Skip to main content

Кои услови треба да ги исполнат HVAC-системите за стадионите?

Фокусот на стадионите порано бил насочен кон спортистите и спортскиот терен, без да се води сметка за гледачите. Но стадионите еволуираа во последните неколку децении и не се веќе само спортски објекти; нудат простор за собирање луѓе со слични интереси и овозможуваат економски придобивки за заедниците. Ваквата еволуција се должи на развитокот во архитектурата и инженерството.

Новите стадиони се почесто се наменети за разни употреби, изгледаат одлично и вниманието го насочуваат кон навивачите, но се и корпоративно фокусирани за да создадат профит кога има натпревар. Новите спектакуларни дизајни го подобруваат чувството на гледачот. Иновации постојат и внатре во стадионите, каде арените нудат простории за забава и активности во коишто луѓето можат да уживаат пред натпреварот и во денови кога нема натпревари.

Ваквата еволуција не само што влијае врз архитектонскиот дизајн на стадионите, туку и врз дизајнот на HVAC-системите, затоа што колку помодерни стануваат стадионите, толку повеќе услуги нудат.

HVAC-системите се важен дел од модерните објекти затоа што се потребни за удобноста на присутните, особено во објекти што нудат забава.

Атмосферата во објектите како што се стадионите е од големо значење. HVAC-системите се важен дел од дизајнот за да се овозможи удобност за гледачите и другите присутни лица.

Но HVAC-системите може значајно да влијаат врз работните трошоци, а со тоа и врз профитот. Поради тоа постојат аспекти што вреди да се земат предвид при дизајнирање HVAC-системи за стадиони.

Атмосфера и квалитет на внатрешен воздух

Како што наведовме претходно, модерните стадиони сè повеќе се повеќенаменски објекти што содржат продавници, барови, ресторани, ВИП-соби и луксузни простории. Сите овие делови од стадионите се стремат да им овозможат на гледачите одлично расположение пред, додека трае и после натпреварот – а и кога нема натпревар. Одличното расположение не може да се постигне без соодветна атмосфера којашто треба да се постигне во сите тие простории при сите годишни времиња, затоа што стадионите повеќе не се само спортски установи, туку и место за корпоративни состаноци, настани, концерти и претстави низ целата година.

За таа цел е потребно удобно ладење и греење во овие објекти, а по потреба и чилери и/или топлински пумпи со соодветна голема и капацитет да ги задоволат потребите од ладење и греење во разните простории на стадионот.

Истото важи и за квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ), којшто е уште еден важен аспект што треба да се земе предвид, затоа што многуте луѓе во различните делови од стадионот заслужуваат да дишат чист воздух.

Тоа е една од целите на добро дизајнирани системи за вентилација, коишто се добра алатка за прочистување на внатрешниот воздух преку размена и филтрација.

Прочитајте повеќе за важноста на квалитетот на внатрешниот воздух here

Уште еден интересен аспект на којшто се фокусира Daikin е надгледувањето на КВВ, затоа што надгледувањето и следењето се важни при делувањето и подобрувањето.

HVAC-системот е подобрен со сензорот за квалитет на внатрешната околина (IEQ) којшто ги надгледува внатрешните услови преку комплет параметри, со што ги известува управниците на објектот за квалитетот на внатрешниот воздух во објектот што го водат.

Кликнете овде за да дознаете како може Daikin да ви помогне да го надгледувате КВВ

Знаеме дека ладењето и греењето на внатрешниот простор не е ништо ново, но во последно време гледаме климатизирани трибини и терени на стадионите. Тоа е сè почеста појава во последно време, особено во земји каде е потребна климатизација поради преголемата топлина, за да можат луѓето нормално да се собираат и да учествуваат во активности без последици по нивното здравје.

Замислете си стадиони во кои над 80 000 луѓе се собираат при температура што често надминува над 40 °C – 80 000 тела што зрачат топлина и создаваат влага и штетна околина. Замислата за одлично доживување не е таква, а може и да им наштети на посетителите.

HVAC-системите може да помогнат да се избегнат ваквите ситуации со ладење на трибините и терените и со размена на соодветна количина воздух за да се овозможи удобност и безбедност на гледачите и натпреварувачите.

Енергетска ефикасност

Климатизација за цел стадион – особено кога нема подвижен кров – може да делува застрашувачки во поглед на потрошувачката на енергија.

Но постои и нешто друго што треба да се земе предвид: светот околу нас не може да опстане при екстремни температури без климатизација.

Откако сме го утврдиле тоа, можеме да анализираме како можат HVAC-системите да ни помогнат да ги задоволиме потребите за климатизација без да потрошиме премногу енергија и да ѝ наштетиме на околината.

HVAC-системите треба да се сметаат за важен дели од дизајнот на објектот што се стреми да постигне најдобра енергетска ефикасност.

Тоа значи дека треба да се земат предвид:

  • ориентацијата на стадионот според движењето на сонцето

  • дизајнот на боите и површината на градбата со цел да се рефлектира топлина и/или да се насочува ветерот

  • подвижниот кров

  • фотоволтаичните панели за создавање струја што ќе го напојува стадионот

пред да се погледнат работите што се потесно поврзани со HVAC-системот.

