Skip to main content

Prezzemolo & Vitale - Палермо

За да се загарантира складирање на производите при ниски и средни температури и да се климатизира новата продавница Prezzemolo & Vitale во центарот на Палермо, инсталиравме систем со единици Zeas и VRV на Daikin.

Висококвалитетен склад за храна, разладен со системот од единици Zeas на Daikin

Неодамна се отвори нова продавница Prezzemolo & Vitale во историскиот центар на Палермо, каде целта е да се задоволат купувачите со одлични производи и учтива и професионална услуга. Продавниците за храна Prezzemolo & Vitale се дизајнирани до најситниот детаљ за да создадат удобна, пријатна и истовремено функционална околина за купувачи што сакаат квалитет, етика и имаат голема љубов кон храната.

Секоја продавница Prezzemolo & Vitale е и внимателно организирана за да го претстави секој производ на најдобар можен начин и за да во олесни купувањето што повеќе. За да се задоволат овие потреби, беше избран систем од единици Zeas на Daikin којшто гарантира акустична и климатска удобност, како и 24 часа ладење во отворени и затворени фрижидери и излози со помош на три фактори: технологија со инвертор, совршената компактност на кондензирачките единици и ниското ниво на бучава.

Решението за условите за акустична удобност и простор

Кондензирачките единици за разладување се срцето на разладните системи за секој тип продавница, супермаркет, ресторан, хотел или фабрика за производство на храна. За жал, како што е чест случај во градовите, продавницата Prezzemolo & Vitale имаше ограничувања во однос на просторот за надворешните единици од системот за разладување ладни соби и фрижидери и за системот за климатизација.

Решението што можеше најдобро да ги задоволи потребите на продавницата од Палермо беше системот од единици Zeas на Daikin, што се состои од компактни кондензирачи единици, позиционирани соодветно на мала платформа врз внатрешниот двор на објектот. Заедно со двете единици Zeas, системот VRV беше инсталиран да напојува внатрешни касетни единици за дување во 4 насоки за климатизација на внатрешниот простор на продавницата за храна.

Кондензирачките единици со средна и ниска температура Zeas се развиени од страна на Daikin за да овозможат температури од +10 °C до -45 °C. Произведени се според индустриски дизајн сличен дизајнот на единиците VRV на Daikin, што се користат во секторот за климатизација, како што е случај со продавницата Prezzemolo & Vitale. Системот Zeas го применува принципот VRV (променлив волумен на разладно средство) со технологија со инвертор и кај фрижидери, а неговата предност е во фактот дека многу побрзо реагира на променливо оптоварување од вообичаените системи, без загуба на ефикасност. Тоа го прави особено погоден за одржување соодветни температури кај отворени и затворени фрижидери, коишто се под влијание на амбиенталните услови, постојано им се отвора/затвора вратата и се наоѓаат во ладни соби во кои постојано се внесува и изнесува храна, со што се предизвикуваат големи промени во топлината. Ниското ниво на бучава на системите Zeas на Daikin овозможува да се инсталираат во продавници за храна од сите големини, затоа што содржат компресори со голем степен на звучна изолација, а со управувањето со инвертор се овозможува да се одржува мала брзина на вентилаторот и истовремено да се задоволат потребите за ладење. Нивото на бучава може да се приспособи според условите на околината или според времето од денот. Навечер, на пример, максималната брзина на вентилаторот може да се намали за да се намали и бучавата, со само ограничена загуба на капацитетот за ладење. Вентилаторите имаат перки и решетки дизајнирани за да ги намалат турбуленцијата и бучавата уште повеќе.

