
Штом еднаш ја донесете одличната одлука да купите клима уред или топлинска пумпа, ваш приоритет станува неговото правилно користење и одржување.
Многу компании во светот имаат некој тип на програма за верификација на гаранцијата со регистрација на производот, а сепак помалку од 10% од купувачите го прават тоа. Тешко е да се процени зошто е тоа така, можеби причината е во тоа што сите ние сме многу зафатени и немаме време, па откако ќе го купиме производот забораваме дека ова е важен чекор што може да ни заштеди многу пари.
Зафатени или не, факт е дека грижата за производите по нивното купување е клучна за одржување на ефикасноста и продолжување на животниот век на производот.
Ние сакаме да помогнеме на секој купувач на Daikin систем да ја искористи можноста за врвна послепродажна услуга, но за тоа е потребно секој ваш Daikin уред да биде регистриран. Бидејќи ние веруваме дека по регистрацијата треба да добиете многу повеќе од само гаранција, ја создадовме Stand By Me платформата.
Што е Stand By Me?
Stand By Me платформата е дизајнирана наменета за нашите Daikin партнери со цел да им помогнат на сопствениците да добијат беспрекорна грижа за нивните Daikin системи. Stand By Me како онлајн платформа е создадена да овозможи чување на сите важни информации и документи поврзани со вашиот систем на едно место.
Како работи Stand By Me?
Откако вашиот систем биде инсталиран од страна на нашите Home Comfort Expert партнери, вашиот инсталатер треба да ја внесе единицата во платформата со емаил адресата која вие ќе ја дадете. Целосната инсталација ќе биде документирана на платформата, што ќе ги содржи моделот на единицата, серискиот број, датум на инсталација и вашите информации.
Доколку сте веќе сопственик на Daikin систем не постар од 1 година, и вие можете да побарате од вашиот инсталатер да го регистрира вашиот Daikin систем на Stand By Me платформата.
Кои се придобивките со регистрација на Stand By Me?
Со оваа платформа сакаме да ви овоможиме грижа и продолжување на животниот век на вашиот систем за греење и ладење, но и одржување на високата енергетска ефикасност а со тоа и поголема заштеда.
Лесно достапни информации
Daikin производите имаат долг животен век и по неколку години може да се случи да заборавите точно кој модел е инсталиран во вашиот дом. Во Stand By Me платформата можете да најдете детални информации за сите ваши Daikin единици, вклучувајќи и тип и модел на единицата, серискиот број, датум на инсталција и пуштање во употреба итн.
Детален историјат
Присап до извештаи за претходни одржувања или поправки на системот се многу значајни. Тоа значи дека ќе бидете раат бидејќи ќе можете да видите точно какви проверки и поправки се направени, и ќе бидете сигурни дека вашиот Daikin систем функционира безбедно и ефикасно.
Потсетници за одржување
Редовното одржување е исклучително важно за долг животен век на вашиот систем, како и одржување на неговата висока ефикасност, што овозможува максимална заштеда. Stand By Me платформата ќе ви испраќа автоматски потсетници за одржување на системот до вас и вашиот инсталатер за да можете навремено да закажете посета за одржување.
Контакт информации
Дури и да дојде до некаков дефект на системот или доколку се посомневате дека нешто не функционира како што треба, на оваа платформа можете да ги најдете контакт информации од вашиот инсталатер и во секој момент ќе знаете како да стапите во контакт со луѓето што можат да ви помогнат.
Гаранција
Гаранцијата што ја добивате со вашиот Daikin е нашето ветување коон вас. Ви ветуваме дека вашиот Daikin e од врвен калибар, произведен со најдобрите делови и материјали, и во случај на фабричка грешка (за што шансите се многу мали), ние ќе ви излеземе во пресрет. Со регистрирање на вашиот Daikin на Stand By Me платформата, точно ќе знаете каде можете да го најдете вашиот гарантен лист.
Исто така, добивате можност за бесплатна продолжена гаранција до 5 години.
Ексклузивни пакети за одржување
Со редовно одржување следејќи некој од пакетите што ги нудат нашите партнери е поисплатливо од поправка по ненадеен дефект. Контактирајте ги нашите партнери и информирајте се за најдобриот начин за одржување на вашиот Daikin.
Како до Stand By Me платформата?
Пристапот до платформата е во 4 едноставни чекори.
- Чекор 1: Побарајте од вашиот инсталатер да го регистрира вашиот систем
- Чекор 2: Потврдете ја регистрацијата преку емаил пораката која ја добивте
- Чекор 3: Проверете и потврдете ја валидноста на вашите податоци
- Чекор 4: Креирајте корисничко име и лозинка
- Чекор 5: Седете си раат
Откако регистрацијата е целосно завршена, можете да ги користите сите функционалности на платформата во било кое време.
Stand By Me е повеќе од стана за онлајн поддршка, тоа е вашиот следен чекор во светот на Daikin што ќе отстрани многу грижи околу вашиот систем. Ако сеуште не сте регистрирани, побарајте го тоа од вашиот инсталатер веднаш.