
Зошто е важен квалитетот на внатрешниот воздух

Квалитет на внатрешниот воздух“ (КВВ) се однесува на квалитетот на воздухот во објект или структура, којшто постојано го дишат присутните лица.
Кога се планираат нови станбени објекти, училишта, канцеларии и мали деловни објекти, мора да се земат предвид многу работи. Покрај структурните фактори, мора да се внимава и на греењето, ладењето и често заборавената тема: квалитет на внатрешен воздух.
Дали знаевте дека воздухот што го дишеме во затворен простор, без разлика дали сме дома, на работа, или во хотелска соба, може да биде позагаден од надворешниот воздух?
- 90 % од нашиот живот поминуваме надвор
- Квалитетот на внатрешниот воздух може да биде 2 до 5 пати полош од квалитетот на надворешниот воздух поради загадувачи како што се поленот, бактериите итн.
Загадувачи и честички во внатрешниот воздух
Со вистинскиот систем (климатизација, вентилација, опрема за прочистување на воздухот) загадувачите на воздухот како поленот, спорите, цементниот прав, бактериите, вирусите или микробите може да се отстранат од воздухот.
Колку се помали овие честички, толку се поопасни за нашето здравје, па затоа се категоризираат врз основа на нивната големина.



Честички и места каде се собираат
Колку е полесна и помала честичката, толку подолго останува во воздухот.
• PM10 : сите честички до 10 µm (0,01 mm)
Насобрани во носот и голтникот од респираторниот систем на човекот
• PM2,5 : сите честички до 2,5 µm (0,0025 mm)
Доволно се мали да дојдат до белите дробови
• PM1 : сите честички до 1 µm (0,001 mm = 1 микрон)
Доволно се мали да поминат низ мембраната на клетките од алвеолите во човечкиот крвоток и да предизвикаат опасни болести
Поради нивната штетност (голем ризик од кардиоваскуларни болести), трајност и фреквенција, треба најмногу да се внимава на честичките помали од 2,5 μm (одн. PM2,5 и PM1) .

Компоненти на квалитетот на внатрешната околина
Вентилација: Овозможува довод на свеж и чист воздух
Енергетска ефикасност: Овозможува заштеда на енергија со пренесување на топлината и влагата помеѓу воздушните протоци и со тоа помага да се доведе воздухот до потребните услови за температура и влажност
Обработка на воздух: Овозможува обработен воздух за да ја оптимизира енергетската ефикасност на внатрешната опрема за HVAC
Развлажување: Го овозможува посакуваното ниво на влажност во просторот со климатизација
- Филтрирање: Филтрира полен, прав, непријатни мириси и други загадувачи што се штетни по нашето здравје за да овозможи чист и здрав воздух
Да ги погледнете одблиску вентилацијата и филтрацијата, 2 компоненти директно поврзани со подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух
Вентилација

Системите за вентилација овозможуваат оптимални климатски услови преку свежа, здрава и удобна околина за објекти од сите големини и за различни намени.
Во целосно затворена просторија во објект, воздухот не може лесно да влегува и излегува од собата, со што загадувачите остануваат и се собираат во просторијата. Ова може да влијае врз здравјето на луѓето во просторијата. Вентилацијата е важна за ослабување и отстранување на загадувачите на воздухот.
Добро одржуван вентилациски систем и адекватна брзина на размена на воздухот се покажале како добро решение за заштита на луѓето од загадувачи и вируси.

Производите за вентилација на Daikin се вградени беспрекорно во комплетно решение со топлинска пумпа, со што можете да го намалите бројот поединечни системи и независни доставувачи на вашиот систем HVAC-R.
За да постигне оптимална внетилација, Daikin ги одржува највисоките стандарди за енергетска ефикасност и поседува широка низа опции за да ги постигне потребните нивоа на филтрирање и хигиена за вашиот проект.
Филтрирање

Вирусните честички може да се закачат на поголеми честички прав или на капки и да се движат низ објектот. Патеката на пренесување што ја користи патогениот микроорганизам може да се прекине за да се контролираат заразните болести. Употребата на филтри за воздух со голема ефикасност во системите за климатизација и вентилација може да помогне да се зароби поголемиот број честички и да се намали концентрацијата на бактерии и вируси што се пренесуваат преку воздухот, а со тоа и да се намали ризикот од пренесување преку воздух.

