Skip to main content

Нова опрема за поврзување клима-комори со надворешни единици DX

Брисел, 21 ноември 2023 – Daikin го најави пуштањето во употреба на новиот експанзионен вентил и новата контролна кутија за лесно поврзување на надворешните единици Daikin DX (директна експанзија) со клима-комори. Новата опрема работи и со разладното средство со низок потенцијал на глобално затоплување R-32, со што овозможува решение со ниска емисија на јаглерод за греење, ладење и свеж воздух и создава оптимална удобност за комерцијални простории.

Се олеснува декарбонизацијата на објектите и се подобрува удобноста

Поврзувањето на клима-коморите (AHU) со надворешните единици DX овозможува значајни придобивки за комерцијалните простории, нуди подобра удобност и висока енергетска ефикасност. Системите DX реагираат веднаш при промената на оптоварувањето на температура на свежиот воздух, со што се овозможува постојана и удобна внатрешна температура, без загуба на енергија.

Згора на тоа, најновите единици со инвертор VRV 5 го користат разладното средство со низок потенцијал на глобално затоплување R-32. На тој начин тие значајно ја намалуваат емисијата на јаглерод на објектите, помагаат да се постигнат еколошките цели при работата и овозможуваат решение погодно и за во иднина.

Олеснување и избор

Најновата опрема за експанзионен вентил EKEA е значително подобрена и нуди едноставност и исплатливост со зголемена флексибилност и повеќе опции за конфигурирање за да овозможи ефективно поставување што ќе одговара на потребите.

Трите нови капацитети (300, 350 и 400) нудат целосен асортиман на опрема со експанзионен вентил од 5 до 69,3 kW за да се задоволат сите потреби на објектот. Со петте режими на управување, дизајнерите може да го изберат најпогодното решение и да добијат рамнотежа помеѓу лесна интеграција и времиња на реакција. Опремата може да се користи при екстремни временски услови и до минус 20˚C.

Понуда на едно место

Опремата за клима-комора на Daikin може да се користи со секоја клима-комора DX со разладно средство R-32 (или R-410A), но за да се поедностави испораката, Daikin нуди и спакувано решение. Тоа содржи надворешна единица Daikin DX и клима-комора Daikin со опрема со експанзионен вентил и фабрички поставена контролна кутија, со што овозможува сериски концепт на компатибилност со само една точка на контакт. Со решенијата со клима-комори лесно се достигнува проток на воздух од 140.000 m³/h благодарение на наменскиот софтвер на Daikin.

EKEA - пакет со свеж воздух на Daikin

Жоао Течеира, специјалист за VRV-производи во Daikin, вели:

„Постојано работиме за да развиваме иновативни производи со помала емисија на CO2, наменети за целосно еколошки комерцијални објекти. Со интеграцијата на топлинските пумпи VRV 5 со системите со клима-комори, опремата со експанзионен вентил EKEA овозможува леснотија и едноставност со потенцијалот за понатамошно изменување за да овозможи оптимална употреба на енергија при употреба на разладни средства со понизок потенцијал на глобално затоплување R-32 за да го намали влијанието врз околината.”

Делови на системот

Потребни се 5 клучни елементи за да се интегрираат клима-коморите со системот DX. Следува краток преглед на компонентите и нивната функција.

EKEA - Главни компоненти и кабли
  1. Надворешна единица DX (пример: надворешна единица VRV 5) овозможува брза реакција при промена на оптоваувањето и пониски работни трошоци
  2. Клима-комора од Daikin (или од трето лице) со разменувач на топлина DX (директна експанзија). Разменувачот на топлина DX го заменува водениот разменувачот на топлина. Сите други елементи на клима-комората се исти
  3. Опремата со експанзионен вентил што го регулира протокот на разладното средства (а со тоа и капацитетот) до клима-комората
  4. Контролната кутија што го регулира капацитетот на опремата со експанзионен вентил и на надворешната единица врз основа на внесените вредности од управувачот и сензорите/термисторите. Во зависност од типот на управувањето и поставеноста на термисторот, регулирањето може да се изврши врз температурата на влезниот воздух или воздухот што се враќа или преку температурата на испарување/кондензирање
  5. Управувач на Daikin или DDC-управувач којшто ќе овозможи рамнотежа помеѓу лесната интеграција и времињата на реакција при промената на оптоварувањето

За повеќе информации, преземете ја брошурата подолу.

Слики под авторски права: Daikin Europe

За Daikin

Daikin Europe N.V.

Daikin Europe N.V. е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries и водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC&R) во Европа, Средниот Исток и Африка. Daikin дизајнира, произведува и нуди на пазарот широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели. До денес, Daikin Europe има над 13.700 вработени низ повеќе од 57 претставништва. Содржи над 14 производни фабрики во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство, Турција, Обединетите Арапски Емирати и Кралството на Саудиска Арабија. Главното седиште на групацијата Daikin Europe се наоѓа во Остенд, Белгија. Компанијата е основана во 1972 година а со производство во Европа започна во 1973 година.

Информации за Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries е основана во 1924 година, во Осака, Јапонија. Глобалната групација има 96.000 вработени низ целиот свет и водач на пазарот за топлински пумпи и системи за климатизација, како и за прочистување на воздухот. Таа е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за греење, вентилација, климатизација, разладување и сопствени разладни средства. Компанијата достигна обрт од € 28,2 милијарди во фискалната 2022 година (1 април, 2022 – 31 март, 2023).

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Софи Сап – тел.: +32 472 580482 е-пошта: sap.s@daikineurope.com

Даисуке Какинага – тел.: +32 465 462321 е-пошта: kakinaga.d@bxl.daikineurope.com

Контакт за медиуми за прашања околу производството на Daikin Europe N.V.

Жил Де Брајне – тел.: +32 486 523554 е-пошта: debruyne.g@daikineurope.com

Слични написи