Чилери TZ D со вградена конфигурација за слободно ладење
Верзии со 2 производи
- Стандарден чилер
- Чилер со слободно ладење
Достапни се 3 разладни средства
- R-1234ze (EWA/FH)
- R- 513A (EWA/FS)
- R-134a (EWA/FD)
4 нивоа на ефикасност
- Сино (B-)
- Сребрено (S-)
- Златно (X-)
- Платинесто (P-)
Опсег на капацитет
Оперативен опсег
Преглед на производот
Придобивки од производот
1. Дизајн на компресор Single-Screw од Daikin
Дизајнот на компресорот Single-Screw од Daikin. Овој тип технологија е дизајниран да ја врши работата, дури и при најекстремни услови. Затоа што главниот ротор е балансиран и во радијална и во осна насока, лежиштето на компресорот постигнува со невообичаено големи перформанси.
2. Извонредни перформанси поради инверторот од Daikin
Два одделни и независни вода на разладно средство овозможуваат беспрекорна безбедност и лесно одржување.
3. Врвна ефикасност благодарение на VFD и променливиот сооднос на волуменот од Daikin
VFD од Daikin овозможува единицата да работи оптимално и ги намалува и контролира трошоците за работа при сите услови. Компресорот single-screw од Daikin содржи функција за променлив сооднос на волумен (VVR), којашто го модулира соодносот на компресија и ја подобрува ефикасноста на компросерот при променливи услови на околината.
КЛИМАТИЗИРАЊЕ: ПОТРЕБА ШТО ВЛИЈАЕ ВРЗ ТРОШОЦИТЕ ЗА РАБОТА
DAIKIN: ПАМЕТЕН ИЗБОР ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА РАБОТА
4. Вграден активен хармоничен филтер од Daikin
Активните хармонични филтри (AHF) ја намалуваат хармоничната дисторзија во електричните системи и ги компензираат хармоничните струи тековно, со што го подобруваат квалитетот на системот. Активниот хармоничен филтер од Daikin е целосно вграден во чилерот.
Целосно вграден значи:
- без потреба од дополнителен простор
- без дополнителна активност при инсталација
- целиот склоп е тестиран фабрички
- нема потреба од дополнително одржување
5. Единиците TZ D од Daikin се многу компактни
Покрај режимот за слободно ладење, единиците TZ D од Daikin се многу компактни. Тоа е резултат на специјалниот дизајн на делот од кондензаторот, кој не само што го намалува потребниот простор, туку и ја подобрува вкупната ефикасност на системот.
6. Конфигурацијата за слободно ладење нема потреба од дополнителен простор
Не зафаќаат дополнителен простор во споредба со стандардниот чилер без способност за слободно ладење.
Интегрирање опции
7. Широк оперативен опсег
Единиците TZ D можат да работат при широк опсег на услови, поради што се соодветни за разни примени. Овозможуваат изладена вода, на пример за лизгалишта, со температури до -15°C, а погодни се и за податочни центри што имаат потреба од повисоки излезни температури на испарувач до 30°C. Оваа разновидност овозможува извонредна флексибилност и им овозможува на единиците TZ D да работат ефективно при разни климатски услови
Оперативен опсег
Враќање топлина за оптимизација на потрошувачката на енергија
8. Можност за вградување на опциите за целосно и делумно враќање топлина
Ова овозможува враќање на дел или на целата топлина создадена при процесот на ладење. Ова ја подобрува енергетската ефикасност и ги намалува трошоците за работа. Со опцијата за целосно враќање топлина, единицата е опремена со дополнителен кондензатор на секој вод за да произведе топла вода. Со опцијата за делумно враќање топлина, единицата е опремена со уред за поништување на суперзагреаната состојба на секој вод за да произведе топла вода. Системот за враќање топлина овозможува топла вода што може да се користи за специфични потреби.
Кога е вклучена опцијата за враќање топлина, ефикасноста на единицата што треба да се земе предвид не е EER ( Опсег на енергетска ефикасност) којшто се однесува само на функцијата за ладење на ефиницата. Со враќање топлина, единицата овозможува и топлинска енергија којашто би требало да се добие од друг извор. Вкупниот опсег на ефикасност се дефинира како:
TER = Капацитет на ладење + Капацитет на греење
─────────────────────
Влез на струја
Корисна интеграција за разни примени
9 . Достапна е опцијата за надгледување на перформансите
Информациите за перформансите на единицата се достапни преку нејзиниот управувач, којшто прикажува моментални податоци и претходни перформанси на единицата. Ова овозможува да се надгледува ефикасноста на единицата и да се извршат потребните приспособувања за да се одржат оптималните перформанси. Со следење на податоците за перформансите може да се препознаат аномалии или отстапки предвреме, со што ќе може да се забележат и спречат потенцијални проблеми пред да се предизвика дефект.
10. Овие единици можат да се вградат во комплексен систем од неколку единици од Daikin
Ефективното управување со оваа група единици е важно за оптимизација на работните часови и за правилно функционирање. Ова може да се постигне со опцијата Паметен управувач со чилери (iCM), којашто оптимизира систем од до 8 единици и со алатката за далечинско управување Daikin on Site. Daikin iCM може да се поврзе со „Daikin on Site“, облак-платформа за надгледување којашто се поврзува со системи за управување со објекти (BMS).
Конфигурација со слободно ладење
Отворен циклус (со гликол)
Системот со слободно ладење е дизајнира за да ја разладува течноста со енергија за ладење преземена од околината. Кога надворешната амбиентална температура е повисока од температурата на течноста, единицата овозможува капацитет на ладење само со употреба на компресорите (режим на механичко ладење). Кога амбиенталната температура ќе падне под температурата на течноста што влегува во единицата, надворешниот воздух може да се користи за да се излади течноста пред да дојде до испарувачот, со што ќе премине од делумно во целосно слободно ладење според варирањето на амбиенталната температура.
Затворен циклус (без гликол)
Разменувачот на топлина со залемена плоча создава затворен циклус со разменувачот за слободно ладење и со соодветна пумпа. Во овој систем, гликолот е заробен во затворен циклус. Опцијата без гликол работи со систем со „затворен циклус“ и овозможува соодветно и ефикасно решение за примени каде се претпочита да не се користи гликол. Една од придобивките што ги нуди е тоа што може значително да ги намали трошоците затоа што кога не се користи гликол во системот, може полесно да се одржува и подобрува севкупната ефикасност. Во индустриските процеси, се намалува ризикот од контаминација и квалитетот на производот не се нарушува.
3 главни придобивки од конфигурации без гликол
Дознајте повеќе
-
EWA_FD_H_S-TZ D brochure (ECPEN24-404) LRPDF | 851.22KB