Висока енергетска ефикасност за одржливи активности

Употребата на тивки и ефикасни системи за климатизација и ладење ги задоволи потребите на сопствениците на продавницата Prezzemolo & Vitale и од економски аспект, затоа што системит Zeas овозможуваат заштеда на енергија меѓу 30 % и 50 % во споредба со потрошувачката на системите со вклучување/исклучување. Благодарение на Scroll-технологијата со инвертор на еднонасочна струја на вентилаторите и компресорите на надворешните единици, значително може да се намали потрошувачката во споредба со вообичаените единици и да се овозможи максимална контрола врз променливите оптоварувања во фрижидерите. Оптималната потрошувачка на енергија на разладните системи на Daikin е овозможена благодарение на функцијата Economizer што го зголемува капацитетот на испарувачот при помала потрошувачка; ова се постигнува додека се намалува температурата на празнење, со што се заштедува енергија и се подобрува работата на компресорот. Пад на надворешната температура и оптоварување во кондензирачката единица ќе предизвика брзината на компресорот и вентилаторот со инвертор и температурата на кондензирање да се сменат автоматски.

Во единиците Zeas, на пример, конфигурираната температура на испарување може да се зголеми со надворешен сигнал. За да се избегне ризикот од замрзнување на производите за време на ноќниот режим, температурата на испарување на единиците Zeas може да се зголеми до најмногу 3 °C над поставената. На овој начин, единиците Zeas може да се користат за да се намали температурата на производите до потребната температура за складирање, со што ќе се зголеми оптоварувањето само при периодот на ладење. Кога ќе се достигнат посакуваните температури, ќе се намалат оптоварувањето и потрошувачката на енергија.

Заклучоци

Технологија со инвертор со висока ефикасност на системите Zeas на Daikin претставува најисплатливо решение за складишта за храна, затоа што системит нудат современа технологија за ладење за целосна достојност и можност за управување, со најмала зафатнина, лесна инсталација и максимална енергетска ефикасност со намалени емисија на CO2 и работни трошоци. Тивките кондензирачки единици овозможуваат системот Zeas на Daikin да се инсталира секаде, дури и во центарот на градот.

Интервјуа со клучни лица

Џузи Витале, сопственик на продавницата Prezzemolo & Vitale

Со кои карактеристики се одликува вашата нова продавница?

„Нашата компанија се занимава со продажба. Имаме супермаркети каде продаваме одлични конвенционални, органски и локални производи. Потребата од соодветен систем произлезе кога ја отворивме продавницата, кога покрај тоа што требаше да овозможиме одржливост и ниска потрошувачка, моравме да го решиме и проблемот со недостаток на простор. Се наоѓаме точно во историскиот центар на Палермо, заштитени од страна на градскиот надзор, во пешачка зона, па можете да замислите колку беше проблематично да се постават единици надвор од објектот. Овластениот сервисен центар на Daikin како решение ни предложи да го инсталираме овој систем. Се потпревме на искуството на Daikin, затоа што мислам дека е многу важно да изберете произведувач што може да гарантира адекватна услуга после продажбата.“

Џузепе Рубино, сопственик на V.R.C. Cold S.r.l. од палермо

Кои се предностите при употреба на разладните системи на Daikin?

„Разладниот систем функционира преку две единици Zeas со што се овозможи да се разделат двата разладни система и да се ограничи големината на надворешните единици. Најважниот услов беше употребените системи да бидат доволно моќни да ги задоволат потребите за ладење на целата продавница. Мораше да содржат и опции, како на пример, ниско ниво на бучава и можност за поставување на надворешните единици на ограничен простор, што е вообичаено за продавници во центарот на градот. Поради ова го избравме Daikin, затоа што нивите единици Zeas ни овозможуваат да ги задоволиме потребите за ладење храна и климатизација благодарение на нивната естетика и на димензиите слични со оние на единиците VRV. Беа идеални за оваа намена. Благодарение на технологијата со инвертор на компресорите и вентилаторите, системот овозможува и ниски нивоа на бучава.“

Референтни податоци - Продавница Prezzemolo & Vitale

▪ Тип на системот: Систем за разладување Zeas на Daikin и систем за климатизација VRV на Daikin поврзани со касетни единици за дување во 4 насоки

▪ Локација: Палермо

▪ Инсталација на систем: Giuseppe Rubino, V.R.C. Cold S.r.l. од Палермо

Слични написи