Daikin Altherma 3 H MT е надворешна топлинска пумпа со модерен дизајн

Олицетворение на топлинска пумпа

Daikin Altherma 3 H MT претставува инвестиција во удобност и заштеда на енергија. Оваа топлинска пумпа воздух-вода овозможува греење, ладење и топла вода—и притоа користи помалку енергија. Системот е идеален за сопственици што сакаат да го надградат својот бојлер или обичен систем за греење со поеколошко и поисплатливо решение.

Дизајн

Соодветен е за внатрешниот и надворешниот изглед на сите типови домови.

Read more

Звук

Уживајте во тивка и удобна атмосфера.

Read more

Изведба

Заштедете енергија и пари со најновите технологии.

Read more

Комбинација

Уредете го системот според животниот стил и потребите за удобност.

Read more

топлинска пумпа Altherma 3 H HT
добитник на наградата за дизајн 'iF' 2019 и на наградата за дизајн Reddot 2019.

Победнички дизајн

Сопствениците на домовите сакаат единица која не само работи добро, туку и има убав изглед. Затоа Daikin се стремеше да создаде единица со одлични технички карактеристики и разновиден дизајн. Овие напори ѝ донесоа на Daikin Altherma 3 H MT дури две престижни награди за дизајн.

Надворешна единица Daikin Altherma 3 H HT инсталирана надвор од куќата.

Тоа што одлично работи, треба и одлично да изгледа…

Чиста, минимална и едноставна е најдобриот начин да се опише надворешната единица Daikin Altherma 3 H MT. Црна хоризонтална решетка ја покрива целата предна плоча и ја намалува бучавата при работа, а облогата со матна сива боја ја рефлектира бојата на надворешниот ѕид за да може единицата да се вклопи на различни места и пејзажи.

Илустрација на вентилатор Daikin Altherma 3 H HT

Тишината значи удобност

При работа во стандарден звучен режим, нивото на звучниот притисок на надворешната единица е 38 dBA (на 3 метра)—тоа е некаде помеѓу црцорење на птиците и тивка библиотека. При низок звучен режим, звучниот притисок се намалува за половина (35 dBA на 3 метра).

Слушнете ја Daikin Altherma 3 H MT како работи

Како се мери звукот

Звучната моќност се генерира од самата единица, независно од растојанието и околината. Звучниот притисок е звукот добиен на определено растојание. Звучниот притисок вообичаено се пресметува помеѓу 1 и 5 метра од единицата.

Ниво на бучава
Dark_Blue_background.png

Извонредните перформанси доаѓаат однатре

Daikin Altherma 3 H MT ги содржи најновите техлогии за HVAC, развиени во Европа за европските клими. Дознајте ги
карактеристиките со коишто се истакнува овој производ од останатите.

Dark_Blue_background.png

Грижливо создаден

1. Модерно куќиште

Инженерите на Daikin соработуваа со дизајнери за да ја освежат обичната надворешна единица. Инспирирана од одличниот дизајн на внатрешните единици на Daikin, оваа надворешна единица има привлечна предна плоча и чисти линии за да се вклопи лесно во околината.


2. Вентилатор со голем капацитет

Единиците со голем капацитет работат со два вентилатора, но оваа надворешна единица работи само со еден. Поголемиот вентилатор ја подобрува циркулацијата на воздухот, што овозможува да се постигне послаб звук при работа.

внатрешни делови на топлинска пумпа 3 H HT

3. Нов компресор

Daikin Europe работеше со центарот за технологија и развој на Daikin во Јапонија за да развие специјален компресор што овозможува вода од 70°C. Оваа топлинска пумпа со висока температура е и првата што користи R-32: поефикасно разладно средство со помала емисија на CO2 .


4. Издржлива изолација

3-слојна изолација и гумени подлошки меѓу долната и вибрирачката плоча ги апсорбираат и изолираат звуците од компресорот.

Daikin Altherma 3 H HT поставена надвор на ладна клима.

Победете го ладното

Daikin Altherma 3 H MT е решение за обновливо греење што работи исто добро при ладна клима како и при топла. Споредено со другите системи за греење, оваа линија користи надворешни единици за да овозможи точен капацитет за греење и топла вода, дури и при температури од - 28°C.

Dark_Blue_background.png

Едно решение - Повеќе комбинации

Линијата содржи една надворешна единица компатибилна со три различни врвни внатрешни единици, коишто може да се
приспособат за да овозможат греење, ладење и топла санитарна вода.

топлинска пумпа 3 H HT на внатрешни и надворешни единици
Поглед во куќа со три внатрешни единици и една надворешна единица на Daikin. Илустрација.

Изберете ја вашата внатрешна единица

Погледнете ги трите внатрешни единици кои се дел од оваа линија и трите различни поставки (три функции) со коишто можете да ги задоволите своите потреби за климатизација.

1. Модел со високоѕидна монтажа

Компактна единица што се комбинира со одделен резервоар за да произведе топла санитарна вода. Овој модел нуди дополнителни функции за ладење.


2. Модел со резервоар DHW од не’рѓосувачки челик

Компактна единица со зафатнина од 595x625mm. Единицата се поврзува со резервоар од 180 или 230L за да ги задоволи потребите од топла санитарна вода и може да се користи за ладење или за двозонски поставки.

Надворешна единица и 3 внатрешни единици на Daikin.

3. Модел со вграден резервоар ECH2O DHW

Единицата ECH2O содржи термален резервоар DHW од 300 или 500L што може да се поврзе со термални соларни панели. Овој модел нуди дополнителни поставки за ладење.

Четири функции

Само греење

Функцијата „Само греење“ е стандардна во производниот асортиман на Daikin и е достапна за сите три внатрешни единици. Овие поставки овозможуваат просторно греење и топла санитарна вода.

Двонасочност

Ако покрај греењето имате и потреба од удобно ладење и топла вода, функцијата „Двонасочност“ е најдоброто решение. Достапна за сите три внатрешни единици, со оваа функција системот може да премине од греење на ладење. За овие поставки е потребен поден систем од цевки или единици со фенкојлери.

Две зони

Вградената парапетна единица е единствената внатрешна единица опремена со поставки за две зони. Со функцијата „Две зони“, можете да ја регулирате температурата во две одделни зони во вашиот дом што користат различни грејни тела, како радијатори или подно греење.

Лого за Daikin Residential Controller.

Апликација Daikin Residential Controller со гласовна контрола

  • Управувајте со системот за греење од дома или далечински преку паметен телефон
  • Управувајте со системот за греење преку гласовни наредби
  • Поврзете ја со Google Assistant и Amazon Alexa
  • Другите функции опфаќаат:
    • Поставување распоред за секојднева употреба и за време на празници
    • Управување со повеќе единици/засилување на перформансите
    • Надгледување на потрошувачката на енергија