

Течење на носот, силно кивање, воспалено грло... Враќањето на доброто време не значи само добри вести, туку значи и враќање на поленот, од кого се плашат многу луѓе со алергии. Дали патите и од алергии од полен? Постојат начини да се заштитите. Освен вообичаените решенија што ги познаваме одамна, на пазарот доаѓаат и нови технологии што овозможуваат олеснување од овој тип алергија. Краток преглед на мерките што веќе ги знаеме и што ветуваат нови решенија!
Што точно е алергија?
Алергијата едноставно е претерана реакција на телото на надворешен реагенс на којшто е премногу чувствително. Штом еднаш се изложи на овој алергиски реагенс, имунолошкиот систем се воспалува и вклучува реакција од која се плашат многу луѓе со алергии и којашто може да се манифестира преку разни физички симптоми.
Лицата со алергија на полен главно чувствуваат проблеми на пролет, кога расцветените растенија се размножуваат и го шират својот полен во воздухот. Проблемот? Овој полен се разнесува насекаде и не запира кај ѕидовите од нашите домови. Дури и кога сте дома, поленот е одговорен за непријатните симптоми, како што е кивањето, а во случај на силна алергија, акутни респираторни проблеми.
Како се штитите од алергија на полен?
Соочени со пролетната инвазија на полен, неколку заштитни мерки може да ви помогнат да ги намалите алергиските симптоми. Затоа не се препорачува да вршите интензивни спортски активности, да ги сушите алиштата надвор, да возите со отворен прозор или да го косите тревникот во вашата градина. Покрај овие случаи на директно изложување на алергени, може да постојат и некои скриени фактори што може да ја засилат алергиската реакција. На пример, загадениот воздух го иритира респираторниот тракт и го олеснува навлегувањето на поленот, а да не споменуваме дека загадувањето го прави поленот поранлив, со што се разложува на уште поситни и поштетни честички. Поради големо загадување, ризикот на изложување е поголем.
Медицински третмани и други решенија
Во моментов постојат два топа третмани со лекови со кои се третираат алергиите на полен: антихистаминици, капки за очи и спреј за нос, локални третмани што „само“ ги третираат симптомите на алергии и десензитивација, третман што трае неколку години и што се стреми да ги излечи причините за алергии преку контролирано и продолжено изложување на алергени.
Ако сепак мислите дека спречувањето е подобро од лечењето, постојат нови решенија на пазарот што се занимаваат со коренот на проблемот: присуството на полен во воздухот. На пазарот сега се присутни прочистувачите на домашна употреба што ги отстрануваат вирусите и бактериите од амбиенталниот воздух и ги филтрираат честичките прав, и се разбира, полен.
Прочистувачите на воздух на Daikin
Новите прочистувачи на Daikin содржат HEPA-филтри, многу ефикасни филтри против честички што се пренесуваат преку воздух, што емитуваат електростатички сили за да заробат што поголема количина од честичките. Овие прочистувачи од новата генерација заробуваат скоро 99 % од честичките со големина помеѓу 0,1 μm и 2,5 μm пред да ги разложат по пат на оксидација со употреба на технологијата Streamer. Со тоа се уништува поголемиот дел од поленот и се намалуваат алергиските симптоми, а се овозможува и одлично развлажување на воздухот за да се заштитат мукозните мембрани од сушење. Нема потреба да се плашите од убавите пролетни денови!
Daikin е тука да ви помогне да го изберете најсоодветниот систем за прочистување на воздухот за вашиот дом.