
Факт е дека просечната температура низ целиот свет се покачува, што доведува до почесто користење на клима уредите во домовите. Во периодот што претстои се очекуваат екстремно високи температури, и за да вашиот клима уред функционира совршено, потребно е да се изврши навремено и редовно чистење на филтрите и одржување на виталните компоненти на системот. Ова е најлесниот начин да се справите со зголемените температури и високи цени на електричната енергија.
Битката со зголемените цени на електричната енергија

Можеби наглиот скок на цените на енергенсите во Европа е надвор од наша контрола, но затоа можеме да контролираме колку енергија трошиме за климатизација на домот.
Ова не значи дека не треба да го користиме клима уредот, туку да научиме како да го користиме ефикасно. Клучот тука е редовно одржување.
Модерните клима уреди се дизајнирани за оптимална потрошувачка на енергија и намалени емисии на јаглерод диоксид, но и покрај технолошките напредоци, не можеме да се справиме со честичките прашина кои со тек на време се наталожуваат на внатрешната и надворешната единица.
Која е целта на одржувањето?
Исто како и сервисирање на автомобилот или редовниот годишен систематски преглед на нашето тело, целта со одржувањето на клима уредот е да се осигураме дека функционира оптимално и шансите да се случи дефект во моментите кога најмногу ни е потребен ги сведеме на минимум.
Одржувањето на клима уредот вклучува редовна проверка на виталните компоненти на системот (работа на компресорот, количество на фреон во системот итн.), како и чистење на внатрешната и надворешната единица.
Со отрстранување на нечистотиите од топлиноизменувачите на надворешната и внатрешната единица ја враќаме ефикасноста на првичната однонсо највисока ефикасност на системот. Исто така го подобруваме квалитетот на внатрешниот воздух со отстранување на прашината или мувла која се насобира.
Зошто чистењето на филтрите е важно?

Чистењето на филтрите е клучно за ефикасен проток на воздухот. Доколку филтрите се преполни со прашина, тие претставуваат препрека и го намалуваат протокот на воздух. Тоа директно придонесува за послаби перформанси, зголемена потрошувачка на енергија и оптеретување на системот.
За оптимална работа на вашиот систем, препорачливо е чистење на филтрите 4 пати во годината или на 200-250 работни часа.
Како се чистат филтрите на климата?
Чистењето на филтрите е релативно лесна задача, одзема малку време а за возврат придобивките е големи.
Повеќето клима уреди се направени со пристапни филтри за мирис и прашина кои лесно се отстрануваат. Процесот може да се опише во 6 чекори:
1. Исклучете ја климата
2. Отворете го предниот капак на внатрешната единица
3. Внимателно извадете ги филтрите за прашина
4. Извадете ги
5. Има две опции за чистење на филтрите: собирање на прашината со правосмукалка или миење со топла
6. Откако ќе се исушат филтрите, настрана од директна сончева светлина, се враќаат во единицата
Доколку сте визуелна личност, чекорите се прикажани во ова видео:
Дополнителни совети како да ја подобрите ефикасноста на климата
Редовното одржување ќе ја зачува високата ефикасност на системот преку цела година. Еве неколку совети како да се осигурате дека вашиот систем работи ефикасно:
· Остранете ги сите препреки што го блокираат протокот на воздух на внатрешната и надворешната единица
· Затворете ги вратите и прозорците
· Зададете пригодна температура
Stand By Me платформа

Stand By Me на Daikin е уникатна платформа која ќе ви овозможи да закажете редовно одржување со професионален и овластен сервисер. Stand By Me системот може да испраќа потсетници за одржување вам и на вашиот инсталатер, и во него ќе може да ја најдете целосната сервисна историја на системот.
Дознајте повеќе за платформата тука: www.daikin.mk/standbyme
Побарајте од вашиот инсталатер да го регистрира вашиот Daikin уред на платформата за да добиете бесплатна продолжена гаранција. По регистрацијата, ќе добиете емаил за да ја потврдите истата, по што ќе имате целосен увид на документацијата на вашиот систем.