
Демонстрација на заробувањето на бактеријата мораксела (предизвикувач на непријатниот мирис од алиштата)
Тестирањето го извршува
Japan Food Research Laboratories
Метод на тестирање
Во генераторот Streamer оставивме примерок од 2 ml од бактерискиот раствор за тестирање во петриев сад (φ60 mm). Ефектот на заробување го добивме од резултатите од мерењето на бројот бактерии после 1, 2, 3, 4, и 6 часа. Уредот за празнење Streamer и тестот на бактериите се овозможени од страна на Daikin. Мерењето се изврши 3 пати

Со тестот се потврди дека баткеријата мораксела (предивикувач на непријатниот мирис од алиштата) е разложена и заробена 99,8 % за 2 часа по зрачењето со Streamer.
* Резултатите се добиени од демонстрација со уредот за празнење Daikin Streamer при експериментални услови.

За да се уништи непријатниот мирис од алиштата, треба да се сушат во рок од 5 часа!
Најважната работа за спречување на непријатниот мирис е „времето од крајот на перењето до сушењето“. Бактериите мораксела растат многу брзо после околу 5 часа, па ако можете да ги исушите алиштата во рок од 5 часа, можете да го намалите непријатниот мирис до одреден степен. Тоа што сакаме да го посочиме е сушењето на алиштата во затворена просторија. Прво, важно е да се постават на место со добра вентилација. Се претпоставува дека повеќето луѓе ги закачуваат на корнизата за завеси, но тоа е најлошото место, затоа што влагата лесно може да се насобере на прозорецот, а таму има многу бактерии.
Смисливме и како да се сушат алиштата. Закачете ги подолгите алишта на најдалечната страна за да ги исушите побрзо, „сушење во свод“ при што кратките алишта се закачуваат на средина, или „сушење како дух“ при што долниот дел од ракавите се поставуваат на друга закачалка... Во однос на размножувањето на бактериите, се препорачува употреба на уред за отстранување на влагата или климатизер што содржи функција за прочистување на воздухот. Ако сте загрижени поради непријатните мириси, обидете се, затоа што непријатниот мирис од алиштата може да се отстрани со многу мал напор.