Skip to main content

Мал чилер со инвертор со R-32

Овозможува најдобра ефикасност во класата, најниските емисии на CO2 и брза испорака до клиентот

Зошто да го изберете

новиот мал чилер со инвертор?

  • Слабо влијание влијание врз околината
    Новиот мал чилер со инвертор со R-32 предизвикува најниски директни и индиректни нивоа на емисија на CO2. Поради тоа и поради употребата на R-32, коешто е познато одржливо разладно средство со низок GWP, серијата е пријатна за околината
  • Врвна ефикасност во класата
    Оваа нова серија се истакнува со способноста да овозможи најголема ефикасност на пазарот при режим за ладење и за греење, со што овозможува значајно намалување на сметките за енергија.
  • Водач во технологијата со R-32
    Daikin го има најголемиот број инсталации со R-32 во светот. Тоа не значи само дека сме најискусни, туку и дека сме најдостоен бренд со најголемо знаење за технологијата со R-32
  • Бесконечни можности за примена
    Линијата мали чилери со инвертор со R-32 е дизајнирана да ги задоволи потребите при најголем број примени, од индустриско ладење, до примена во станбен и деловен простор и во податочни центри. Сето тоа само за да им се овозможи на клиентите флексибилно решение за нивните потреби
  • Оптимални системски решенија
    Паралелното управување со повеќе единици, како и логиката за напредна контрола за оптимално ладење и греење и за исполнување на потребите од топла санитарна вода ја збогатуваат новата серија со голем број бесценети карактеристики.
  • Напредно поврзување
    Замената на хардверските алатки со софтверски ја намалува комплексноста. Благодарение на новодизајнираната апликација за конфигурирање, единиците од оваа серија може да комуницираат со надворешни BMS-системи.

  • Компактен дизајн
    Новиот мал чилер со инвертор со R-32 се произведува во три различни изгледи коишто овозможуваат голем капацитет за ладење/греење и покрај малата зафатнина. Тоа ја прави серијата одлично решение за проекти со помал простор.
  • Широка мрежа на поддршка
    Покрај придобивките од стандардите за квалитет, клиентите на Daikin имаат придобивки и од широката мрежа инсталатери и тимови за поддршка после продажба низ целиот свет.

Три различни изгледи

›› 16 - 25 kW

›› 1152 mm x 802 mm

Мал чилер со инвертор со R-32 од 16 до 25 киловати

›› 32 - 50 kW

›› 1752 mm x 802 mm

Мал чилер со инвертор со R-32 од 32 до 50 киловати

›› 64 - 90 kW

›› 3506 mm x 802 mm

Мал чилер со инвертор со R-32 од 64 до 90 киловати
bg-image

Верзии само со ладење или со топлинска пумпа:

  • Опсег на капацитет за ладење: 16 – 90 kW
  • Опсег на капацитет за греење: 16 – 90 kW
  • EER: до 3,16
  • SEER: до 5,41
  • COP: до 3,41
  • SCOP: до 4,19
  • Scroll-компресор на Daikin со технологија со инвертор

Важни карактеристики:

• Целосна технологија со инвертор

• Широк оперативен опсег: од – 20 °C до 46 °C при режим на ладење и од 20 °C до 35 °C при режим на греење

• Високотемпературна опрема достапна за проширување на границите до 52 °C

• Топла санитарна вода до 60 °C

• Најголемо ниво на ефикасност на пазарот

• Најниски директни и индиректни емисии на CO2 на пазарот

Тивко работење

• Главна/споредна функција како стандардна опција

• Достапно со опрема за пумпа со инвертор со ниско и високо дигање

• Опрема за напредно поврзување како дополнителна опција што содржи: поврзливост со сите BMS-системи, Daikin on Site и апликацијата на Daikin за брзо пуштање во употреба

Изглед:

• 1 или 2 вода за разладно средство

• Оптимален разменувач на топлина со залемена плоча

• Оптимален кондензирачки калем од бакар-алуминиум

bg-image

Погоден за голема удобност и широк опсег на примена

  • Работни услови

Гарантирано греење низ целата година и производство на топла вода до 60 °C и ладење од -20 °C до 52 °C за да се задоволат сите потреби.

Целосна технологија со инвертор

Најнапредната технологија со најголемото ниво на ефикасност и квалитет. Беспрекорна и докажана достојност благодарение на тестирањето чилери и делови на различни локации при екстремни работни услови. Scroll-компресорите на Daikin имаат придобивки од технологијата со инвертор што ја зголемува ефикасноста на линијата и при целосно и при делумно оптоварување, што е многу важно затоа што чилерите и топлинските пумпи најчесто работат при делумно оптоварување. Голема енергетска ефикасност овозможуваат и вентилаторите со инвертор кои заедно со Scroll-компресорите го претвораат малиот чилер со инвертор со R-32 во целосно инверторска линија. Работниот опсег на единицата може да се прошири до стандардните граници благодарение на ОПРЕМАТА ЗА ВИСОКА АМБИЕНТАЛНА ТЕМПЕРАТУРА и специфичниот електричен дизајн за високи амбиентални температури (до 52 °C)

bg-image

Управување и поврзливост со постројка

Главна/споредна единица или Modbus RTU се стандардна опција за да се овозможи совршена поврзливост со постројката

Далечинско надгледување и оптимизација на системот со облак-платформата Daikin on Site.

›› Прогнозирано одржување за да се спречат дефекти

›› Следете ја потрошувачката на енергија за да ги намалите трошоците

›› Надгледувајте и контролирајте го вашиот објект, без разлика каде се наоѓате, преку Daikin On Site

›› Далечинска дијагноза и поддршка за да се продолжи работниот век на системот

›› Управувајте со повеќе локации

Линијата мали чилери со инвертор со R-32