Покрај дизајнот на објектот, дизајнот на HVAC-системот мора да се стреми кон високо ниво на енергетска ефикасност, коешто може да се постигне само употреба на напредни технологии што ќе ја задоволат секоја потреба што може да настане од проектот.

Технологијата со инвертор е важна за дизајнот на HVAC-системите што користат единици со воздушно или водено ладење, особено за објекти со честа промена на оптоварувањето во зависност од присутните лица и распределбата на посетителите во различни делови.

Поточно, со промена на фреквенцијата на напојувањето со струја на моторот, технологијата со инвертор ја модулира брзината на вртење на компресорот (RPM) и на тој начин управува со капацитетот на компресорот.

Чилерите и топлинските пумпи во стадионите работат при делумно оптоварување, па затоа технологијата со инвертор е одлично решение за да се зголеми нивната ефикасност.

За да се направи поефикасен целиот HVAC-систем, важно е протокот на вода во него да биде променлив во зависност од реалната потреба во објектот. Систем со променлив проток на вода е совршено решение затоа што управува со протокот на вода низ системот и се грижи пумпите да работат што е можно поефикасно, со што се намалува потрошувачката на енергија.

Истото важи и за клима-коморите (AHUs) што се поставени во HVAC-системот. Ако се постават модели со вентилатори со инвертор со голема ефикасност и со враќање топлина, може значително да се намали потрошувачката на енергија.

Враќањето топлина е опција што им овозможува на клима-коморите да вратат топлина од издувниот воздух, благодарение на разменувачите на топлина. Тие пренесуваат топлина од протокот на непроветрениот воздух што се исфрла во протокот на чистиот воздух што влегува во објектот, без да се меѓусебно да се контаминираат. Овој процес значително ја подобрува енергетската ефикасност.

Уште еден аспект што треба да се земе предвид кај комплексните HVAC-системи е модуларноста. Модуларноста активира единици во зависност од делот на стадионот што има потреба од ладење или греење во одреден момент, со што се овозможува уште повеќе контрола врз потрошувачката на енергија. Ова може да се постигне со поделба на оптоварувањето врз неколку единици коишто може да се активираат според потребите.

Оптоварувањето на модерните стадиони варира во зависност од годишното време или од настанот што се приредува. Тоа има значително влијание врз енергетската ефикасност на објектот. Па затоа е важно да се зема предвид промената на оптоварувањето во целиот објект. За поефикасен HVAC-систем можеби е покорисно да се раздели оптоварувањето на повеќе единици со разни големини и да се управуваат како да се една голема единица.

Интелигентниот управувач со чилери на Daikin (iCM) е дизајниран да ги контролира, подредува и оптимизира перформансите на повеќе чилери, со што се хармонизира начинот на којшто работат единечните чилери и се овозможува да се постигне целта со минимален труд во однос на потрошувачката на енергија и на механичката работа. Се разбира, сето ова се одразува позитивно врз издржливоста и ефикасноста на чилерите.

Надгледување, превентивно одржување и достојност

Далечинското надгледување и управување се многу важни за секој HVAC-систем со големина потребна за стадиони.

Надгледувањето и следењето овозможуваат да се разбере тековната ситуација и да се преземат дејствија за подобрување. Затоа е важно д се има систем што ќе може да се надгледува и управува далечински за да можат управителите да преземат мерки за превентивно одржување, со што ќе се овозможат ефикасноста и достојноста на системот.

Daikin on Site (DoS) Им овозможува на инженерите низ целиот свет да ги надгледуваат, управуваат, замислат и контролираатсите единици инсталирани во HVAC-системот на едно или повеќе места, директно преку облак-платформата. Со тоа, менаџерите можат да преземаат превентивни мерки без да присуствуваат на самото место, со што експоненционално се зголемува капацитетот на техничката поддршка.

DoS е алатка за далечинско надгледување од Daikin, што овозможува податоци во реално време 24/7 низ целата година за следење на постројките од чилери и клима-комори и нивната функционалност. Ова им овозможува на сопствениците на постројките да преземаат превентивни мерки и да избегнат дополнителни трошоци за дефекти и прекини во работата.

Секојпат кога има аларм, управителите на постројките можат лесно да го забележат проблемот и да го најдат вистинското решение. Преку платформата можат да ги проценат сите параметри во реално време и да делуваат далечински ако има потреба од приспособување на поставките. Сето ова ја подобрува работата и управувањето со единиците и ја подобрува нивната достојност.

DoS го олеснува и планирањето на работата на техничките лица и им ги покажува потребните резервни делови, со што може да се подготват за проблемите и можните решенија за да се забрза работата. Ова им овозможува на техничките лица да работа ефикасно и да го скратат времето за поправка на HVAC-постројките.

DoS создава и времени извештаи за перформансите на системот и ревизија за енергија, со што помага да се одржи системот што е можно поефикасен.

Поради сите овие причини, Daikin on Site постана важен фактор за зголемување на ефикасноста и достојноста на HVAC-постројка што се управува (скоро целосно) далечински.

Слични написи