
Дали ви е сува устата и ве гребе грлото кога ќе се разбудите? Најверојатно влажноста на воздухот во спалната се под меѓународно признатата граница за здрава внатрешна атмосфера. Но која е таа граница? И како да создадете совршена атмосфера за добро спиење?
Зошто е важна влажноста?
Влажноста се однесува на концентрацијата на водена пареа во воздухот. Нивото на влажноста во домот може да влијае врз личното здравје на голем број начини. Преголема влажност на воздухот може да значи и преголема концентрација на алергени, а премалата влажност може да предизвика сува кожа, чешање во очите и воспалено грло. Одржувањето здрави нивоа на влажност е важно за удобноста во спалната соба и за здравото спиење.
Кое е здраво ниво на влажност?
Нивоата на влажност вообичаено се мерат во релативна влажност, што е односот помеѓу водената пареа во воздухот и количината на пареа што може да постои во воздухот при определена температура. Најдобрата релативна влажност за спиење не е дефинирана, но повеќе истражувања покажуваат дека најдобрата релативна влажност е помеѓу 40 и 60 %. Ако постојано се будите со суво грло и суви очи, најверојатно нивото на релативната влажност во вашата спална соба е доста под границата од 40 %.
Како да обезбедам здрава атмосфера?
Обезбедувањето совршена внатрешна атмосфера може да претставува предизвик. При многу високи нивоа на влажност, добра идеа е да инсталирате систем за климатизација со вграден развлажувач. Овие системи автоматски ги забележуваат вредностите над претпочитаното ниво на влажност (обично при релативна влажност од 60 %) и ја вадат влагата од воздухот за да постигнат здраво ниво на влажност.
За прениски нивоа на влажност, инсталирањето прочистувач на воздух со вграден развлажувач може да помогне при постигнувањето поздрава и поудобна внатрешна атмосфера. Прочистувачот на воздух на Daikin што развлажува, внесува влага во воздухот кога релативната влажност ќе падне под претпочитаното ниво (обично при релативна влажност од 40 %) за да одржи здраво ниво на влажност. Исто така, прочистувачите на воздух на Daikin ги отстрануваат честичките прав и поленот од воздухот за да ги намалат симптомите на асма и алергија, а технологијата Streamer ги онеспособува алергените, ги елиминира бактериите и ги отстранува непријатните мириси за да го одржи воздухот здрав и свеж. Делот за прочистување е разликата помеѓу прочистувачите на воздух што развлажуваат и обичните развлажувачи затоа што обичните развлажувачи ги заробуваат загадувачите наместо да ги елиминираат, со што не ги спречуваат да се размножат и да предизвикаат болести. А што е со бучавата? Прочистувачот на воздух на Daikin со вграден развлажувач е многу тивок благодарение на новите иновативни поставки и современиот тивок режим, поради што претставува една од најтивките линии прочистувачи на воздух на европскиот пазар. Совршеното решение за добро, здраво, свежо и удобно спиење.
ПРОФЕСИОНАЛЕН СОВЕТ
За да овозможите здрава внатрешна атмосфера и оптимално ниво на влажност при спиење, проверете дали термостатот во спалната е правилно поставен. Експертите тврдат дека идеалната температура за спиење изнесува околу 18 Целзиусови степени.
Погледнете ја нашата линија прочистувачи на воздух што развлажуваат
Инвестирајте во посвежа, поздрава и поудобна спална соба. Погледнете ја целата линија прочистувачи на воздух со вградени развлажувачи што ќе ви помогне да создадете поздрава внатрешна атмосфера.