

Daikin, првата компанија во светот што ја воведува новата генерација чилери со воздушно ладење, со спирален компресор и со разладно средство R-32.
Daikin е постојан лидер во технологијата за чилери и повторно вложува напори да воведе иновативност. Со новата генерација чилери и топлински пумпи со R-32, Daikin го зголеми капацитетот на линијата Bluevolution, со што се овозможуваат придобивки од употребата на разладното средство R-32 при комерцијални примени.

Зошто Daikin ги претстави моделите со R-32?
Потенцијалот за глобално затоплување (GWP) на R-32 е само 675. Само една третина во споредба со често користените разладни средства како R-410A. Благодарение на помалата класификација за запаливост (R-32 спаѓа во класата A2L, категорија во ISO817), може безбедно да се користи при многу примени - и во системи за ладна вода. Како разладно средство со една компонента, може да се рециклира и да се користи повторно - уште една негова добра еколошка страна.
Зошто да го изберете разладното средство R-32
Разладното средство R-32 се смета за најбалансирано во однос на влијанието врз околината, енергетската ефикасност, безбедноста и исплатливоста за опремата за климатизација и топлински пумпи.
Ајде да анализираме како R-32 се однесува кон главните аспекти што треба да се земат предвид при изборот на разладно средство: дали можете да си го дозволите, дали е еколошко и безбедно.
Преглед на полисата за разладно средство на Daikin и одговор на новите потреби
Разладните средства се повеќе потребни откако нагло пораснаа потребите во светот за ладење и греење. Минатите решенија за разладни средства оставиле последици врз денешната околина, па затоа е важно да изнајдеме трајни решенија за тековните предизвици. Тоа е главната цел на Daikin. Придонес кон намалувањето на влијанието на разладните средства врз околината со детален пристап низ целиот работен век на разладното средство и опремата.
При изборот на разладно средство, главните аспекти што треба да се земат предвид вообичаено се безбедноста, дали можете да си го дозволите средството и дали средството е еколошко. Се работи за рамнотежа помеѓу овие различни аспекти и фактори. Секако, изборот може да се разликува во зависност од примената, затоа што еден совршен избор за секоја примена едноставно не постои. Но неодамнешните промени претставени од меѓународните регулативи доведоа до нов развој во светот на разладните средства, што води кон разладни средства со понизок GWP во изминатите неколку години.
Daikin, како компанија што има уникатна стручност во производството на разладни средства и опрема, R-32 го смета за најбалансирано во однос на влијанието врз околината, енергетската ефикасност, безбедноста, (R-32 спаѓа во класата A2L - слаба запаливост) и исплатливоста за опремата за климатизација и топлински пумпи. Затоа Daikin верува во R-32.
EWAT-B

EWYT-B

EWAA-DA

EWAT-CZ

EWYA-DA

EWYT-CZ


Линијата Bluevolution ќе се прошири со претставувањето на новата серија, со што ќе се прошири оваа фамилија производи на Daikin за сегментот на комерцијална климатизација.
Линијата Bluevolution е создадена од модерни и напредни технологии и го содржи разладното средство R-32. Овие производи се стремат значително да го намалат влијанието врз околината на технологиите за климатизација во комерцијалниот сектор. Сето ова се постигнува без влијание врз перформансите на единиците и нивната способност да овозможат потребно ниво на удобност. Обратете ни се за да дознаете повеќе!
Разладните средства се повеќе потребни откако нагло пораснаа потребите во светот за ладење и греење. Минатите решенија за разладни средства оставиле последици врз денешната околина, па затоа е важно да изнајдеме трајни решенија за тековните предизвици. Тоа е главната цел на Daikin. Придонес кон намалувањето на влијанието на разладните средства врз околината со детален пристап низ целиот работен век на разладното средство и опремата.
Daikin, како компанија што има уникатна стручност во производството на разладни средства и опрема, R-32 го смета за најбалансирано во однос на влијанието врз околината, енергетската ефикасност, безбедноста, (R-32 спаѓа во класата A2L – слаба запаливост) и исплатливоста за опремата за климатизација и топлински пумпи. Затоа Daikin верува во R-32 и продолжува да развива модерни технологии според ова разладно средство.
Следете нè за повеќе информации околу пуштањето на производот во употреба!