Skip to main content

VRV IV i-серија

Невидливо VRV-решение.

bg-image

Барај ме. Нема да ме најдеш.

Компактна и создадена за внатрешни инсталации, нашата VRV IV i-серија е толку дискретна, што е практично невидлива и е идеална за центар на градот и за места осетливи на звук. Без потреба за инсталација на покрив или зад објектот, полесно може да се добие дозвола за градба, со што вашиот бизнис поскоро ќе започне со работа.

bg-image

Флексибилност без конкуренција

Поделена на два дела, нашата VRV IV i-серија е многу флексибилна и лесна за инсталирање. Поставете го лесниот разменувач на топлина (1) во спуштениот плафон и инсталирајте го компактниот компресор (2) во канцеларија, склад или кујна. Избегнете инсталација на покрив или зад објектот, без да окупирате од ценетиот комерцијален простор.

bg-image

Останува незабележлива

Нашата VRV IV i-серија е практично невидлива и нејзиното ниско ниво на бучава ја прави незабележлива. Погоден за густо населени области, како на пример, градски центри, компресорот не е погласен од фрижидер и разменувачот на топлина не се забележува во урбани околини. Со помош на декоративни елементи, можете целосно да ги скриете решетките или да ги вклопите во дизајнот на објектот, за да ја направите инсталацијата невидлива.

bg-image

Лесно одржување

Сите делови, што треба редовно да се одржуваат, се лесно пристапни во кутијата на компресорот. Техничките лица може да дојдат и да ја проверат единицата во нормално работно време без да ви пречат во вашите комерцијални активности.

Уникатни патентирани технолгии

Нашата VRV IV i-серија е создадена со три уникатни и патентирани технологии, за да се направи најкомпактната единица достапна на пазарот.

топлински разменувач со v-форма

Топлински разменувач со V-форма

  • Оптимизирана форма за поголем проток на воздух и статички притисок, што создава поголема ефикасност
  • Висината изнесува само 400mm, со што се овозможува полесна инсталација во спуштен таван и заштеда на комерцијален простор
  • Револуционерен дизајн на пазарот за VRF
центрифугален вентилатор

Центрифугални вентилатори

  • Патентираната технологија на наназад закривени перки ја зголемува енергетската ефикасност до 50% во споредба со вентилаторот sirocco
  • Вентилаторот со инвертор овозможува НСП да се прилагоди на должината на цевководот со што се гарантира максимална флексибилност на инсталацијата
компактен компресор

Компактен компресор

  • Малата зафатнина го зголемува употребливиот простор на подот (600x550mm за 5HP)
  • Лесно монтирајте ја единицата во склад или во канцеларија
  • Ротирачката разводна кутија овозможува лесен пристап до сите делови

Дознајте повеќе