Брисел, 15 јануари 2026 – По пуштањето во продажба на серијата Daikin Altherma 4 EPSK во април 2025, Daikin најави важно надополнување на асортиманот. Новата серија Daikin Altherma 4 EPSKS ќе биде достапна во класи на капацитет од 4, 6 и 7 kW. Помали, но со иста енергетска ефикасност како поголемите капацитети од асортиманот Daikin Altherma 4, новите модели Daikin Altherma EPSKS се дизајнирани удобно и исплатливо да греат објекти со средна и јака изолација и да овозможат топла санитарна вода. Со излезна температура до 70°C, новите единици создаваат доволно топлина за подно греење, како и за вообичаени радијатори со топла вода, за кои се потребни повисоки температури. Топлинска пумпа со екстремно високи перформанси, новиот асортиман EPSKS го олеснува преминот кон решение со слаба емисија на јаглеродни гасови.
Извонредни перформанси, достојност и удобност
Daikin Altherma 4 е првата топлинска пумпа од Daikin за станбена примена развиена да користи R-290 (пропан) како разладно средство. R-290 нема никаков потенцијал за глобално затоплување (GWP). Дизајнот опфаќа соодветни безбедносни компоненти од Daikin, како сепаратор за гас за да се спречи протекување на разладното средство, фабрички монтирани вентили против замрзнување, затворена разводна кутија и сензор за гас со автоматско работење на вентилаторот. Оваа технологија гарантира целосна безбедност при транспорт, инсталација и работа на единицата.
Со целосна достонјност и постојана топлина, дури и при надворешни температури до -28°C, Daikin Altherma 4 е создадена за удобност и овозможува просторно греење преку радијатори при 55˚C и преку подно греење при 35˚C, како и топла санитарна вода до 70°C. На барање е достапна и опција за ладење. Температурата на излезната вода 70°C/75˚C поддржува вообичаени радијатори со топла вода, што ја чини соодветна замена за бојлери на гас.
Современ дизајн за удобност и стил
Редизајнирана во нова, компактна големина, најновата серија надворешни единици Daikin Altherma EPSKS овозможува полесно маневрирање на терен. Ергономски поставената електронска табла и фабрички монтираните компоненти заедно со помалите цевки за вода и помалата потреба од вода ја поедноставуваат инсталацијата и ги намалуваат трошоците.
Современиот и елегантен изглед на новата единица и црната решетка со лајсни го затскриваат вентилаторот. Капакот и страничните панели ја рефлектираат средината, со што и овозможуваат на единицата да се вклопи дискретно во околината.
Асортиманот Daikin Altherma 4 EPSKS содржи развиена и оптимизирана технологија во нашата компанија за да овозможи деноноќна удобност во домаќинството.
Попаметна контрола
Интуитивен и паметен интерфејс со новиот екран на допир и во боја од 5”,MMI , со WLAN како стандардна опција и далечински ажуриран софтвер, нуди полесно, побрзо и интуитивно управување. Новиот MMI и новиот софтвер го поедноставуваат поставувањето на пумпата и им овозможуваат на инсталатерите далечински да ги погледнат параметрите, без да вршат посета на самото место. Корисничкиот интерфејс MMI 4 овозможува функциите за ладење да се блокираат по потреба во новите помали класи.
Придобивки имаат и крајните корисници со тоа што можат да ја надгледуваат потрошувачката на енергија на единицата и да ја приспособат температурата, во секоја просторија посебно, преку апликацијата Daikin Onecta.
Специјални програми за обука на инсталатери
Daikin овозможува и детални програми за обука на инсталатери за да загарантира висококвалитетна инсталација на Daikin Altherma 4 H со R-290, како и технички прием, одржување и поправка.
Овие обуки, достапни преку платформата Stand By Me, се дел од политиката за максимална безбедност на Daikin за справување со запаливи разладни средства во станбени средини. Stand By Me – Сертифициран партнер достапен за сите инсталатери. За повеќе информации околу програмата, одете на https://www.sbm-cp.daikin.eu/
{Забелешка: Во согласност со својата глобална стратегија за разладни средства, Daikin нуди алтернативни станбени топлински пумпи со слабо запаливо разладно средство R-32 за онаму каде не може да се користи пропан]
Спецификации на производот Daikin (Daikin Altherma 4 EPSKS)
- Daikin Altherma 4 EPSKS сега е достапна во три нови класи 4, 6, 7 kW (монофазни)
- Нови компактни димензии (В958 x Ш1220 x Д535)
- Најдобра ефикасност во класата: Ефикасност до A+++/A+++ (35°C/55°C), со голема ефикасност за топла санитарна вода A+ за шеми за вода од чешма L / XL и опсег на работа до -28°C
- Температурата на излезна вода од 70°C при -15°C за класите 4, 6 и 7 kW
- Може да се комбинира со 3 различни внатрешни единици (високоѕидна, парапетна со вграден резервоар, парапетна со резервоар ECH2O)
- Поддржува паметна енергетска мрежа
- Високата модулација овозможува подобрена ефикасност.
- Лади исто добро колку што и грее → CC @A35/W18 = 8,9 kW
- Потребен е многу низок минимален волумен на вода: Во многу случаи 0 L, инаку 13 L.
Слики под авторски права: Daikin Europe
За Daikin Europe N.V.
Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin Europe опслужува разни купувачи низ овие региони со дизајнирање, производство и маркетинг на широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија, создадени за станбени, комерцијални индустриски намени. Компанијата има над 13.800 вработени низ 58 претставништва и поседува 15 производни локации во Европа (12), Турција (1) и Блискиот Исток (2). Производите за разладување на Daikin се достапни под брендовите Daikin, Tewis, Zanotti, Hubbard и AHT. Со седиште во Остенд, Белгија, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries повеќе од 50 години.
Информации за Daikin Industries Ltd.
Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот. Компанијата има повеќе од 103.500 вработени низ целиот свет. Основана во Осака во 1924, Daikin е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства . Daikin беше назначена за една од првите 100 иновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и интелектуалната сопственост. За својата фискална 2024 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28,98 милијарди (1 април 2024 – 31 март 2025).
Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com.
Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.
Софи Сап – тел.: +32 472 580482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com
Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com