
Што се топлински што работат на принципот воздух-воздух?
Топлинските пумпи воздух-воздух го грејат и ладат домот со енергија добиена од воздухот и со само 20 % струја - невообичаено енергетски ефикасен начин да се постигне совршена температура преку целата година.

Створени за секој дом
Без разлика дали го реновирате домот или градите нов, топлинската пумпа воздух-воздух на Daikin ги задоволува сите ваши потреби за ладење и греење. Нашите флексибилни единици се инсталираат лесно и се идеални за замена на старите електрични системи. Исто така, нивната енергетска ефикасност A+++ и слабото влијание врз околината ги задоволуваат сите услови на еколошките објекти.
Најдобра енергетска ефикасност во класата
Топлинските пумпи воздух-воздух на Daikin овозможуваат енергетска ефикасност до A+++ благодарение на големиот број напредни решенија. Нашата препознатлива технологија со инвертор, на пример, ја намалува потрошувачката на енергија до 30 % во споредба со системите без инвертор, едноставно со приспособување на брзината на моторот наместо целосно да го исклучува и одново да го стартува.

Ладење и греење за до 5 простории
Топлинските пумпи воздух-воздух на Daikin нудат повеќе опции: можете да поврзете една внатрешна со една надворешна единица или да го користите нашиот мултисплит-систем за да поврзете до пет внатрешни единици на една надворешна единица. Мултисплит-системот овозможува ефикасно ладење или греење на пет простории со различни температури.
Дознајте повеќе
Напојувана од обновлива енергија
Напојувани од 80% енергија одделена од воздухот и 20% струја, нашите топлотни пумпи воздух-воздух го греат и го ладат вашиот дом со енергетска ефикасност A+++, што претставува највисока енергетска ефикасност на пазарот.
Различни опции за дизајн на вашиот ентериер
Нашите најпопуларни топлински пумпи воздух-воздух
Флексибилните конфигурации се вклопуваат во секој дом
Без разлика дали барате решение за една соба или систем за целиот дом, ние ќе ги задоволиме вашите потреби.