Skip to main content

Услуги за квалитет на внатрешниот воздух

Понуда на услуги за КВВ на Daikin

Инсталација и пуштање во употреба

Важно е HVAC-системите да се инсталираат според препораките на произведувачите и соодветно да се пуштат во употреба.

Инсталаторите правеле замени на самото место на инсталација – на пример, различна должина на цевки – што може значително да влијае врз перформансите, енергетската ефикасност и квалитетот на внатрешниот воздух.

Инсталирањето на еден систем од произведувач со помош (и надзор од страна) на овластен инсталатор е исто толку важно колку и избирањето компанија со искуство во такви слични инсталации.

Одржување

Редовното одржување на системот за вентилација секако е важно и треба да биде дел од целосниот сервисен режим за HVAC-системот на објектот.

Чистотата е особено важна при справувањето со вентилацијата, затоа што правот и нечистотиите може да влијаат врз способноста за одржување на квалитетот на внатрешниот воздух.

При одржувањето треба да се проверува дали има прав, нечистотии или загадување, оштетување од временски ослови или животни во влезовите и излезите, како и во водот и во внатрешните единици.

Програма за повторно филтрирање на Daikin

Daikin ја нуди програмата за повторно филтрирање за анализа, отпимизација и подобрување на вашиот HVAC-систем со целосен фокус на квалитетот на внатрешниот воздух.

  • Ревизија на квалитетот на внатрешниот воздух
  • Програма за свеж воздух за оптимизација на поставките
  • Соодветно поставен план за работа со подобрување и соодветни мерки

Нашите експерти нудат посета на самото место со технички список наменет за КВВ.

Со нашата стручност ве поддржуваме да го верификувате статусот на вашиот HVAC-систем и ви даваме јасен извештај за состојбата на системот за климатизација, клима коморите, водовите, единиците за вентилација и внатрешните единици.

Определуваме соодветни итни постапки што ќе ја подобрат способноста на вашиот систем да ја зголеми количината свеж воздух во внатрешниот простор и да го намали движењето на правот.

Хотелска соба со темни дрвени вградени плакари и декорација со бела орхидеја
Икона за список

Нашите експерти нудат посета на самото место со технички список наменет за КВВ.

Лого за програмата за повторно филтрирање на Daikin
Икона за надгледување на статусот

Со нашата стручност ве поддржуваме да го верификувате статусот на вашиот HVAC-систем и ви даваме јасен извештај за состојбата на системот, клима коморите, водовите, единиците за вентилација и внатрешните единици.

Имајте контрола врз КВВ

Експертите за услуги на Daikin ви нудат поддршка при одлуката за подобрување на вашиот HVAC-систем преку повеќе опции од големиот број услуги и огромното искуство што го нудиме.

Илустрација на портфолиото за услуги за КВВ