Уживајте во климатизација, развлажување, сушење и вентилација со свеж воздух со енергетска ефикасност A+++
Вашата совршена атмосфера
Уживајте во совршена атмосфера со извонредни перформанси и тивко работење на високоѕидната единица Ururu Sarara.
Оптимални перформанси
Ладете ја и грејте ја секоја просторија брзо и ефикасно.
Паметна контрола на влажност
Системите за развлажување Ururu и за сушење Sarara овозможуваат соодветна влажност на воздухот.
Вентилација со свеж воздух
Благодарение на моќната вентилација на Ururu Sarara, можете да уживате во вашиот дом - дури и со затворен прозорец.
Интелигентно прочистување на воздухот
Уживајте во подобар и почист воздух. Daikin Flash Streamer ги елиминира алергените како полен и габи и ги отстранува непријатните мириси. Функцијата за автоматско чистење на системот ги задржува перформансите и овозможува подолг век на работа.
Информации за Ururu Sarara
Енергетска ефикасност A+++
Ururu Sarara црпе 80 % од својата моќност од воздухот и само 20 % од струјата. Освен тоа, единицата уште повеќе ја намалува потрошувачката на енергија преку паметни технологии и енергетски ефикасни поставки.
Неспоредлива удобност
Уживајте во поголема удобност со сензорот за движење за 3 полиња на Ururu Sarara. Сензорот го насочува протокот на воздух настрана од луѓето и автоматски го вклучува системот во режим за заштеда на енергија кога ќе забележи дека просторијата е празна.
Интелигентен дизајн
Со филтерот со автоматско чистење и многу тивкото работење, Ururu Sarara совршено се вклопува во вашиот ентериер и животен стил. Наградуваниот дизајн на единицата е инспириран од јапонската лепеза „Ogi“.
Паметна контрола на атмосферата
Ururu Sarara нуди различни начини за управување со домашната средина. Управувајте со единицата преку инфрацрвен далечински управувач, апликацијата Daikin Residential Controller на вашиот паметен телефон или со гласовни наредби преку Alexa или Google Home.