Карактеристики на производот
- Загарантиран капацитет на греење при ниски амбиентални температури до -30°C
- Со компензација на временските услови, системот за греење реагира на надворешните температури и ја одржува внатрешната атмосфера со оптимална потрошувачка на енергија
- Дизајнирана да овозможи подобра удобност со еднаква распределба на температурата низ просторијата. Двојните капаци го насочуваат воздухот кон таванот при ладење и по ѕидот при греење.
- Ако е инсталирана единицата во близина на уред за греење (на пр., камин или рерна) и ако е достигната поставената температура, вентилаторот продолжува да работи, за да овозможи еднаква температура низ целата куќа
- Поставената температура може да се постигне за до 14 % побрзо во споредба со референтен систем на Daikin при определени услови на тестирање (само за спарени единици) врз основа на нашите тестирања во фабриката.
- Вредности на сезонска ефикасност до A+++ за ладење и греење
- Сензор за движење за 2 полиња: протокот на воздух се насочува во зона во која не се наоѓа лицето во моментот; ако не забележи луѓе, единицата ќе премине автоматски на поставките за енергетска ефикасност.
- Филтерот за прав е дизајниран да ги намали честичките прав и некои загадувачи во воздухот, со што овозможува подобар квалитет на воздухот во просторијата.
- Ја користи технологијата Flash Streamer на Daikin, дизајнирана да намали некои алергени и непријатни мириси, со што го подобрува квалитетот на воздухот во просторијата.
- Сребрениот филтер ги заробува алергените како полен и овозможува подобар квалитет на воздухот во просторијата.
- Гласовно управување преку Amazon Alexa или Google Assistant за управување со главните функции, како на пример, посакувана вредност, оперативен режим, брзина на вентилатор итн.
- Residential Controller на Daikin: контролирајте ја внатрешната единица од било кое место со помош на апликација, преку локална мрежа или интернет.
- Тивко работење: ниво на притисок на звукот до 19dBA
- 3-D протокот на воздух комбинира вертикално и хоризонтално автоматско нишање за да циркулира проток на топол или ладен воздух до сите делови на големите простории со правилна форма.
Предности
Документација
Преземи јазик
Преземи јазик
Преземи јазик
Преземи јазик
Преземи јазик
Преземи јазик