Skip to main content

Што е разликата помеѓу осетна и латентна топлина?

Две форми на топлина се важни во климатизацијата:

  • осетна топлина
  • латентна топлина

Осетна топлина

Кога еден предмет се загрева, неговата температура се зголемува како што му се додава топлина. Зголемувањето на топлината се наарекува осетна топлина. Слично на тоа, кога топлината се отстранува од предметот и кога неговата температура опаѓа и отстранетата топлина се вика осетна топлина. Топлината што предизвикува промена на температурата на предметот се вика осетна топлина.

Латентна топлина

Сите чисти супстанци во природата имаат способност да ја менуваат својата состојба. Цврстите супстанци може да станат течни (мраз во вода) а течностите може да станат гас (вода во пареа), но таквите промени имаат потреба од додавање или одземање топлина. Топлината што ги предизвикува ваквите промени се нарекува латентна топлина.

Но латентната топлина не влијае врз температурата на супстанцата - на пример, водата останува на 100°C кога врие. Топлината што се додава за да може водата да продолжи да врие е латентна топлина. Топлината што предизвикува промена на состојбата без промена на температурата се вика латентна топлина.

Забележувањето на оваа разлика е од основно значење да се разбере зошто разладното средство се користи во системите за ладење. Исто така, објаснува зошто термините 'вкупен капацитет' (осетна и латентна топлина) и 'осетен капацитет' се користат за да се дефинира капацитетот на ладење на единицата. При циклусот на ладење, се формира кондензација во единицата поради отстранување на латентната топлина од воздухот. Осетниот капаците е капацитетот што е потребен за да се намали температурата, а латентниот капацитет е капацитетот што е потребен за да се отстрани влагата од воздухот.