Карактеристики на производот
- Вредности на сезонска ефикасност до A+++ за ладење и греење
- До 4 внатрешни единици и 1 хидронична единица можат да се поврзат на 1 мултисистемска надворешна единица
- Heat boost го загрева домот при стартување на климатизерот. Поставената температура се достигнува 14% побрзо отколку кај обичен климатизер (само спарени единици)
- Поддржува повеќе типови грејни тела, како високоѕидни единици воздух-воздух, скриени тавански и касетни единици, како и подно греење или нискотемпературни радијатори и топла вода
- Flash Streamer со помош на електрони активира хемиски реакции со честичките што се пренесуваат преку воздух и ги уништува алергените, како на пример, полен и габи и ги отстранува непријатните мириси и овозможува подобар и почист воздух
- Сезонската ефикасност достигнува до A+++ за ладење воздух-воздух, до A++ за греење воздух-воздух, до A+++ (35°C) / A+ (55°C) за греење воздух-вода и до A+ за топла санитарна вода
- Сребрен филтер за отстранување алергени и прочистување на воздухот: заробува алергени како полен и честички прав.
- Residential Controller на Daikin: контролирајте ја внатрешната единица од било кое место со помош на апликација, преку локална мрежа или интернет.
- Надворешните единици се опремени со swing-компресор, познат по ниското ниво на бучава и високата енергетска ефикасност
- Гласовно управување преку Amazon Alexa или Google Assistant за управување со главните функции, како на пример, посакувана вредност, оперативен режим, брзина на вентилатор итн.
- Тивко работење: ниво на притисок на звукот до 19dBA
- 3-D протокот на воздух комбинира вертикално и хоризонтално автоматско нишање за да циркулира проток на топол или ладен воздух до сите делови на големите простории со правилна форма.
- Сензор за движење за 2 полиња: протокот на воздух се насочува во зона во која не се наоѓа лицето во моментот; ако не забележи луѓе, единицата ќе премине автоматски на поставките за енергетска ефикасност. (поголем опсег на капацитет)
Предности
Документација
Sorry, we could not find any documents.