


Зошто системите за разладување на Daikin?
Големиот број решенија за комерцијално разладување на Daikin се дизајнирани да го задоволат секој аспект од производниот процес. Нашиот широк асортиман на производи за разладување овозможуваат свежина и квалитет во секој поглед.
Од иновативни разладни средства до напредни контроли и компресори, нашата експертиза овозможува оптимални перформанси и ефикасност, заштитувајќи ги вашите производи и заработка.
Како дел од нашата понуда, ви помагаме да ги разберете комплексните законски одредби, како регулативи за F-гас и еколошки дизајн, при што ви нудиме соодветни решенија чијашто главна цел се достојноста, безбедноста и влијанието врз околината. Со фокус на еквивалентот на вкупното влијание врз глобалното затоплување и работните трошоци, ви помагаме да постигнете одржлива работа и да ги постигнете највисоките стандарди за квалитет и свежина.
СЕ ГРИЖИМЕ ЗА СИТЕ ПРОЦЕСИ НА ЛАДНИОТ СИНЏИР
ИНДУСТРИСКО - КОМЕРЦИЈАЛНО - ТРАНСПОРТНО РАЗЛАДУВАЊЕ

Решенија за разладување за секоја примена

Разладување со CO2
Разладувањето со CO₂ претставува еколошка алтернатива на вообичаените разладни средства. Без потенцијал за глобално затоплување, CO₂ ги задоволува еколошките регулативи и овозможува одржливи решенија за индустриско и комерцијално ладење.
Асортиманот од разладни средства CO₂ на Daikin опфаќа кондензирачки единици и комплети и овозможува компатибилност со разни разладни единици за соодветни решенија. Поддржани од современа технологија, овие системи нудат висока ефикасност и достојност при разни временски услови и ги задоволуваат строгите регулативи за F-gas и стандардите за ефикасност при еколошки дизајн.

Решенија за транспортно ладење
Транспортното ладење на Daikin овозможува соодветни решенија за разни примени и типови возила и ги намалува вкупните трошоци за поседување со достојни единици, создадени за ригорозни стандарди за квалитет.
Нашето опширно портфолио опфаќа извонредна технологија за да овозможи квалитет и безбедност при процесите на ладниот синџир, од производство до продажба и транспорт. Со енергетски ефикасни решенија со низок потенцијал за глобално затоплување, ги штитиме краткотрајните производи при помало влијание врз околината, стремејќи се кон електрификација за подобра одржливост во индустријата за транспортно ладење.
Системи за разладување на Daikin - Ладиме заеднички

Daikin Europe N.V. е голем европски произведувач на климатизери, топлински системи и разладна опрема со околу 5500 вработени низ Европа и големи производни фабрики во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Турција и Обединетото Кралство.
Глобално, Daikin е познат по својот пионерски пристап за развивање производи и по неприкосновениот квалитет и разновидноста на своите решенија.

Daikin Chemicals е еден од најголемите произведувачи на хемиски производи со флуор во светот и е водечки експерт на тоа поле. Се стремиме да најдеме нови можности за секојдневниот живо и индустријата преку што е можно поголема употреба на доблестите на флуорот преку нашите соодветно развиени технологии.

Hubbard Products Ltd., е една од водечките дизајнерски куќи, произведувачи и доставувачи на комерцијална опрема за ладење во Обединетото Кралство и има стекнато завидна светска репутација за иновации и дизајн.

Zanotti е компанија што специјализира во областа на разладните системи и е основана во 1962 година. Со повеќе од 50 години искуство во услугите за складирање прехранбени производи ги задоволува потребите од комерцијално и индустриско разладување, но и потребите за транспорт на свежи и замрзнати производи.
Zanotti го смени светот на разладните системи кога ја претстави Uniblock, сеопфатна разладна единица за ладни соби, што работи на принципот „приклучи и пушти“. Денес се состои од 600 вработени лица, три производни објекти и годишен промет од 130 милиони евра.

AHT развива, произведува и продава куќишта за разладување и замрзнување, особено погодни за продавници за прехранбени производи. Како најдобри во областа за „приклучни“ куќишта, AHT го водат пазарот со активно пуштање во употреба на нови производи што одговараат на постојано променливите распореди во продавниците.
Користејќи ги своите технолошки способности и деловни ресурси, AHT услужува и големи клиенти меѓу кои спаѓаат и големи продажни синџири за прехранбени производи низ целиот свет.

Tewis е водечка компанија за дизајн и инженерство во областа на разладни системи. Покрај експертизата за уредување на контролните системи (заедно со надгледување), Tewis нуди и целосни и опширни решенија за разладување и климатизација.
Во последните две години, Tewis се фокусираше на развој на широк асортиман разладни системи засновани на CO2 и воспостави долготрајно партнерство со големи шпански и португалски продавници за прехранбени производи. Нивната мисија и филозофија е да се постигне голема достојност и значително да се намали потрошувачката на енергија на нивните клиенти.
-
Refrigeration_cataloguePDF | 60.33MB