Skip to main content

Водечки решенија за комерцијално и индустриско ладење

Нашите единици за разладување се создадени за да бидат достојни и енергетски ефикасни за сите типови мали и големи комерцијални примени.

Daikin Енергетска ефикасност

Енергетска ефикасност

Нашите технологии со враќање топлина и со инвертор значително ги намалуваат трошоците за енергија. Како решенија што се најдобри во класата за комерцијално разладување, единиците за разладување на Daikin се до 50 % поефикасни од другите единици. Оваа голема ефикасност овозможува подобро враќање на вашата инвестиција.

Разладување компактен дизајн
Разладување компактен дизајн

Компактен дизајн

Намалете го просторот што го зафаќа надворешната инсталација до 60 %, со вградување на сите делови за разладување и климатизација во една кондензаторски единици.

Разладување издржлив производ
Разладување издржлив производ

Издржлив производ

Надворешните единици на Daikin детално се тестираат во нашите фабрики. Нивното куќиште, што е отпорно на временски промени и достојната технологија гарантираат подолг век на траење на производот, дури и при лоши временски услови.

Разладување флексибилна примена
Разладување флексибилна примена

Флексибилна примена

Можат да овозможат голем опсег на температура од 10°C до -45°C. Поради ова се погодни за разни примени за разладување и замрзнување!

bg-image

Достојна работа

Секоја единица на Daikin се тестира детално при нејзиното склопување во нашите фабрики. Со најдобри технологии и дизајни, нашите единици за разладување се сметаат за најиздржливи решенија на пазарот. Третманите против корозија и отпорните куќишта гарантираат долг век на траење, дури и при многу лоши временски услови. Затоа што системите за разладување се важни за бизнисот, составуваме тимови за поддршка за детална поддршка кои може да одговорат веднаш при секој итен случај.

bg-image

Ги задоволуваат и ги надминуваат регулативите за F-гас

Единиците за разладување на Daikin ги задоволуваат регулативите за F-гас. Со примена на напредни технологии, нашите единици за разладување го намалуваат еквивалент на вкупното влијание врз глобалното затоплување (TEWI) за да постигнат поголема енергетска ефикасност и да ја намалат емисијата на јаглеродни гасови.

bg-image

Разладни средства CO₂

Со разладните средства CO₂, го преземаме последниот чекор до достигнување одржливи разладни системи.

bg-image

Анализа на случај: Prezzemolo & Vitale

За новата продавница на Prezzemolo & Vitale во историскиот центар на Палермо инсталиравме систем од единици Zeas и VRV на Daikin.

Здружени за свежа околина

Преземањето на Zanotti

Со преземањето на Zanotti, Daikin сега може да понуди разновидна производна линија за сите аспекти на ладењето, дури и за производство на храна и транспорт (копнен превоз) до препродавачите.

Производниот асортиман на Zanotti

Комерцијалниот асортиман на Zanotti содржи разни единици за разладување во ресторани, супермаркети и дистрибутивни центри.

Достапни се системи за специјално третирање на воздухот за зреење салами и кашкавали, конзервација и рафинирање вино, ладење силоси за жито и семиња.

Покрај комерцијалниот асортиман производи, Zanotti поседува и целосна линија за транспортно и индустриско ладење за примена во прехранбена индустрија, чисти соби, лизгалишта,...

Нашите најпопурални решенија за разладување

ZEAS-кондензирачка единица

Кондензирачка единица ZEAS

  • За комерцијално разладување
  • кондензирачка единица со инвертор на еднонасочна струја
  • Ја намалува потрошувачката на енергија за 10-35% во споредба со технологиите за разладување без инвертор
  • Мала зафатнина и лесна инсталација во внатрешен и надворешен простор
  • Интелигентни контролни опции
  • Подобрените технологии и поставки овозможуваат тивко работење
Daikin Conveni Pack

Conveni-Pack

  • За мало и средно комерцијално разладување, замрзнување, удобно ладење и удобно греење
  • Технолгија со инвертор на еднонасочна струја и враќање топлина
  • Ја намалува потрошувачката на енергија за до 50% во споредба со технологиите без инвертор
  • Модуларниот дизајн овозможува флексибилна инсталација во мали и големи комерцијални простории
  • Подобрените технологии и поставки овозможуваат тивко работење
Daikin Conveni Pack

CO2 Conveni-Pack

Компактен систем за средна температура на ладење, просторно ладење и греење со враќање топлина и топлотна пумпа

  • Енергетската потрошувачка намалена за до 50 %
  • Помала емисија на CO₂
  • Погодно за мали до средни примени: мала до средна препродажба на прехранбени производи; комерцијални кујнски примени; земјоделски продавници; бензиски пумпи
  • Заштеда на простор и флексибилност при инсталација
  • Подобрена удобност во продавниците
  • Ниско ниво на бучава
  • Враќање топлина
  • Функционалност на вградена топлотна пумпа

Дознајте повеќе

Разладување за секој тип на објект

Без разлика дали сте сопственик на продавница, управник на хотел или водите индустриски објект, решенијата за разладување на Daikin вашиот простор ќе го одржуваат ладен. Изберете го типот на објект за да го започнете проектот со нас.