

Геотермална работа
Значително намалете ја емисијата на CO2 и искористете ја обновливата енергија од земјата. Нашата VRV-единица со водено ладење користи геотермална енергија за да го грее и лади објектот, што ја прави идеална за BREAAM-сертификат. Температурата на земјата е стабилна низ целата година, па ова е идеално решение за области со екстремни временски услови.

Не се гледа од улица
Со најмала зафатнина и создадена за внатрешни инсталации, VRV-единицата со водено ладење беспрекорно се вклопува во архитектурата и не се гледа од улица. Оваа единица е најлесната на пазарот и е идеална за монтирање една врз друга за да се зголеми просторот што го заштедува.

Враќање топлина во 2 фази
Со систем со водено ладење, достигнувате максимален потенцијал за враќање топлина, затоа што сите системи се поврзани во едно водно коло.