Skip to main content

Flash Streamer технологијата на Daikin онеспособува 99,9% од новиот коронавирус (SARS-CoV-2)

Flash Streamer технологија и коронавирус

Daikin стои зад ефективноста за својата Flash Streamer технологија, со којашто успешно се онеспособува 99,9 % од новиот коронавирус (SARS-CoV-2) со 3 часа зрачење.

Истражувањето е спроведено од страна на Daikin Industries Ltd во соработка со професорот Шигеру Киува од одделот за биомедицина на универзитетот од Токио и група истражувачи предводена од професорот Шигеру Морикава од одделот за микробиологија на универзитетот за наука од Окајама.

Стример

Резултати од експерименти

Тимот за истражување спроведе експеримент каде што вирусите беа зрачени 3 часа со технологијата Flash Streamer на Daikin.

Резултатите од експериментот покажаа дека:

  • Flash Streamer онеспособува 93,65 % од коронавирусот (SAR-CoV-2) по зрачење од 1 час

  • Flash Streamer онеспособува 99,97 % од коронавирусот (SAR-CoV-2) по зрачење од 3 часа

Извор: „Извештај од истражување за ефектот на онеспособување на SARS-CoV-2 со плазма-генератор на јони (Daikin Streamer)” редактиран од страна на Шигеру Морикава, оддел за ветеринарна медицина, катедра за микробиологија, универзитет за наука од Окојама
Графикон за преживување на вирусот ковид-19

Тестовите што се опишани овде се однесуваат на патентираната Flash Streamer технологија. Ефектите на производите опремени со технологијата со стример или ефектите во околина при реална употреба може да се разликуваат. За повеќе информации околу производите на Daikin што ја содржат технологијата со стример, погледнете ги соодветните информации за производот.

Околу технологија со стример

Технологијата со стример, развиена од Daikin во 2004, извршува оксидативно разложување на штетните супстанци. Streamer-исуштањето е тип на плазма-испуштање што содржи иновативна технологија за прочистување на воздухот што стабилно генерира електрони со висока брзина.

Способноста за оксидативно разложување е многу поголема од вообичаеното плазма-испуштање (сјајно празнење). Исто така, кога се комбинираат со воздушни компоненти, електроните со голема брзина имаат способност за моќно оксидативно разложување што постојано отстранува непријатни мириси, бактерии и загадувачи на внатрешниот воздух, како на пример, формалдехид.

 

Слични написи