Skip to main content

Ефикасна механичка вентилација за училиштата

Неодамна Daikin достави решенија за вентилација на за проект што содржи две средни училишта во Холандија. Системите HVAC ќе овозможат удобно ладење и греење со висок квалитет на внатрешниот воздух за 3355 ученици и вработени.

 

Производи

4x Клима комори – Modular R на Daikin заедно со модул DX

1x Клима комори – Professional на Daikin заедно со HW, калем DX и контролна табла

 

Ситуацијата

Проектот опфати образовни установи во општините Путен и Ермело, со 4 единици Modular R инсталирани во училиштето во Путен и единица Professional инсталирана во училиштето во Ермело. Двата система ќе овозможат одличен квалитет на воздухот, греење и ладење во училниците и канцелариите.

Една од главните причини што го избраа Daikin беше одржливоста. Училиштата поседуваат сертификат за еколошко училиште од ОН, па затоа бараа системи HVAC што ќе им помогнат да ги постигнат своите цели за одржливост со употреба на енергетски ефикасни клима комори напојувани со соларна енергија. 

Проектот имаше за цел и да создаде безбедна и здрава околина за учениците и вработените и да им овозможи удобност и квалитетен внатрешен воздух. 

 

Решението

Daikin ги задоволи потребите на крајниот корисник во поглед на енергетска ефикасност благодарение на својата напредна технологија со која овозможи пријатна внатрешна околина. 

Внатрешниот воздух најчесто е позагаден од надворешниот затоа што содржи многу честички, па дури и вируси. Нискиот квалитет на внатрешниот воздух е симптом за нездрава околина, којашто негативно влијае врз когнитивните способности на луѓето и предизвикува почесто разболување. Добрите системи за вентилација може да го спречат ова со создавање поздрава внатрешна околина.

Клима коморите на Daikin помагаат да се овозможи соодветна вентилација на просториите и филтрација на внатрешниот воздух за да можат присутните да дишат што е можно почист воздух додека работат или учат.

Овде прочитајте повеќе за тоа како механичката вентилација може да помогне да се намали ширењето на коронавирусот

Слични написи