Skip to main content

Истовремено разложување полен + издувен гас + честички PM2,5 што ги влошуваат симптомите при алергиски ринитис

Докажано е дека технологијата Streamer го разложува поленот од чедар и истовремено го разложува издувниот гас (честички од издувен гас од дизел) и честичките PM2,5 што ги засилуваат симптомите при алергиски ринитис, со што значајно го намалува интензитетот на алергистите реакции.

Професор Нобујуки Ширасава

Надзорник
Професор Нобујуки Ширасава

Доктор по биологија и медицина
Оддел за рехабилитација,
Факултет за медицински науки и здравје,
Универзитет „Tohoku Bunka Gakuen“

Полен + издувен гас + честички PM2,5 се разложуваат истовремено, со што се намалува алергенската сила за 92,4 %

Тестирањето го извршува

Демонстрирано на Универзитетот „Yamagata“ под надзор на Професорот Ширасава, Универзитет „Tohoku Bunka Gakuen“

Метод на тестирање

Се изврши експеримент за споредба на 3 групи глувци. Соодветно беа нанесени (група A) алерген, (група B) алерген + издувен гас, (група C) алерген + честички PM2,5, (група D) алерген + издувен гас + честички PM2,5, (група E) алерген + издувен гас + честички PM2,5 после зрачење со Streamer. Нанесување врз глувците се продолжи на секои 2 недели и 8 недели подоцна се мереше концентрацијата на IgE антитело*1 во крвта на глувците. Користевме овалбумин како алерген, којшто вообичаено се користи како замена за полен при експерименти за имунитет.

*1:Кога во телото се случува реакција со алерген, се создава антитело IgE што може да се поврзе само со алергенот, а кога повторно влезениот алерген реагира со антителото IgE, се предизвикуваат разни алергиски симптоми. Вообичаено се користи за имунолошки тестови, затоа што се наоѓа во многу мала количина кај здравите луѓе.

Полен, издувен гас и честички PM2,5 после 48 часа зрачење со Streamer

Како резултат на тестот, алергенската сила беше повисока за 2,36 пати во групата D, во која што на алергенот беа додадени издувен гас и честички PM2,5, отколку во групата A којашто го содржеше само алергенот. Се шпекулира дека истовременото нанесување смеса од издувен гас и честички PM2,5 ја засилува реакцијата на имунитетот што предизвикува алергиски симптоми, како на пример, алергиски ринитис. Од друга страна, алергенската сила од групата E, којашто беше изложена 48 часа на Streamer, беше намалена за 92,4 % во споредба со групата D.

* Резултатите се добиени од демонстрација со уредот за празнење Daikin Streamer при експериментални услови.

Развој на алергиски ринитис

Адјувантни супстанци што ги влошуваат алергиските симптоми може да се спојат со полен, што може да ја наруши претходно воспоставената рамнотежа и да го зголеми ризикот од развивање алергиски ринитис.

Алергија од полен, влошена од издувен гас и честички PM2,5
опрашување во природата