Компактен управувач со големо влијание
Madoka Plus е интуитивен управувач на допир, дизајниран за комерцијални топлински пумпи и системи за вентилација. Комбинира елегантен и модерен дизајн со беспрекорна употреба за да овозможи удобност и енергетска ефикасност.
Управувачот е создаден за професионална околина, како хотели, канцеларии и продажни места, каде важни се удобноста, естетиката и ефикасноста во работата.
-
Екран на допир во боја
-
Интуитивен интерфејс на повеќе јазици
-
Компактен дизајн, соодветен при менување на опремата (86×86 mm)
-
Паметни функции за заштеда на енергија и интелигентни сензори Madoka Plus
-
Брзо пуштање во употреба и пристап за инсталатерот преку управувач и апликација
Компактен управување со Plus
Придобивки за корисниците
- Интуитивно корисничко искуство
- Елегантен и модерен дизајн
- Енергетска ефикасност и удобност
Придобивки за инсталатерите
- Интуитивно пуштање во употреба
- Поставки за инсталатери преку жичен далечински управувач и апликација Madoka Plus
Управување со допир, што може секој да го користи
Прегледен режим на работа
Веднаш погледнете го тековниот режим на работа (ладење, греење итн.).
Секој режим на работа е претставен со боја прикажана со LED-прстен за Daikin eye и на екранот.
Дизајниран за да се вклопи во модерен ентериер
Со својот компактен формат од 86 × 86 mm, тенок профил и поголем, јасно читлив екран, Madoka Plus е дизајнирана да се постави природно покрај прекинувачите, при што се вклопува како елегантен елемент и не влијае врз изгледот, како вообичаен контролер. Достапен во црна и бела боја, се вклопува дискретно во секоја просторија и незабележливо го подобрува изгледот на ентериерот.
Секој детаљ - од копчињата на допир до компактната форма - е создаден да ги задоволи очекувањата од современиот дизајн во хотелските соби, фоајеата, канцелариите и продажните простории.
Дизајнот ја доби наградата Good Design за 2026 година.
Функција за заштеда на енергија, што може лесно да се програмира
Madoka Plus содржи функции за заштеда на енергија, што можат лесно да се програмираат, со што овозможува помала потрошувачка на енергија и постојана удобност.
Повратните информациии во реално време на управувачот овозможуваат оптимална употреба на системот во комерцијална околина со големо оптоварување.
Интеграција на интелигентни сензори Madoka Plus
Интелигентните сензори, како дополнителна опција, го претвораат управувачот Madoka Plus во паметно решение за просторијата:
-
Сензор за температура и влажност за поголема удобност и дополнителна заштита од влага
-
Сензор за CO2 за квалитет на воздухот и управување со вентилацијата
-
Сензор за движење за автоматско вклучување/исклучување и приспособување на потребните вредности
-
Сензор за врата и прозор за да се избегне непотребна потрошувачка на енергија кога ќе се остават отворени вратите и прозорите
Овие интелигентни комбинации од сензори се особено вредни во хотелски соби, простории за состаноци, канцеларии и фоајеа, каде присутноста и квалитетот на воздухот се менуваат низ целиот ден.
Одлево надесно: Сензор за температура и влажност, сензор за движење, сензор за врата и прозор, сензор за CO2
Создаден за удобност на инсталатерите
Инсталатерите треба да заштедат на време при поставување, пуштањето во употреба и одржувањето.
Madoka Plus е дизајниран и според нивниот тек на работата:
-
Брзо пуштање во употреба поддржано од интуитивни менија и кратенки.
-
Директен пристап до поставките за сервисирање од секој управувач, со што се намалува времето за прелистување низ списоците со кодови.
-
Целосен пристап до поставките за инсталатери преку управувачот и мобилната апликација Madoka Plus, со што се овозможува помало приспособување на самото место.
Резултатот: побрзо инсталирање, помалку повици и повеќе време за нови проекти.
Создаден за комерцијална околина
Хотели и угостителство
Подобра удобност за гостите со едноставен управувач што одговара на модерен ентериер и користи паметни функции за енергија и сензори за контрола врз трошоците.
Канцеларии и простории за состаноци
Овозможете им на персоналот и на посетителите јасни и очигледни контроли и одржувајте удобна работна околина со интелигентниот управувач за присутност и квалитет на воздухот.
Продажни и јавни места
Комбинирајте постојана удобност со привлечен високоѕиден дизајн што беспрекорно се вклопува во сите средини.
Јасна компатибилност на системот
Madoka Plus е жичен управувач за комерцијални простории, компатибилен со:
- Sky Air
- VRV-системи
- Единици за вентилација
За детални спецификации и опции за конфигурирање, погледнете ја техничката документација, достапна на бизнис-порталот на Daikin.
Користете го управувачот Madoka Plus за вашиот следен проект
Често поставувани прашања
Да. Madoka Plus ја има истата форма како Madoka. Само сменете го задниот капак со верзијата од Madoka Plus за да одговара беспрекорно.
Да. Осветленоста на Daikin Eye може да се приспособи преку менито за поставки на жичниот далечински управувач Madoka Plus или преку апликацијата Madoka Assistant.
Да. Bluetooth (BLE) може лесно да се исклучи преку паѓачкото мени или преку поставките за сервисирање.
Madoka Plus поддржува 20 регионални јазици. Јазикот може да се смени директно во корисничките поставки на жичниот далечински управувач Madoka Plus.
Максималниот број интелигентни сензори Madoka Plus intelligent што се поддржуваат е:
-
Сензор за температура и влажност: 1
-
Сензори за врата и прозор: до 4
-
Сензори за движење: до 4
-
Сензпр за CO₂: 1