
Ловот по работа започнува
Еден од најтешките предизвици со којшто може да се соочи дипломиран студент е да ја најде вистинската можност за работа.
Иако започнав да барам работа претходните неколку месеци од последната година на постдипломски студии, се покажа многу тешко да ја најдам вистинската работа што одговара на моето образование и ги задоволи моите разни интереси.
Тогаш открив ја открив програмата за млади меѓународни дипломци на Daikin Europe. Сместена во Белгија, програмата ми го привлече вниманието затоа што им нуди на дипломците искуство во главното седиште на Daikin Europe и во останатите канцеларии за да ве подготви за постојана позиција во компанијата.
Можноста да работам во различни оддели и држави беше тоа што го барав за својата работа. Кога го видов огласот на LinkedIn, решив да се обидам и да се пријавам!

Повик за интервју
Откако се пријавив преку интернет, ме поканија на кратко интервју и на неколку тестови. Два месеца подоцна стигнав до последната фаза од процесот: лично интервју во главното седиште на Daikin Europe во Остенд, Белгија.
Иако бев нервозна, последното интервју беше подобро од што очекував и неколку недели подоцна ја добив официјалната покана за програмата! Не можев да поверувам. Пред себе имав одлична можност и бев подготвена да ја прифатам!
Патувањето започнува
Моето прво работно место беше аналитичар на податоци во центарот за еколошко истражување во Брисел, Белгија. Додека бев таму запознав неколку луѓе од различни држави и оддели, што за мене беше извонредно и на културно и на професионално ниво.
Сепак, најдоброто нешто за мене беше можноста да помогнам на тимот со неколку важни проекти. Предложив и полесен начин за обработка и анализа на податоците и помогнав при создавањето алатка што одделот ја користи сè уште!
Второто мое работно место беше во областа за тестирање во развојниот центар EMEA (EDC) во Остенд, Белгија. Одличен и возбудлив оддел, EDC е местото каде Daikin Europe ги тестира и создава новите производи и концепти. Задолжена бев да работам одблиску со тимот за дизајн кој се грижи новите единици да бидат во согласност со тековните регулативи и стандардите за висок квалитет на Daikin.
Во овој период се подготвувам да преминам на третата и последна фаза. Ќе работам како советник за продажба за Daikin Spain. Иако оваа позиција ќе биде нешто сосема ново и различно од тоа што досега сум го работела, подготвена сум да излезам од својата комфорна зона и да се обидам со нешто ново!

Дали сте подготвени да го прифатите предизвикот?
Програмата за млади меѓународни дипломци на Daikin Europe беше најдобриот избор затоа што ги задоволува сите мои интереси и одговара на моето образование. Ја препорачувам оваа програма и за сите оние заинтересирани за индустријата HVAC-R и за работа во меѓународна компанија. Ако ве примат во програмата, бидете подготвени: ова искуство ќе ве оформи како личност и ќе ви помогне да ги постигнете целите за во иднина.