Skip to main content

Карактеристики на производот

  • Нов дизајн за надворешна единица
  • Неговата мала висина (620 mm) овозможува единицата да се смести совршено под прозор
  • Сезонската ефикасност се вреднува до A+++ при ладење и А++ при греење, благодарение на својата современа технологија и вградена интелигенција
  • Residential Controller на Daikin (дополнителна опција): контролирајте ја внатрешната единица од било кое место со помош на апликација, преку локална мрежа или интернет.
  • До 3 внатрешни единици можат да се поврзат на 1 надворешна единица; сите внатрешни единици се контролираат поединечно и не треба да се инсталираат во истата соба или истовремено. Работат истовремено во истиот режим за греење или за ладење.
  • Ако изберете производ со R-32, се намалува влијанието врз околината 68% во споредба со R-410A и доведува директно до пониска потрошувачка на енергија, благодарение на неговата голема енергетска ефикасност
  • Можат да се поврзат различен број на внатрешни единици: на пр. со високоѕидна монтажа, таванско куќиште, скриени тавански единици
  • Тивка работа: ниво на притисок на звукот до 23 dBA
  • Надворешните единици се опремени со swing-компресор, познат по ниското ниво на бучава и високата енергетска ефикасност
  • Гласовно управување преку Amazon Alexa или Google Assistant за управување со главните функции, како на пример, посакувана вредност, оперативен режим, брзина на вентилатор итн.

Предности

  • Апликација Onecta (дополнителна опција)

    Апликација Onecta (дополнителна опција)

    Управувајте со внатрешната атмосфера од секое место преку паметен телефон или таблет

  • Multi модел апликација

    Multi модел апликација

    До 5 внатрешни единици може да се поврзат со една надворешна единица, дури и ако имаат различни капацитети. Сите внатрешни единици можат поединечно да работат во истиот режим за греење или ладење.

  • Инвертор

    Инвертор

    Компресорите со инвертор постојано ја приспособуваат брзината за да ги задоволат моменталните потреби. Помалку вклучувања и исклучува овозможуваат намалување на потрошувачката на енергија (до 30 %) и постабилни температури.

  • Економичен режим

    Економичен режим

    Ја намалува потрошувачката на енергија за да може да се користат други уреди со поголема потрошувачка. Оваа функција заштедува енергија.

  • Ноќен режим

    Ноќен режим

    Заштедува енергија со тоа што спречува премногу ладење или греење при ноќен режим.

  • Само вентилатор

    Само вентилатор

    Единицата може да се користи како вентилатор за да дува воздух без греење или ладење.

  • Моќен режим

    Моќен режим

    Може да се избере за брзо ладење или греење; откако ќе се исклучи брзиот режим, единицата се враќа на претходно поставениот режим.

  • Автоматско менување меѓу ладење и греење

    Автоматско менување меѓу ладење и греење

    Автоматски избира режим за греење или ладење за да се постигне поставената температура.

  • Тивко работење на внатрешна единица

    Тивко работење на внатрешна единица

    Копчето „silent“ на далечинскиот управувач ја намалува бучавата при работа на внатрешната единица за 3 dB(A)

  • Тивка работа на надворешната единица

    Тивка работа на надворешната единица

    Копчето „silent“ на далечинскиот управувач ја намалува бучавата при работа на надворешната единица за 3 dB(A) создаде тивка околина за соседството.

  • Вертикално автоматско нишање

    Вертикално автоматско нишање

    Можност за избор на автоматско вертикално движење на воздушните издувни капаци за ефикасна распределба на воздух и температурата низ целата просторија.

  • Автоматска брзина на вентилатор

    Автоматска брзина на вентилатор

    Автоматски ја избира потребната брзина на вентилаторот за да ја достигне или одржува поставената температура.

  • Чекори на брзината на вентилаторот

    Чекори на брзината на вентилаторот

    Овозможува да се избере до дадениот број за брзина на вентилаторот.

  • Програма за сушење

    Програма за сушење

    Дозволува нивоата на влажност да се намалат без да се менува собната температура.

  • Дезодорирачки филтер од титаниум апатит

    Дезодорирачки филтер од титаниум апатит

    Уништува непријатни мириси, на пример, од тутун и домашни миленици

  • Неделен тајмер

    Неделен тајмер

    Може да се постави да го стартува греењето или ладењето во секое време секој ден или секоја недела.

  • 24-часовен тајмер

    24-часовен тајмер

    Може да се постави за да стартува со работа во секое време во период од 24 часа

  • Инфрацрвен далечински управувач

    Инфрацрвен далечински управувач

    Го стартува, стопира и регулира климатизерот далечински.

  • Централизирана контрола

    Централизирана контрола

    Стартува, стопира и регулира неколку климатизери од една централна точка.

  • Автоматско рестартирање

    Автоматско рестартирање

    Единицата се рестартира автоматски на оригиналните поставки откако ќе снема струја.

  • Самодијагноза

    Самодијагноза

    Го поедноставува одржувањето со назначување на системските грешки или работни аномалии.

Документација

Sorry, we could not find any documents.