
Список со решенија за климатизација
Кога избирате решение за климатизација или топлинска пумпа за новиот дом, земете предвид сè што можете: од тековните потреби до плановите за во иднина.

Задоволете си ги потребите
- Дали сакате ладење, греење, топла вода или сè во едно?
- Каков извор на обновлива енергија ви е достапен?
- Дали има законски регулативи или мотиви за енергетски поефикасни решенија?

Фокусирајте се на вашиот дом
- Кои вообичаени извори на енергија ќе ги користите?
- Колку простории сакате да ладеи и/или греете?
- Дали претпочитате внатрешна или надворешна инсталација?
- Дали претпочитате единици монтирани на ѕидот, парапетни на подот или вградени во ѕидот или таванот?

План за иднината
- Дали планирате да го проширите семејството?
- Од колкаво значење е емисијата на јаглеродни гасови за вас?
- Дали сакате да користите обновливи извори на енергија, како на пример, соларна енергија?
- Дали сакате сега да потрошите малку повеќе да заштедите многу на идните сметки за струја?

Намалете го влијанието на вашиот дом врз околината со Daikin
Намалете го влијанието врз околината и сметките за струја со енергетски ефикасен систем за ладење, греење или топла вода што користи извори на енергија. Без разлика дали сакате целосно одржливо, хибридно или вообичаено решение, нудиме голем број системи што ќе ги намалат трошоците за струја и ќе бидат од корист за околината.
Вистинскиот извор на енергија за вашиот нов дом
Барате оптимално решение за ладење, греење и топла вода за вашиот дом и животен стил?
Daikin нуди голем број опции за совршено решение.
Избор на правиот извор на енергија за вашиот нов дом
Секој дом е поинаков и има поинакви потреби. Нудиме различни решенија за греење, ладење и топла вода на Daikin за вашата нова куќа. Земете ги предвид сите опции пред да решите кое решение е најдобро за вас.