Класификација на ефикасноста на филтрите
ISO 16890
Со воведувањето на новиот стандард ISO 16890, класификацијата на филтрите се создава врз основа на способноста да се филтрираат некои честички врз основа на нивната големина.
Филтер за воздух се класифицира како „Група филтри ISO ePM1“ ако неговата минимална ефикасност е најмалку 50 % (филтерот отстранува најмалку 50 % или повеќе честички со големина ≤1 μm), како што е прикажано на табелата.
Исто така, наведена е и просечната ефикасност на филтерот. Ако просечната ефикасност за ISO PM1 е 68 %, класификацијата се смета за PM1 65 % како просечна ефикасност затоа што единиците се заокружуваат на 5 %).
HEPA-филтри
HEPA-филтрите овозможуваат екстремно голема ефикасност при филтрирање честички и мора да филтрираат најмалку 99,95 % од честичките со дијаметар од 0,3 μm!
Како таков, HEPA-филтерот е поефикасен од филтерот ePM1.
Група филтри | Големина на честичките за филтрирање (μm) | Ефикасност на филтрирање | Филтрирани тврди честички |
---|---|---|---|
ISO ePM1 | 0,3 ≤ x ≤ 1 | ≥ 50 % | Наночестички, издувни гасови, вируси |
ISO ePM2,5 | 0,3 ≤ x ≤ 2,5 | ≥ 50 % | Бактерии, габични спори и спори на мувла, полен, прав од тонер |
ISO ePM10 | 0,3 ≤ x ≤ 10 | ≥ 50 % | Полен, пустински прав |
ISO Coarse | 0,3 ≤ x ≤ 10 | < 50 % | Песок, влакна |
*ePM = ефикасност при тврди честички |
Класи на HEPA-филтер
HEPA-класа | Заробување (просечно) |
---|---|
H13 | > 99,95 % |
H14 | > 99,995 % |
H15 | > 99,9995 % |
H16 | > 99,99995 % |
H17 | > 99,999995 % |
Додатоци за дезинфекција на воздухот при филтрирање
Со добар систем за филтрирање можете да заробите многу мали тврди честички од воздухот, но заробените вируси бактерии и габични организми се онеспособуваат. И покрај тоа, можат да се размножат и да предизвикаат болести.
За да се спречи тоа, потребно е да се дезинфицира воздухот.
Flash Streamer
Врвен третман на воздухот преку уникатната технологија Flash Streamer
Патентираната технологија Flash Streamer на Daikin онеспособува 99,9 % од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).
Силното празнење од стримерот се судира со алергените и опасните хемиски супстанци при што ги разложува и распарчува нивните површни протеини, коишто потоа се уништуваат преку оксидација.
За време на тестот, алергените се поставуваат на електродата на единицата и потоа се фотографираат преку електронски микроскоп откако ќе бидат озрачени.
(Тестирањето го извршува: Yamagata University и Wakayama Medical University)

Светлина UV-C
Ултравиолетовата светлина ги онеспособува вирусните, бактериските и габичните организми поради што не можат да се размножуваат и да предизвикаат болест.
Целиот UV-спектар може да онеспособи микроорганизми, но светлината UV-C (бранови должини од 200 – 280 nm) овозможува најголем гермициден ефект.
Дезинфекција и честење со светлина UV-C многу се користи во болниците.
Светлината UV-C од друга страна претставува опасност по човековото тело.
Со третирање на рециркулираниот и свеж воздух со светлина UV-C директно во клима коморите, може да се овозможи чист воздух без микроби без да се изложува човековото тело на UV-светлина.

Решенија за КВВ на Daikin за секоја потреба
За вашиот дом
За вашиот бизнис
Услуги за КВВ
Време е за посвеж, поздрав и поудобен затворен простор за да можат сите лесно да дишат
Преземете го документот со информации за да ги дознаете како може сите да имаат придобивки од подобрениот квалитет на внатрешниот воздух.