Skip to main content

Тест за квалитет на внатрешниот воздух во училиште во Романија

Најдобри во класата: Комерцијалните системи за вентилација и прочистување на воздухот на Daikin ги претставуваат придобивките од подобрен квалитет на воздухот преку перформансите на учениците.

Daikin неодамна учествуваше во поголемо истражување во едно од училиштата во Букурешт за да ги определи можните ефекти на учениците во однос на учењето и нивното здравје.

Градежниот факултет при „Техничкиот Универзитет за Градежништво Букурешт“ му пријде на HVAC-специјалистот поради познатата експертиза на Daikin и воспоставената врска со локалното училиште во Букурешт, во кое учат ученици од прво до осмо одделение.

Користени производи

  • Airsensepro+ (сензор за квалитет на внатрешниот воздух)
  • Единици за прочистување на воздухот (APU)
  • VAM-единици за вентилација

Квалитет на внатрешниот воздух: Невидлив проблем

Освен дома, децата поминуваат повеќе време на училиште отколку на кое било друго место. Во училиштата, каде повеќе деца се наоѓаат во една училница, загадувачите на воздухот може брзо да се размножат. Концентрирани нивоа на CO2, штетни органски материи (VOC), во форма на пареа ослободена од чистење, материјали од објектот и училницата, честички прав и алергени, како на пр. полен, можат да предизвикаат многу здравствени проблеми. Тука спаѓаат главоболки, губење концентрација, слаба координација, гадење и вртоглавица, па дури и респираторни проблеми и оштетување на ограните од централниот нервен систем. Бактериите и вирусите, како Covid-19, се закачени на честичките што се пренесуваат преку воздух, па со тоа претставуваат ризик од брза зараза на болести.

Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека секој ден околу 93 % децата под 15 години во светот дишат толку загаден воздух, што ги изложува нивото здравје и нивниот развој на висок ризик. 1

Неодамнешно истражување од страна на „Harvard Gazette“ откри јасна врска помеѓу честичките PM2.5, што може да навлезат во крвотокот и болеста деменција. Ова создава потенцијал за краткотраен когнитивен пад и здравствени проблеми на ниво на население, при што повеќе од 57 милиони луѓе во светот живеат со овој проблем.2

Природната вентилација може да помогне да се зголеми квалитетот на воздухот, но отворањето прозори не помага секогаш. Училиштето што помогна при анализата, се наоѓа во густо населена област со слаб квалитет на надворешниот воздух и висока концентрација на честичките PM2.5 и PM10. Освен надворешните загадувачи и бучавата, што може да пречат при учењето, природните движења на воздухот се непредвидливи и нееднакво го распределуваат свежиот воздух и/или неадекватно ги отстрануваат загадувачите. Премногу намалената или зголемената топлина поради отворените прозори може да ја наруши енергетската ефикасност на системите за греење или ладење во објектот.

Информации за истражувањето

Квалитетот на воздухот во многу училишта и градинки не ги исполнува националните и меѓународните стандарди. Без адекватна вентилација, може да се создадат опасни концентрации на јаглерод диоксид, прав и радон (радиоактивен гас). Проектот „Здраво училиште“ беше поставен со цел да се подобрат регулативите за дизајн на училниците и да се претстават ефектите од добрата контрола врз квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ) заедно со другите фактори за удобност, како температура, звук и светлина. Истражувањето траеше седум месеци и се одвиваше во една училница со околу триесет ученици.

Дизајн на истражувањето

Daikin работеше со професорката Тибериу Каталина за да создаден четири различни сценарија за да ги разбере проблемите и да ги изнајде соодветните решенија за опрема:

Сценарио 1: Определување референтни вредности

Мерење на постојните нивоа на квалитет на воздухот без поставена опрема.

Сценарио 2: Прочистување на воздухот (APUs)

Инсталирани прочистувачи на воздух во училниците, со процена на честичките (PM-нивоа) пред и по инсталацијата.
Прочистување на воздухот

Сценарио 3: Прочистувачи на воздухот + вентилација

Поставени се единици за вентилација со враќање топлина, што внесуваат свеж воздух во училниците. Вредностите на температурата, CO2, PM и штетните органски материи се мерат пред и по инсталацијата.
Поставени се единици за вентилација со враќање топлина, #свеж воздух во училниците

Сценарио 4: Прочистувачи на воздухот + вентилација + додадена филтрација

За да се подобри квалитетот на воздухот, инсталираната единица за вентилација беше опремена со дополнителни филтри за да ги отстрани малите честички што влегуваат однадвор.
Резултатите од проектот „Здраво училиште“ уште повеќе ја докажуваат важноста за инсталирање соодветни мерки за надгледување и контролирање на квалитетот на внатрешниот воздух.

