Skip to main content

VRV IV S-серија

Најкомпактниот VRV.

bg-image

Бидете дискретни

Нашите единици со дување од предната страна од VRV IV S-серијата се потенки и покомпактни од сите други VRV-единици, што значи дека може да ги надминат предизвиците што ги наметнуваат естетиката и прописите. Опремена со најновите технологии за заштеда на енергија и можноста да се поврзе со широк асортиман од елегантни комерцијални и станбени единици, нашата VRV IV S-серија е комплетно решение за климатизација и идеален избор кога надворешниот простор е ограничен.

bg-image

Дизајн за заштеда на простор

Димензиите на VRV IV S-серијата ја прават најкомпактна VRV-единица на пазарот. Со само 823 mm, единицата е доволно кратка за да влезе дискретно под прозорци и е практично незабележлива, со што е и најдобрата единица за инсталација на покрив и на балкон. Принципот за дување од предната страна на единицата, исто така, ја намалува турбуленцијата и ја отстранува потребата од воздушни водови.

Широк асортиман, многу функции

Можеби се дискретни, но единиците од VRV IV S-серијата се издвојуваат кога се работи за придобивките што ги нудат. Со широк асортиман од единици со мала зафатнина што лесно се поврзуваат со одредени стилски и комерцијални решенија, VRV IV S-серијата нуди совршена внатрешна климатизација со флексибилност и стандардни функции на VRV IV, како на пример, променлива температура на разладно средство.

Променлива температура на разладно средство VRV IV S серија
Циркуларна економија

Затворање на циклусот: кон циркуларна економија

Повторна користете го разладното средство и избегнете емисија на повеќе од 150000 kg гас годишно.

Единиците од сериите VRV IV+ враќање топлина и VRV IV S сега се достапни со распределба на сертифицирано рециклирано разладно средство. Направете позитивен избор за околината со производот VRV L∞P од Daikin!

Најкомпактна VRV IV s-серија

Дознајте повеќе