
Daikin ќе ја прошири Daikin Altherma 3 нискотемпературната сплитска серија со лансирање на ЕCH2O интегрираните внатрешни единици кои седат на подот без притисок.
Подржена од Daikin напредната технологија на Bluevolution, Daikin Altherma 3 серијата комбинира компресори со голем ефикаситет со GWP R32 фреонот. Фреонот на иднината, R32 нуди поодржлива алтернатива со еднаква перформанса како HCFCs.
Достапен од оваа лето, новиот интегриран модел ECH2O им нуди на инсталатерите и на сопствениците поголеми избори и максимална употреба на обновливата енергија. Комбинирајќи ја високата перформанса и лесната инсталација, ECH2O има уникатни карактеристики, како што е принципот на свежа вода, послужува топла вода без ризик од загадување и седиментација.

Daikin Altherma 3 сплит серијата се прошири
Интергираната единица ECH2O им се придружува на производите Daikin Altherma 3. Користејќи ја R-32 Bluevolution технологијата, предниот дел е опремен со интуитивниот визуалитет на користувачот заедно со Daikin Eye.
Високата перформанса
Daikin Altherma се најпродаваните системи на термички пумпи во Европа, со повеќе од 500,000 реализирани системи до сега. Користејќи ја уникатната технологија на Bluevolution од Daikin, новата серија Daikin Altherma 3 со R32 им нуди на користувачите висок капацитет, со температура на вода од 65 ° C, правејќи ја совршена за новите изградени апликации кои користат подно греење, нудејќи ја потребната перформанса за аплицирање на радијаторите, без потреба од електрична енергија.

Интуитивниот визуалитет на користувачот
Лесен за употреба, Интуитивниот Daikin Eye осигура секојдневно визуелно ажурирање на системот во реално време. Сината боја значи дека системот работи на извонреден начин. Ако се случи некој проблем Окото ќе стане црвено.
ECH2O технологија – принципот на свежа вода
Поделбата на ладната вода од топлата вода во резервоарот, осигура чиста и свежа вода без ризик од загаденост и седиментација.
Максимализирање на употребата на обновливата енергија
Како термичка пумпа која е пријателски настроена кон околината, ECH2O нуди докажани решенија за иднината кога е во прашање сончевата енергија. Единицата е достапна како соларен систем со притисок поврзан со термичките панели и полнет со флуиди проводници на топлината комбиниран со антифриз, и системот без притисок кој ја циркулира водата со помош на дополнителна пумпа без потреба од антифриз. Една трета бивалентна опција дозволува енергијата од други ресурси како нафта, гас, или пелети, да се акумулира во соларниот систем и така ја намалува употребата на електричната енергијата. Системите се опремени со Smart Grid Ready функцијата која дозволува единицата да биде поврзана со соларниот фотонапонски панел.
Дизајниран за ефикаситет и вештина
Новата единица Daikin Altherma 3 ECH2O EHS(B)(H/X)-D произведува COP до 5.1 ефикаситет за стоплење на просторијата A+++ и A за топла вода. Системот е достапен во две големини, 300 литра и 500 литра и со капацитет за 4, 6 или 8 kW. Дизајниран за максимална фелксибилност и леснотии при инсталација, единица од 300 литри е со димензии 1891 x 595 x 615, единицата со 500 литри е со димензии 1896 x 790 x 790.
ECH2O е достапен од Август 2018. За повеќе информации посетете ја:
Daikin Airconditioning Централна Европа
Daikin Air conditioning Централна Европа е основана во 1999 година со седиште во Brunn am Gebirge, Австрија. Портфолиото на производи се состои од производи и решенија за греење, ладење, вентилација, климатизација и замзрување. Околу 230 вработени се одговорни за продажбата и услужните дејности во 15 земји од Централна и Источна Европа (Австрија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија, Бугарија, Молдавија, Словенија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија).
За Daikin Европа N.V.
Daikin Europe N.V. е целосна подружница на Daikin Industries Limited и голем европски производител на климатизери, системи за греење и опрема за ладење, со околу 6946 вработени низ цела Европа и големи производствени капацитети со седишта во Белгија, Чешка, Германија, Италија, Турција и Велика Британија.
На глобално ниво, Daikin е познат по својот пионерски пристап кон развојот на производите и не заменливиот квалитет и флексибилност на своите интегрирани решенија. Со повеќе од 90 години искуство во дизајнирањето и производството на технологии за греење и ладење, Daikin е лидер на пазарот во технологијата за топлинска пумпа.
Прес контакт:
Marijke Slijkhuis
Marketing & Communication, Daikin Airconditioning Central Europe HandelsgmbH
Tel.: 43 (0)2236 32557-175
Mail: slijkhuis.m@daikin.at
Campus 21, Europaring F12/402, 2345 Brunn am Gebirge, Austria
-
Daikin-CE_extensionAltherma3DOCX | 469.72KB
-
Daikin-CE_extensionAltherma3JPG | 1.89MB
-
Daikin-CE_extensionAltherma3.1JPG | 307.69KB