дел од вратот, седете под сенка и одржувајте го домот ладен.
- Обратете се до вашиот лекар ако ви се влошат симптомите и прашајте дали може да ви се зголемат дозите на лекарствата.
- Дали вашето дете има астма? Не оставајте го само дома или во автомобилот кога времето е топло.
Климатизација за борбата против астма
Ако се земе предвид главната важност на факторите во околината при оваа болест, климатизацијата и прочистувачот на воздух е помошта што треба да ја изберат лицата со астма. Тие го прочистуваат воздухот од штетни супстанци, а климатизацијата создава и попријатна температура – ако се земе предвид дека системот е користен и одржуван правилно. Можете да преземете и специфични мерки во зависност од стимулансите што ги поттикнуваат овие напади:
- Идеалното ниво на влажност изнесува меѓу 40 и 60 %. Симптомите се вложуваат и при премногу сува и при премногу влажна околина. Ако сте алергични на грини или мувла, имајте предвид дека тие се развиваат на влага и топлина. Но и пресувиот воздух предизвика чувство на стегање во градите и тешко дишење.
- Разликата меѓу внатрешната и надворешната температура не треба да биде преголема и не смее да надминува од пет до осум степени. Секоја поголема промена може да ги засили симптомите на астма.
- Изберете климатизер со прочистувач на воздух или систем што може да го развлажува и суши воздухот.
- Редовно проверувајте го климатизерот за да може системот да работи оптимално.
