Skip to main content

Далечинското управување на услугата Daikin Cloud Residential им помага на инсталатерите да ја контролираат постапката

Брисел, 16 септември 2024 – Daikin ја подобри онлајн-поддршката за инсталатерите за домаќинство со проширување на услугата Daikin Cloud (DCS) Residential за да го опфати топлинските пумпи воздух-воздух и сплит-единиците. Услугата Daikin Cloud Residential на инсталатерите им ги овозможува алатките за далечинско надгледување и управување со корисничките поставки за единиците преку повеќе параметри и овозможува брза дијагноза и решавање на проблемите со услугата.

DCS Residential – дизајнирана за инсталатери и овозможува одлична услуга за корисниците

Една од главните мисии на Daikin секогаш била да им се овозможат најдобрите иновации, алатки и услуги на инсталатерите. Воведени од Daikin, напредните способности за далечински пристап, достапни преку услугата Daikin Cloud Residential, им овозможуваат на инсталатерите и инженерите да работат од секаде. Можат да останат поврзани додека ги надгледуваат, приспособуваат и контролираат инсталираните системи 24/7 за да овозможат достојна удобност во домот и оптимизирана потрошувачка на енергија. Онлајн-пристапот овозможува проактивна анализа на грешките и го подобрува времето на интервенција за побрза и поефективна услуга.

Нови функции и способности

Водач во поглед на далечинскиот пристап, DCS Residential е дизајнирана за да ја подобри ефикасноста за сервисирање во домот и да ги задоволи главните потреби при инсталирање. Напредната функционалнос овозможува поддршка на три начини:

  • Кориснички поставки - Способноста да се пристапи до корисничките контроли им овозможува на инсталатерите да ги надгледуваат и приспособуваат поставките далечински кога настануваат проблеми поради грешки во поставките, со што се намалува потребата од посета на самото место.
  • Теренски поставки - Управување со голем број теренски поставки им овозможува на инсталатерите и да приспособуваат понапредни поставки. Тука спаѓаат, на пример, приспособувањето камини, работата на технологијата „интелигентно око“ на Daikin и исправката на потребната собна температура.
  • Собирање и анализа на податоци - Со податочните точки од функцијата за проверка 36 D и можноста да се погледнат претходни податоци до два месеца наназад, инсталатерите можат постојано да ги надгледуваат критичните информации за станбените единици. Нова опција за визуализација со нов графички приказ и достапноста на кодовите за грешки за да се поедностави анализата на тековните податоци и да се овозможи побрза идентификација на проблемите.
Семејство во дневна соба

Јасни придобивки

DCS Residential нуди предности за инсталатерите и нивните клиенти:

  • Едноставни проблеми без дефекти на производот или деловите, што претставуваат повеќе од половина од повиците на клиентите, може да се решат брзо со приспособување на корисничките и теренските поставки далечински.
  • За покомплексни сценарија, за кои е потребно да се посети самото место, далечинското надгледување овозможува однапред да се испланираат и нарачаат деловите. Ова овозможува да се изврши побрзо сервисирање и да се избегне потребата од почести посети.
  • Со тоа што се намалува потребата за патување, далечинското надгледување ги ослободува инсталатерите и го зголемува капацитетот на достапната инсталација. Со тоа се создаваат повеќе можности да им се помогне на новите купувачи.
  • Купувачите ги ценат брзото сервисирање и експертската поддршка што ги нуди DCS Residential. Помага на разни начини: да се промовира лојалноста на купувачите, да се изгради силна репутација и да се создадат нови можности преку препораки.
Шема за DCS Residential

Преглед на придобивките од услугата Daikin Cloud Residential

Хироши Нишихара, генерален менаџер – услуги и решенија на Daikin Europe

„Услугата Daikin Cloud Residential е пријатно прифатена од страна на инсталатерите и нивните клиенти. Таа е важен дел од поддршката што ја нудиме и овозможува клучна разлика на пазарот. Со големо задоволство сакаме да го прошириме нашето портфолио за далечинско надгледување за да им помогнеме на инсталатерите за домаќинство при управување и развивање на нивниот бизнис.”

За Daikin Europe N.V.

Групацијата Daikin Europe е водач во технологијата за греење, ладење, вентилација, прочистување на воздухот и разладувањето (HVAC R) во Европа, Средниот Исток и Африка (EMEA). Daikin дизајнира, произведува и им нуди на купувачите широк асортиман производи, услуги за одржување и веќе подготвени решенија за станбени, комерцијални и индустриски цели. До денес, Daikin Europe има над 13.800 вработени низ 59 претставништва. Содржи над 14 производни фабрики во EMEA - Белгија, Чешка, Германија, Италија, Шпанија, Австрија, Обединетото Кралство, Турција, Обединетите Арапски Емирати. Со седиште во Остенд (Белгија) повеќе од 50 години, групацијата Daikin Europe е компанија во сопственост на глобалната групација Daikin Industries.

Информации за Daikin Industries Ltd.

Daikin Industries е глобален лидер во технологијата за топлински пумпи, климатизација и филтрирање на воздухот со повеќе од 98.000 вработени. Основана во Осака во 1924, компанијата е единствениот произведувач во светот што развива и произведува опрема за секторот HVAC-R и компресори и разладни средства. Daikin беше назначена за една од првите 100 најиновативни компании во светот од страна на Clarivate (UK) и LexisNexis (USA), позната како лидер во технолошкото истражување и патентите за интелектуална сопственост. За својата фискална 2023 година, Daikin пријави рекордна продажба од € 28 милијарди (1 април 2023 – 31 март 2024).

Прочитајте повеќе на www.daikin.eu и на www.daikin.com.

Контакти за медиуми на Daikin Europe N.V.

Кевин Вијадер – Е-пошта: viader.k@bxl.daikineurope.com

Слични написи