Мерки за квалитетот на внатрешниот воздух на Daikin со сензорот NDIR

Инсталирани единици

Сензорот IEQ на Daikin е IoT-уред што ја мери вашата состојба. Квалитетот на внатрешната околина (IEQ) опфаќа повеќе параметри од квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ) како осветлување, бучава и електромагнетни полиња. Содржи 12 различни вградени сензори што надгледуваат 15 различни параметри и се поврзува на вашата Wi-Fi мрежа. Мерењето на внатрешниот воздух се состои од концентрација на CO2, нивоа на штетни органски материи и честичките PM2.5 и PM10. ​

VAM: Механичката вентилација беше обезбедена со единицата VAM на Daikin со разменувач на топлина со енталпија, којшто заштедува енергија и спречува губење топлина преку вентилацијата, користи греење, ладење и враќање на влагата и бесплатно ладење кога надворешните температури се пониски од внатрешните.

Прочистувач на воздух MCK55W на Daikin: Прочистувањето на воздухот заедно со механичката вентилација ја овозможи единицата за прочистување на воздухот MCK55W, којашто содржи и функција за развлажување. Електростатичкиот HEPA-филтер е дизајниран да отстранува 99,97 % ситните честички од 0,3 μm. ​

Производите на Daikin се вградени беспрекорно во едноставно решение за климатизација со топлинска пумпа. Враќањето топлина преку единиците VAM ги одржува точната температура и влажност за потребните внатрешни услови и истовремено ги намалува сметките за енергија и овозможува оптимална удобност на присутните за да се концентрираат уште подобро.

Заклучоци од истражувањето

Романското истражување го истакна можниот ризик од затворени училници, каде воздухот не може да влезе лесно, со што задагувачите остануваат и се наталожуваат внатре. Резултатите од проектот „Здраво училиште“ уште повеќе ја докажуваат важноста за инсталирање соодветни мерки за надгледување и контролирање на квалитетот на внатрешниот воздух.

На местата без поставена опрема (прво сценарио) беа забележани повисоки нивоа на честички PM2.5 и PM10, со поголема веројатност од разболување. Со инсталирањето прочистувачи на воздух (второ сценарио), се забележа помало ниво на PM-честички за 29 %, а најголемото подобрување се постигна со инсталацијата на единиците за механичка вентилација VAM заедно со прочистувачите на воздух (трето сценарио). Нивоата на CO2 се намалија значително, дури до 60 %. На местата каде беа инсталирани филтрите VAM+G3 (трето сценарио) се забележа значително намалување на нивото на PM-честички. Уште поголемо намалување се забележа со вградувањето на филтрите F7 (четврто сценарио), со што се покажа дека нивото на надворешни PM-честички во училниците може да се намали драстично. ​

Заедно со единиците за прочистување воздух и механичката вентилација, може да се постигне значително подобрување на квалитетот на внатрешниот воздух (IAQ) во училниците и оптимална околина за образование за учениците. ​

VAM со/без висок квалитет на вентилација

„Забележани се јасни подобрувања кај нивоата на CO2 што паднаа многу под препорачаните национални вредности и се забележа намалување на просечната концентрација на прав за над 30 %. Од акустична гледна точка, нивоата на бучава беа минимални, што значи многу кога прочистувачите на воздухот работат со максимална брзина за да ги достигнат овие резултати. Забележавме дека се подобрени и образовните перформанси, при што научните истражувања во други држави јасно покажуваат дека има врска помеѓу добрата контрола на квалитетот на внатрешниот воздух и оцените. Реакцијата од учениците и учителите од училиштето беше позитивна со зголемени чувства на безбедност и благосостојба.”

Професор Тибериу Каталина, „Технички Универзитет за Градежништво Букурешт“

Дознајте повеќе за квалитетот на внатрешниот воздух овде

За повеќе информации околу решенијата за вентилација на Daikin одете на Daikin Ventilation

За повеќе информации околу решенијата за прочистување на воздухот на Daikin одете на Daikin Air Purification

Извори:

[1] Повеќе од 90 % од децата дишат загаден воздух секој ден | СЗО

[2] Истражување што покажува постојан доказ за врската помеѓу PM2.5 и когнитивниот пад | „Harvard Gazette“

Слични написи