Сетала, 17 декември, 2025 – Daikin го проширува својот асортиман клима-комори со пуштањето во продажба на Compact R, нов член на серијата Compact. Овој последен развиток содржи функција за ротирачко враќање топлина во компактно куќиште, овозможува подобри енергетски перформанси и ја одржува малата зафатнина поради што линијата Compact е првиот избор за комерцијални примени. Со странични спојки, подобрување во инсталирањето и поголемата флексибилност, Compact R ја проширува понудата од клима-комори на Daikin за модерни објекти.
Развиена за да биде енергетски ефикасна, приспособлива и лесна за инсталација, Compact R ги комбинира обмислениот дизајн, стручното инженерство и реномираните перформанси.
Разновидно решение за модерни комерцијални објекти
Compact R е достапна во седум големини што опфаќаат брзини на проток на воздухот од 500 до 6.000 m³/h, поради што е погодна за секакви простории, како продавници, канцеларии и образовни установи. Единиците доаѓаат со десна или лева конфигурација и со странични спојки што го поедноставуваат вградувањето во различни распореди на објектите.
Благодарение на компактните димензии, единицата може да се инсталира внатре или надвор, со што нуди флексибилно решение за нови објекти и при реновирање. Нејзиниот дизајн поддржува ефикасно управување со протокот на воздухот и придонесува за подобар квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ).
Флексибилност со дополнителни елементи и лесна конфигурација
За да се приспособи на разните потреби, Compact R може да содржи широк избор на дополнителни елементи, како електрични грејачи, грејни калеми за обработка на воздухот, дополнителни фази на филтрација и придушувачи на звук. Ова му овозможува на системот да се конфигурира за да ги задоволи очекувањата за перформансите и удобноста при разни примени — од продажба и сместување до деловни објекти и училишта.
Интеграција со технологијата Daikin
Compact R е целосно компатибилна со опремата AHU-DX од Daikin со што се создава еден интегриран систем којшто ги комбинира клима-комората и кондензирачката единица за да може да се управуваат како една целина. Со тоа се поставуваат помалку кабли, се подобрува ефикасноста при работа и се овозможуваат оптимални перформанси. Главниот калем за обработка на воздухот — достапен како воден или DX-калем — е вграден директно во модулот, со што се задржува компактната зафатнина.
Опремата AHU-DX ги поддржува и напорите за декарбонизација и овозможува ладење и греење без бојлери на гас. Може да се користи со R-410A и R-32, со што нуди опции за дизајнирање флексибилен и одржлив систем.
Преку Astra Web, софтверот за клика-комори од Daikin, конфигурацијата се вржи прецизно и едноставно.
Compact R може да се комбинира и со системите Daikin VRV R-32 за греење и ладење со висока ефикасност, поддржано од вградените безбедносни уреди за R-32.
Ефикасно враќање на енергијата
Ротирачко термално тркало — достапно во верзиите со кондензација или сорпција — ѝ овозможува на Compact R да враќа и осетна и латентна топлина. Со пренесување на енергијата од издувниот воздух во новиот свеж воздух, единицата ја намалува вкупната потрошувачка на енергија и одржува стабилни услови во просториите низ целата година.
Достојна работа со помалку одржување
Системот за филтрација содржи филтер ePM1 50 % (F7) на воздухот што влегува и филтер ePM10 75 % (M5) на воздухот што се враќа назад. Со ова се гарантира висок квалитет на внатрешниот воздух и се штитат предметите од прашина. Во комбинација со инженерството од Daikin и компактниот распоред, ова овозможува достојно решение со малку одржување.
Сертифицирани перформанси
Compact R е сертифицирана од Eurovent и овозможува целосна транспарентност и независна валидација на сите технички податоци. Ова ги уверува дизајнерите, советниците и крајните корисници дека единицата ќе работи како што е наведено.
Брза достапност и едноставно инсталирање
Compact R се произведува по пристапот Make-to-Stock (MTS) (единици на залиха), што овозможува брза испорака. Поголемите единици се доставуваат во два одделни модули за да може да се состават во ограничен простор, особено при реновирање. Иако единицата е конфигурирана за внатрешна инсталација, достапна е и опрема за надворешна инсталација за да се добие целосна флексибилност при инсталирањето.
Compact R се испорачува во состојба приклучи-и-пушти, со претходно конфигурирани поставки за полесна инсталација и пуштање во употреба.
Паметно управување и надгледување на перформансите
Како решение за децентрализирана вентилација, Compact R овозможува управување зона по зона и брза инсталација. Комбинацијата со сензорот IEQ од Daikin овозможува да се надгледува квалитетот на внатрешниот воздух и овозможува вентилација контролирана по потреба (DCV), при што може да се приспособува брзината на вентилаторот за совршен квалитет на внатрешниот воздух.
Compact R е компатибилна и со Daikin on Site (DoS), платформата за далечинско надгледување 24/7 од Daikin. DoS ја подобрува достојноста на системот, го намалува застојот во работата и овозможува постојан увид во перформансите.
Единицата ја содржи платформата Pro open control од Daikin, со што овозможува целосна интероперабилност со модерни системи за управување со објекти (BMS) и им овозможува на техничките лица да ја регулираат работата, да ги надгледуваат перформансите и да имплементираат соодветни контролни стратегии.
За Daikin Europe N.V.
Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin дизајнира, произведува и им нуди на купувачите широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели. До денес, Daikin Europe има над 13.800 вработени низ повеќе од 59 претставништва. Содржи 14 производни локации во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Кралството на Саудиска Арабија. Со седиште во Остенд (Белгија) повеќе од 50 години, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries.
Информации за Daikin Industries Ltd.
Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот со повеќе од 98.000 вработени. Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2023 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28 милијарди (1 април 2023 – 31 март 2024).
Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com.
Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.
Софи Сап – тел.: +32 472 580482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com
Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com