Стручност за транспорт со ладилници
Од производство до достава
Ја менуваме иднината на транспортот со ладилници
Со комбинирање на стручноста за разладување со иновативна технологија, широкиот асортиман на Daikin овозможува интегрирани решенија за управување со температурата коишто ги подобруваат квалитетот и безбедноста при секоја фаза во процесот на дистрибуција - од почеток на производството до крајната достава.
Нашите енергетски ефикасни технологии со разладни средства со низок GWP овозможуваат достојна и исплатлива работа и намалено влијание врз околината.
Daikin продолжува да ја обликува иднината на работата со транспортните ладилници и да нуди целосни и флексибилни решенија што ги задоволуваат потребите за секоја примена — производство, складирање, продабжба и транспорт.
Наша визија 2050
- Еколошка политика на Daikin
- Наша визија 2050
- Среднорочна перспектива за разладување
Еколошка политика на Daikin
Прифатен во 2015 година, парискиот договор содржи цел за втората половина од овој век за целосно намалување на емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина и да го ограничат глобалното затоплување на помалку од 2°C во споредба со прединдустриските нивоа. Во духот на парискиот договор, Daikin формулираше Еколошка визија 2050 за целосно да ги намали емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година. Поставивме цел за намалување до 2030 година и ја воведовме во нашите обиди под планот за стратешко управување Fusion 25.
Наша визија 2050
Ефективно ќе ја елиминираме емисијата на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина низ целиот работен век на нашите производи до 2050 година. Посветени сме и да создадеме решенија што ќе не поврзат со нашите купувачи додека работиме да ги елиминираме емисиите на гасови што предизвикуваат ефект на стаклена градина. Со употреба на IoT и принципот на отворени иновации, ќе ги задоволиме потребите на светот за решенија што овозможуваат безбедни околини со здрав воздух и истовремено ќе допринесеме кон решавање на глобалните еколошки проблеми.
Среднорочна перспектива за разладување
Во нашата дејност за транспорт со ладилници, се стремиме кон низок потенцијал за глобално затоплување и за природни разладни средства без HFC и претставуваме правилни безбедносни стандарди на нашите пазари. Постојано се фокусираме да ја намалиме потрошувачката на енергија кај сите наши производи. Во индустријата за транспортно ладење, ќе се стремиме да го водиме преодот кон електрификација и исфрлањето од употреба на технологиите со мотори со согорување.
Единици за транспортно ладење
ОД ДОЛГ ПАТ ДО КРАЈНА ДОСТАВА
Без разлика дали се работи за градска дистрибуција или логистика за долги растојанија, Daikin овозможува целосен асортиман на системи за транспортно ладење за да ги задоволи потребите на за ладење на секој тип возило.
Daikin Exigo — Изграден за на пат
Серијата Daikin Exigo поставува нов пример за електрично разладување во приклолки,
со комбинирање моќни перформанси со одржлива работа.
Downloads
-
Zero Range LeafletPDF | 2.61MB -
UNO Range LeafletPDF | 4.85MB -
Transport Refrigeration Catalogue 2025PDF | 8.16MB