Skip to main content

Целосен асортиман со R-290 за станбена и индустриска примена

Daikin ги подобрува декарбонизацијата и безбедноста

Брисел, 2 март 2026 – Daikin го најавува пуштањето во продажба на асортиманот R-290, со капацитети од 17 до 2.000 kW во комплементарни производни линии: моноблок единиците EWA(Y)K-CZ (17- 85 kW), достапни во верзии со топлинска пумпа и само за ладење и модуларните топлински пумпи EWYK-QZ, надградливи до 2.000 kW. Ова опширно и трајно портфолио опфаќа широк опсег на капацитет и поддржува декарбонизација за станбена, комерцијална и индустриска намена - потпомогнато од природното разладно средство R‑290 (пропан) со многу низок потенцијал за глобално затоплување, во комбинација со дизајн со висока достојност и безбедност. EWYK-QZ ќе бидат достапни за нарачки од 1 април, а EWA(Y)K-CZ ќе бидат достапни од средината на мај.

Безбедност како принцип за дизајн: Daikin Safety Shield

За употреба на пропан е потребно посебно внимание на безбедноста. Затоа, низ целиот асортиман од 17 до 2.000 kW, Daikin нуди пакет решенија за најважните функционалности на единицата, вградени во Daikin Safety Shield.

Главниот услов за сите безбедносни уреди е независно напојување со струја од 230 V, овозможено од корисникот, за да се загарантира правилно работење при сите услови – дури и при итни ситуации или ако се јави дефект кај главното напојување на единицата. Ова овозможува постојано надгледување и активација на безбедносните системи. Ако напојувањето со струја за безбедносните уреди е неактивно, прекинато или неправилно поврзано, единицата нема да се стартува и ќе остане во безбеден режим на мирување.

Електричната разводна кутија е дизајнирана како околина со регулирани услови. Постојано е под притисок и е опремена со системи за детекција на протекување на разладно средство, поддржана со вентилација со ATEX-сертификат и со визуелни и звучни аларми што веднаш известуваат при невообичаени услови.

Разладното средство R-290 е фабрички наполнето во соодветни резервоари, со што се подобрува безбедноста при транспорт и работа пред инсталацијата. Водот на разладното средство содржи и механички безбедносен вентил за справување со при преголем притисок преку контролирано празнење по потреба.

Дополнителните безбедносни мерки овозможуваат секое можно протекување на разладното средство да се забележи и да се спречи на контролиран начин, со што единицата може да се исклучи безбедно. И хидроничниот вод е заштитен: ако се забележи протекување, вентил за прекин на проток го изолира водот за вода и спречува разладното средство да се рашири надвор од единицата.

Со примена на Daikin Safety Shield во двата асортимани на производи, Daikin гарантира унифицирани безбедносни стандарди и постојан пристап кон дизајнот од мали до големи капацитети.

Daikin EWA(Y)K-CZ: компактно решение до 85 kW

Асортиманот EWA(Y)K-CZ на Daikin го опфаќа сегментот од 17 – 85 kW со моноблок единици воздух-вода, достапни во конфигурации со топлинска пумпа и само со ладење. Верзијата со топлинска пумпа овозможува температури на излезна вода до 75°C благодарение на технологијата за вбризгување пареа, поради што е погодна за новите инсталации и за замена на бојлери, дури и без замена на постојните грејни тела. Верзијата со ладење гарантира голем опсег на работа со минимална температура на изладена вода до -15°C со гликол и е наменета за примена во домови до процеси со мали и средни капацитети за ладење. Единиците работат при температура на надворешен воздух од -20°C до +46°C, со што овозможуваат постојаност при разни климатски услови.

Единиците EWA(Y)K‑CZ содржат scroll-компресори со инвертор и вентилатори со инвертор од Daikin, развиени во нашите фабрики за оптимални перформанси. Оваа конфигурација овозможува оптимизирано управување со модулација, што е особено важно за примена со променливо оптоварување, вообичаено за станбени објекти со повеќе семејства, објекти за сместување и мали до средни компании.

Топлински пумпи со R-290 инсталирани на кров од комерцијален објект

Daikin EWYK-QZ: модуларност и ефикасност при делумно оптоварување до 2.000 kW

За примени со поголем капацитет, асортиманот EWYK-QZ се истакнува со модуларна архитектура која овозможува конфигурации со повеќе низи до 2.000 kW и работи како еден интегриран систем. Модуларноста овозможува инсталираниот капацитет да се приспособи на тековните потреби на проектот, со што се поддржува нов развој и проширување на проектот со тек на време. Транспортот и инсталацијата се поедноставни затоа што модуларната конфигурација нуди поголема флексибилност во целиот дизајн.

Единиците се опремени стандардно со scroll-компресори со инвертор и EC*-вентилатори без четкички, со што се овозможува постојано приспособување на капацитетот според тековните потреби на системот. Во комбинација со модуларната архитектура, овој пристап овозможува особено ефикасно работење при услови на делумно оптоварување, кои се карактеристични за модерните објекти и многу индустриски процеси. Постојаната модулација ги намалува циклусите на вкл/иск, придонесува за подобра сезонска ефикасност и подобра стабилност при работа низ целата година.

За комплексни инсталации, контролниот концепт работи на две нивоа. Во една низа, секвенцер за повеќе единици ги координира и регулира сите основни модули. Конфигурациите со повеќе низи ги надгледува Daikin Intelligent Chiller Manager (iCM) што ја оптимизира распределбата на оптоварувањето врз единиците, ефикасно управува со секвенционирањето и ја поддржува постојаноста на услугите кај инсталациите со голем капацитет.

Квалификувано инсталирање и технички прием што може да се следи

Поради фактот што се користи разладното средство R-290, инсталирањето на единиците мора да го врши квалификуван и овластен персонал. Активностите за технички прием мора да се регистрираат преку апликацијата e-Care на Daikin. Ова ќе овозможи да се следат работите при стартување ќе гарантира дека системот е инсталиран и работи во согласност со намената на дизајнот од обучени технички лица. Овој структуиран пристап поддржува безбедност, постојаност при работата и долготрајна достојност на системот низ целиот работен век.

Препорака:
*EC = електронски комутирани

Слики под авторски права: Daikin

За Daikin Europe N.V.

Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin Europe опслужува разни купувачи во овој регион со дизајнирање, производство и маркетинг на широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија, создадени за станбени, комерцијални индустриски намени. Компанијата има над 13.800 вработени низ 58 претставништва и поседува 15 производни локации во Европа (12), Турција (1) и Блискиот Исток (2). Производите за разладување на Daikin се достапни под брендовите Daikin, Tewis, Zanotti, Hubbard и AHT. Со седиште во Остенд, Белгија, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries повеќе од 50 години.

Информации за Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries (DIL) е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот. Компанијата има повеќе од 103.500 вработени низ целиот свет Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот за греење, вентилација, климатизација и разладување, како и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2024 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28,98 милијарди (1 април 2024 – 31 март 2025).

Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com.

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Софи Сап – тел.: +32 472 580482 Е-пошта: sap.s@daikineurope.com

Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 Е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com

Слични статии