Skip to main content

Поправки и обука – Daikin360​

Погледнете го нашиот широк асортиман на резервни делови за инсталирање, одржување и сервисирање

Достојност и перформанси за ваша удобност

Во Daikin ја разбираме важноста на достојната и ефикасната работа на вашите единици од Daikin. Без разлика дали ја инсталирате, одржувате или сервисирате опремата од Daikin, нудиме широк асортиман на резервни делови. Посветени сме да ја одржуваме работата на вашата единица од Daikin со врвни перформанси.

Кога ви требаат резервни делови, времето е најважно

Професионалниот инвентар и дистрибутивната мрежа на Daikin ни дозволува да ви ги доставиме деловите побрзо од кога било.

Знаеме дека е важно да се има што помалку прекини во работата, па затоа сме поставени на многу стратешки локации низ Европа, Блискиот Исток и Африка за да можеме веднаш да одговориме на вашите потреби за делови

Како можат нашите услуги да ги задоволат вашите потреби?

  • Поблиску сме до вас

    Нашата беспрекорна дистрибутивна мрежа овозможува брз пристап до деловите на Daikin. Со стратешки лоцирани складишта, постојано сме на дофат. Здружени сме со најдобрите во индустријата за логистика, посветени на совршенство.

  • Нарачувањето резервни делови не било никогаш полесно

    Нарачувајте едноставно и во секое време и од секое место со платформата e-Parts на Daikin. Дали ви треба помош при изборот? Тимот на Daikin ви помага при изборот на вистинските делови

  • Оригинални делови на Daikin

    Создадено од Daikin, за Daikin. Оригиналните резервни делови на Daikin овозможуваат постојано совршенство и подолг работен век на единицата

  • Купувачите се на прво место

    Најважни ни се вашите потреби. Најголемиот број нарачки се испорачуваат уште истиот ден и може да ви бидат доставени веќе утредента

АКАДЕМИЈА НА DAIKIN

Во академијата на Daikin се фокусираме на обука на партнерите, дистрибутерите, инсталатерите и сервисните техничари кои сакаат да си ги подобрат перформансите, да бидат поефикасни и да понудат одлична услуга на терен.

Лого на академијата за сервисери на Daikin

Фокусирани на работата што треба да ја завршите

Нашата цел е да ви помогнеме да овозможите подобра услуга, а со тоа и да го зголемите својот бизнис. Нашата обука содржи од основна обука (психометрија, електрицитет, F-гасови, …) до сѐ она што ви е потребно за да си ја вршите работата. За да ви се олесни работата, пакетите за обука ги опфаќаат следните области:

  • Инсталација
  • Пуштање во употреба
  • Одржување
  • Решавање проблеми и поправка

Веруваме во идеална комбинација од солидно теоретско знаење и практична обука со модерни методи со употреба на дигитализација и обука со директен контакт со нашите најнови производи. Се фокусираме и на најдоброто искуство на нашите крајни корисници со опцијата Daikin Service преку интеграција на обуките за исполнување на потребите на купувачите.

Придобивки

  • Академијата за сервисери на Daikin е најдобриот и најефикасниот начин за обука на (вашите) сервисери според потребите на вашиот бизнис.
  • Нудиме индивидуални обуки со кои се земаат предвид постојните вештини и знаење и кои се стремат да ги обучат (вашите) сервисери да вршат одлично сервисирање.
  • Само академијата за сервисери на Daikin ви дава пристап до експертизата и искуството на нашите инструктори на лесен начин.

Овозможена на модерен начин што одговара на вашите потреби

Со нашиот модерен и ефективен пристап кон учењето, ги подобруваме перформансите на нашите учесници за да си ја вршат работата одлично. Вашето време е пари и ние го почитуваме тоа!

Ви посакуваме добредојде во нашите виртуелни училници за да добиете ефикасен и краткотраен пристап на теоретската материја. Нашите инструктори се тука да ви одговорат на сите ваши прашања без да треба да возите/летате до центарот за обука.

Но кога ќе дојдете во нашите центри, можеме да потрошиме повеќе време во директен контакт со машините и да вршиме праткични вежби.

Згора на тоа, им нудиме на нашите техничари и пристап до материјали за стекнување на основното знаење или за други специфични теми.

Значи... учење кога сакате, колку сакате, но со совршенството на академијата на Daikin!

Жена што учи во академијата за сервисери на Daikin

Дознајте повеќе