
Кога требаше да се изврши надградба на постојните VRV-системи за да се намалат трошоците за одржување и да се подобри удобноста, главна цел беше изборот на решение со пониска емисија на CO2.
Лоциран на Playa de Las Arenas во Валенсија, хотелот со пет ѕвезди Balneario Las Arenas со својата одлична архитектура датира уште од 1898 година. Својата филозофија ја насочува кон луксуз и удобност за своите гости.
И грижата за околината е главен дел од етиката на хотелот. Кога требаше да се изврши надградба на постојните VRV-системи за да се намалат трошоците за одржување и да се подобри удобноста, главна цел беше изборот на решение со пониска емисија на CO2.
Поради претходната соработка со Daikin, хотелот одлучи да ги смени постојните топлински пумпи со пумпите VRV од програмата L∞ P од Daikin, при што главните цели на реновирањето беа одржливоста и помалите работни трошоци.
Сопственикот на хотелот се одлучи за топлинските пумпи VRV со опција за враќање топлина, со кои топлината извадена од просториите што треба да се ладат се користи за греење на други поладни простории, при што се заштедува многу.
Завршено навреме и во рамките на буџетот
Најпрво планиран како двегодишна програма за да не се пречи на гостите, проектот се заврши за рекордни шест месеци, при што се искористи и периодот кога хотелот беше затворен поради пандемијата со Covid-19.
„Благодарение на поддршката од Daikin, брзината на изведбата овозможи целата работа да се изведе во предвидениот рок.“
Вели Хесус Перез, инсталатор за климатизација при програмата за модернизација.
Беа заменети вкупно 88 надворешни, а беа задржани 485 од постојните внатрешни единици, со што се намалија трошоците и времето за изведба на проектот.
Процесот се состоеше од преобразба на постојниот систем со две цевки во конфигурација со три цевки и проширување на системот со дополнителни внатрешни единици за подобар амбиент во фоајеата.

„Ја постигнавме нашата цел за ефикасна контрола на климатизацијата со премиум бренд што овозможува удобност и квалитет на внатрешен воздух што ги заслужуваат нашите гости, покрај одржливоста и почитта кон околината - главна вредност за нашите хотели.“
Карлос Бога, директор, хотел Balneario Las Arenas
Услови за проектот
Година на инсталирање
2022
Инсталирани системи
- заменети 88 надворешни единици, заедно со 22 нови системи VRV за враќање топлина
- 60 кутии за распределба— замена на системот со 2 цевки со системот со 3 цевки
- 24 внатрешни единици во фоајеата
Достојна удобност
Системот за враќање топлина овозможува одлична удобност за гостите и корисниците на просториите за настани и конференции во хотелот.
Одделните температурни зони овозможуваат секоја просторија да се контролира поединечно, при што се приспособуваат условите за секое лице или активност. Како дел од реновирањето, го инсталиравме малиот управувач на допир BMS на Daikin со врска до облак-услуга. Ова му овозможува на менаџментот на хотелот да управува со климатизацијата далечински и целосно да ја оптимизира потрошувачката на енергија.
L∞P од Daikin
Овој проект е пример за филозофијата L∞P од Daikin, при што се користат достапните ресурси повторно на одговорен и квалитативен начин.
Во две нивоа од овој проект ја имплементиравме и циркуларната економија. Прво, ги зачувавме бакарните цевки и внатрешните единици од постојниот систем, со што заштедивме на ресурси и време. Потоа, новите топлински пумпи VRV со филозофијата LOOP од Daikin го користат разладното средство од
Оставивме да се користат 485 постојни внатрешни единици, со што ги намаливме трошоците и времето значително.
претходно користените системи. Разладното средство се користи повторно, што значи дека е обновено на начин на кој што ќе го има истиот квалитет како свежо разладно средство, со таа разлика што не се трошат природни ресурси.
Големото реновирање на хотелот Balneario Las Arenas прикажува како денешната технологија може да овозможи да се намали емисијата на јаглеродни гасови од објектите и брзо и исплатливо да се намалат сметките за енергија само со менување на надворешните единици.
Хотелот продолжува да работи на многу поодржлив и поефикасен начин без влијание врз околината, со помали трошоци и со подобрена удобност.

Новите единици VRV овозможуваат независна контрола врз климатизацијата за собите и просториите за конференции и поудобен престој за гостите.

Врската со облак-услугата му овозможува на менаџментот на хотелот целосна контрола и оптимизација на употребата на енергија.

Инсталирани на кровот, топлинските пумпи со враќање топлина VRV од програмата L∞P од Daikin ја намалуваат емисијата на јаглеродни гасови и овозможуваат пониски трошоци за одржување.