Skip to main content

Болница во Базилдон

Брзата замена на чилерите во болницата ги совладува ефектите од климатските промени



Климатските промени и новите владини регулативи поттикнаа голема „операција“ врз вентилацијата и системите за ладење на клучен оддел во болницата при четиридневна постапка што опфати кровна инсталација на два чилери screw-компресор EWAH~TZ на Daikin со погон со воздушно ладење со променлива фреквенција (VFD) со употреба на разладното средство HFO.

Кардиоторакалниот центар (КТЦ) од универзитетската болница во Базилдон, Есекс, којашто е дел од фондацијата NHS во Среден и Јужен Есекс беше успешно заштитен од климатските промени во блиска иднина.

Четирикатната зграда е седиште на главниот оддел за операции на срце и бели дробови во областа, со четири операциони сали, четири лаборатории за преглед на крвните садови, оддели за снимање со магнетна резонанца и компјутерска томографија и две простории со 24 кревети за заздравување на пациентите.

КТЦ е одделен од главниот комплекс на болницата со тесен службен пат, но е поврзан со затворен мост на нивото на операционите сали. Две клима-комори (AHU) и два чилери се сместени на кровот на КТЦ – односно петтиот кат – блиску до патот и во линија со мостот.

Ијан Оукли, проектен менаџер на фондацијата NHS во Среден и Јужен Есекс, вели дека иако системите за вентилација и ладење биле „врвни“ во 2009 година, престанале да бидат ефикасни во поглед на температурата и влажноста.



Болница во Базилдон


„Клима-коморите имаа поставки за вклучување и исклучување на протокот на воздух што беше во сообразност со стандардите на техничкиот меморандум на болницата (HTM) во тоа време. Но свесни сме дека поради глобалното затоплување амбиенталните температури се искачуваат и над 31oC. Имаше денови кога капацитетот на ладење едноставно не ги задоволуваше потребите на операционите сали и лабораториите за преглед на крвните садови.

„Не можевме ниту да ја намалиме влагата во операционите сали, што влијаеше врз опремата, а операционите сали и лабораториите за преглед на крвните садови мораше да се затворат во деновите кога влажноста беше преголема, затоа што не можевме да ризикуваме да се расипе опремата за време на операција.

„Капацитетот на ладење мораше да се подобри – и да се заменат клима-коморите истовремено затоа што оригиналните единици никогаш ги немаа постигнато потребние брзини на проток на воздух.“

На инженерите од „Ellis Building Services“ им беше даден четиридневен викенд да ја отстранат старата опрема, а потоа и да го инсталираат и пуштат во употреба новиот погон – работа при вообичаени услови. Управниот директор Џејмс Елис вели дека теренскиот тим на Дејвид Едвардс и Ијан Крибс работел со голема посветеност за да го оствари овој проект за NHS.

Ијан Оукли вели: „Тоа беше целото време што можеше да си го дозволи КТЦ. Операционите сали беа затворени доцна во средата, при што работата мораше да биде завршена навреме затоа што имаше список со операции закажани да започнат во 8:00 наутро во понеделникот.“



Болница во Базилдон


И брзината беше од голема важност затоа што кранот беше поставен и службениот пат не беше достапен за сообраќај.

Прво беа симнати старите чилери со кранот и беше отстранет кровот од погонската просторија за да се заменат старите клима-комори. Откако се поставија новите клима-комори во погонската соба, се поставија новите чилери на Daikin управувани со VFD.

КТЦ се отвори за употреба навреме во понеделникот наутро.

Асортиманот од чилери TZ на Daikin е резултат на внимателен дизајн со цел да се оптимизира работата и перформансите на чилерот за удобност и индустриска примена при секакви климатски услови. Целта е да се намалат работните трошоци и да се подобри исплатливоста, ефективноста и економскиот менаџмент на инсталацијата.

Чилерите содржат високоефикасен дизајн на единечен screw-компресор управуван од VFD, голема површина на калем на кондензатор за максимален пренос на топлина и низок притисок при празнење, вентилатори за кондензатор со високи перформанси и испарувач „Shell & Tube“ со директна експанзија и со мали падови на притисокот на разладното средство.

Комбинацијата од овие овозможува најдобра ефикасност при работа со целосно и делумно оптоварување.

Полухерметички тип на единечен screw-компресор, со VFD вграден внатре во компресорот, е дизајниран и произведен од Daikin. Тој е резултат на долгогодишно искуство и постојана инвестиција во истражување и развој, оптимизиран да работи со разладното средство R1234ze(E), коешто има потенцијал на глобално затоплување 7.

Геометријата на самиот компресор е редизајнирана целосно за да се постигне највисока ефикасност при целосно и делумно оптоварување благодарение на VFD, којшто овозможува постојана модулација на ротационата брзина на компресорот. Електрониката на VFD се лади со разладно средство од водот на чилерот и овозможува фактор на моќност ≥ 0,95.

Неколку дополнителни опции што ги содржат чилерите:

· Микроканални калеми обложени со епоксиден полимер

· Двојни вентили за ослободување притисок

· Вентилатори контролирани со инвертор

· Мерачи на енергија

Список со опрема

Код

Опис

Бр. на единици

EWAH940TZSSC2

Чилер со инвертор на еднонасочна струја на Daikin R1234ze(E)

1

EWAH770TZSSC2

Чилер со инвертор на еднонасочна струја на Daikin R1234ze(E)

1






За Daikin Europe N.V.

Daikin Europe N.V. е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries и водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC&R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin дизајнира, произведува и нуди на пазарот широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели. До денес, Daikin Europe има над 13.700 вработени низ повеќе од 57 претставништва. Содржи над 14 производни фабрики во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Кралството на Саудиска Арабија. Главното седиште на групацијата Daikin Europe се наоѓа во Остенд, Белгија. Компанијата е основана во 1972 година а со производство во Европа започна во 1973 година. 

Информации за Daikin Industries Ltd. 

Daikin Industries е основана во 1924 година, во Осака, Јапонија. Глобалната групација има 96.000 вработени низ целиот свет и водач на пазарот за топлински пумпи и системи за климатизација и за прочистување на воздухот. Таа е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за греење, вентилација, климатизација, разладување и сопствени разладни средства. Компанијата достигна обрт од € 28,2 милијарди во фискалната 2022 година (1 април, 2022 – 31 март, 2023). 

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Софи Сап – тел.: +32 472 580482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com

Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com

Слични написи