Функции на производот
- Надгледувајте и контролирајте го вашиот објект, без разлика каде се наоѓате, преку услугата Daikin Cloud
- Управувајте со повеќе локации. Модуларниот концепт овозможува облак-платформата да расте со вашиот бизнис
- Следете ја потрошувачката на енергија и вршете споредба помеѓу различни места за да ги намалите трошоците
- Далечинска дијагноза и поддршка за да се продолжи работниот век на системот
- Прогнозирано одржување за да се спречат дефекти
- Инсталаторот или техничкиот управник може да се најават далечински за отстранување грешки во случај на неисправности
- Треба да се регистрирате на услугата Daikin Cloud. Обратете се до локалниот претставник за продажба за повеќе информации.
Придобивки за сервисните партнери
- Заштедете време и пари: На корисниците можете да им овозможите поддршка далечински, без да извршувате посета на самото место (заштедено време и без трошоци за патување).
- Поправање од прва: Затоа што ги знаете кодовите за грешки и податоците за состојбата на производот, можете да го посетите корисникот со вистинските резервни делови и да го решите проблемот при првата посета.
- Лојалност: Можете да давате совети за поефикасна и поудобна употреба на производите. Ова ќе ја подобри комуникацијата помеѓу вас и вашите корисници. Благодарение на табелата со аларми, можете да му се јавите на корисникот за да го решите проблемите на производот пред корисникот да ви се јави вам.
Придобивки за крајни корисници
- Напредна далечинска поддршка за удобност при употреба (можете да заштедите време, наместо да чекате термин).
- Стручни техничари го надгледуваат вашиот систем за овозможат поголема безбедност при работа.
- Далечинска анализа на грешките и проактивен пристап за нивно отстранување.
- Итни поставки за постојана работа.
Известување за грешки и неколку поставки за инсталатерот (20 поставки за греење и 16 поставки за станбен климатизер) за далечинска поддршка преку „SBM Pro“ и апликацијата „e-care“
Инсталатерите можат да го активираат далечинското надгледување преку професионалниот портал со што ќе можат да ја надгледуваат вашата инсталација низ повеќе параметри од своето работно место. Ќе добијат автоматско известување кога нешто нема да биде во ред со инсталацијата. Со измена на некои поставки можат веднаш да ја подобрат удобноста во просториите. Благодарение на овие нови функции, можете да заштедите време и да добиете подобра поддршка.

Просторно греење/ладење
Главна зона & дополнителна зона (LWT = температура на излезна вода)
Топла санитарна вода
Просторија (RT = амбиентална температура во просторијата)
Инсталатер - Справување со грешки